8 јануари, 2009 - 13:58
[веб кирилица]

Илинденски Жур 02.08.1903 г.

од Букаро на 31 јан 2005 - 07:04
I. Дента 02.08.1903 г. - Крушево.

Беше навидум вообичаен топол августовски ден.
Сонцето полека заоѓаше зад околните ритчиња.
Неколку клинци трчкаа по ливадата собирајќи глуварчиња.
Веќе беше 2 часот по пладне, и трговците и занаетчиите се упатуваа на ручек кон своите домови.
Сосема најнакрај, во една приградска месност, на една широкопространа мега-полјана две млади момчиња облечени во тренерки во пастелни бои и бели патики со штотуку навршени 20тина год. се врткаа околу тамошните паркирани камиони.


Едниот од нив се беше качил на еден од камионите и со несмасни обиди се обидуваше да ја оттргне церадата.
Другиот кој остана долу нервозно пушеше цигара и чекаше конечно да ја оттргне. Во заканувачка близина спроти една топола, целата ситуација будно ја набљудуваше постар дебелкав полицаец. Момчето кое сеуште чекаше другар му да ја оттргне проклетата церада со паничен тон му се обрати велејќи:
- Ајде бе копиљ, го глеаш џандарон? Сакаш стварно да наебеме?
И патем сомничаво ја подврти главичката за да подѕирне што прави полицаецот во моментов.
Конечно, момчето кое беше качено на каминот ја тргна церадата по што набрзина започна да поддава од пакетите. Полицаецот правејќи широки чекори опасно се приближи и внимателно го разгледа камионот. Подолг поглед задржа кон бројките и буквите на рег. табличка.
Природно колку што можеше со попријателски тон праша:
- Шо правите бе момци?
Момчињата обајцата збунето се погледнаа сакајќи еден на друг да си дадат знак кој прв да прозбори. Момчето кое беше качено на каминот одговори:
- Растовараме г-дине.
- Шо растоварате? - праша повторно полицаецот грубо без нималку да почека.
- Колонијална стока... - инстиктивно се вклучи и момчето кое беше долу, сега веќе осетно пребледено.
- Каква стока рече? - се направи полицаецот дека не дослушна.
- Сапуни, хемиски препарати и детергенти. - рутинирано одговори истото момче.
- Ааааа... изреагира полицаецот, и погледна во часовникот на десната рака по што заповеднички додаде - Добро, терајте работа!

Полицаецот набрзо исчезна. Момчиња олеснувачки се издишаа. Кога веќе ги имаа растоварено најголемиот дел од пакетите пристигна еден автомобил. Од него излегоа нивните татковци, Ди-Џеј Коле Карев - Табла и другар му Питу Хроников. Половина час потоа, на полјаната активно се вршеа подготовки од стр. на десетина луѓе.

- Ќе праиме забава бе смрадови? - запраша и Ди-Џеј Боро Сарафов кој имаше свежо пристигнато.
- Е не ќе се заебааме. - одговори едно друго детиште во рано-пубертетска возраст.
- Дој бе мали - го довикнуваше Коле Карев Табла истото детиште.
- Како се викаш? - го праша Табла.
- Тони.
- Кој Тони.
- Прашај ја мајка ти кој Тони ебате сељакот... - одговори дрско малиот.
- Хаха, слушај сеа.. ќе ти даам ја нешо..
- Шо? - прекина малиот.
- Чек де чек. Ќе ти даам едни флаери да ги испорасфрлаш низ цел град океј?
- А ја шо ќе добијам за тоа?
- Ганџа.
- Ганџа иам колку шо сакаш.
- Океј ќе ти даам дрога каква сакаш... само ти иди завршија за 5 минути работата. После готоо, слободен си.
Малиот Тони зеде примерок од флаерите и почна на глас да чита:

МАНИФЕСТ

Сите ве покануваме да дојдете на најголемата журка шо некоаш се случила у историјата на нашиов град.
Сите сте поканети... сите љубители на: ел. музика, џанаци, алкоси, технаџии, трансери, турбофолкери, поп музичари, рокери, металци и сиот младалачки џган у цел град обавезно да дое и да се нацрта на полјаната, ветуеме дека ќе биде крш!

Плус иаме намера да дигаме и техно-револуција да ги избркаме сите чкарт промотери у град заедно со органите на редот.

Народе доете сите, немојте да се плашите од нас и од нашиот жур... нема никому да му напраиме зорт.
Напротив доете да слушаме квалитетна ел. музика и да.. свиткаме по еден кец барем... и да голтнеме некоја табла, слободно ко луѓе!


П.С. ТАБЛИ ЌЕ СЕ КРКА ДО СМРТ!!! - ПРОМОТЕРСКА КУЌА ТМОРО

гл. Ди-Џеј Коле Карев - Табла

Резидент Ди-Џеи:
1. Х. Узун - (техно)
2.Jордан Траварка - (хаус и по нарачка)
3.Боро Сарафов - (строго транс)

На крајот со БОЛДирани Ариел букви пишуваше - “Да живеат борците за клаберски права и слободи како и за вистинска техно музика“!
Малиот Тони веднаш ги запали патичињата.

Одлуката за кревање на техно-востанието беше донесена уште на Смилевскиот Афтер-Парти конгрес одржан неколку месеци претходно. На Афтер-Парти конгресот воглавно имаше поделeни мислења помеѓу нарко-делегатите за прашањето - Дали токму сега е вистинскиот момент за кревање на техно-востание!?
Постоеја два спротиставени табора од кои едните беа “ЗА“ (текно-социјалисти) и другите “ПРОТИВ“ (драм-енд-бејз-врховисти).
Аргументите на оние кои беа “ЗА“ беа тоа дека клаберите веќе неможат да го издржат “малтретињето и репресалиите на НТШ“ пред секоја позначајна и поголема журка во градот. Локалните власти исто така беа на мета заради воведувањето на “полицискиот час“ кој го спречуваше 24 часовното слободно забавување на клупската популација.
Додека пак, оние кои беа “ПРОТИВ“ поседуваа аргументи кои гласеа вака - Не поседуваме доволно квалитетна техничка опрема и озвучување и неаме доволно асална роба.
Единствено двата табора беа согласни дека најголема кривица за нивниот лошо организиран забавно-клупски живот во градот покрај споменатите “фактори“ се и голем број промотери и неквалитетни Ди-Џеи.
Разговорите со часови се одвиваа во една мошне мрачна и затегната атмосфера се додека излагањето на т.н. снадбувач на дроги (дилер) воедно и страствен љубител на ел. музика Даме Г. - Ганџо, (инаку прв другар на Гоце Спиделчев еден од идејните промотери на ТМОРО кој беше пронајден мртов и предозиран на пролетниот фестивал Баница-Ексит 903та) го реши спорот со зборовите:
- Шо се занесуете бе? Нашите браќа Бугари ветија дека доколку дигнеме востание дека лично они, ќе донесат три шлепери трава, и пет жути-комбиња ексои. Ќе има за сите! Се појавија широки насмевки на лицата на нарко-делегатите но дилерот Даме Г. - Ганџо, тропна на маса и ја кажа историската реченица:
“Боље (подобро) е џаначки крај отколку стрејтерски ужас без крај. “
Така, одлуката беше донесена.
И само неколку часови откако малиот Тони Впантолони ги растури флаерите со наслов МАНИФЕСТ, низ уличките во Крушево се насобраа толпи млади луѓе. Дел од нив читаа и препрочитуваа и неможејќи да поверуваат, други скокаа од радост и мавтаа со флаерите, но сите заедно беа цврсто решени да се упатат накај приградската полјана. Таму пак...


Револуционерното гесло на првата техно-Република на Балканот стоеше на свежо офарбана табла со букви во најразлични бои, закачена на една врба:

“Животот е убав, дрогата е прекрасна, комунизмот е совршен.“

Полјаната се наполна “фул“, луѓе и понатаму доаѓаа слевајќи се од Крушевските сокаци.
Органи на редот, т.е. полицајци никаде немаше. Немаше претреси, никаква контрола. Полицајците, Уќуматот, неколку чорбаџии на клубови во градот беа “фатени на клоци“ и далеку протерани од востаниците-клабери.

Забавата траеше непрекинато во полн ек цели 10 дена.
Животот во тие денови и навистина беше убав во вистинска смисла на зборот.
Капиталистичкиот поредок беше сопрен.
Немаше експлатација и искористување на трудот.
Не постоеше работа, ни зајадливи шефови, ни тирански институции како школото ни саркастични наставниции учители, и никој поготово со “здрав памет“ од клаберите не ги слушаше неподносливо депресивните родители.
Дрогата која ја имаше во огромни количини, овозможуваше долготраен бег од реалноста, општа заебанција и уживање строго на хедонистичка база. Пропратно голема улога имаше музиката. Концептот “комунизам“ беше спроведен во делењето психотропни супстанци на клаберите.
Сите добиваа еднаква ДОЗА и не постоеше буквално ниту еден кој сакаше да апстинира од учеството во првата Балканска техно-Република (сега ако не ги земеме во предвид три-четири сељаци од на нива дојдени).
Техно + Дрога = Жур. Се БЕСПЛАТНО и НЕОГРАНИЧЕНО - остварен беше сонот на секој просечен џанкер.

Организацијата беше скоро беспрекорна.
Предадени еден на друг ослободени од национални и верски предрасуди, во политичка кохезија, без класно-социјалните разлики, ослободени од пуританистичките стеги и лични комплекси, скокаа и танцуваа на ритмите и тактовите на маѓепсувачката музика.
На сите балкони и прозорци во градот беа развиорени знамиња со црвено-алова позадина и со жолтеникаво бронзени букви - Грам или Срам за Македонија! (парафраза на “Подобро Грам отколку Срам“ на Хакслиевиот “Прекрасен Нов Свет“).

Постоеја шатори на крајот од градот во кој папсаните и изморени журкаџии преспиваа и одмараа. Одморени и наспани, повторно се враќаа на журот.

Од голем значај за тој 10 дневен жур беше и промискуитетот кој беше сосема природна и нормална појава. (за разлика од “нормалните“ времиња)
Илјадници заљубени парови на момчиња и девојки, момчиња и момчиња, девојки и девојки, и многу момчиња и многу девојки заедно, бесрамно се искрадуваа во длабочините на шумата и диво водеа љубов, највеќе благодарение на исконската снага здобиена од афродизијачките елементи на дрогите.
Друга музика и не постоеше. Беше замрена турбо-фолк вревата и поп-рок прогандата.
На полјаната беа поставени 4 диџејски стејџа и секој клабер можеше да го слуша својот омилен правец на елетронска музика.
Близу беа и цистерните со минерална вода, џус и пиво, кои стоеја секогаш полни на располагање.

II. 10 дена по 02.08.1903 г. - Крушево.

После 10 дена луда, незаборавна откачена забава, група џанкери ентузијастички создадоа џиновски џоинт долг цели 2 метри кој симболично беше наречен “Црешово топче“.
Еден неодговорен и забеган наркоман алчно вовлече од “топчето“ и прати поглед кон коријата, кога на повидок веднаш му се појави аскерот. Неговата реакција беше - Вау чоече види 150 000 аскер. Веднаш се затрча кон шаторот на востаничкиот нарко-Штаб.

- Слушајте еј. Миљон аскер доаѓа наваму!

Отпрвин и никој не му веруваше, се додека лично Ди-Џеј Коле Карев - Табла не отиде да моча во шумата. Таман го извади патлакот...
Се врати забревтан и видно возбуден, го исклучи генераторот кој продуцираше струја.
Музиката наеднаш запре. Клаберите беа збунети.
Го зеде микрофонот в раце и обраќајќи им на сите рече:

- Пеери слушајте!!! Муријааа!!! Аскерот на НТШ-силите предводени од началникот Бахтијар-паша заедно башибозук-дизелашите се упатува кон Крушево. Мене тоа не ми се свиѓа. Ја викам заедно сите со нашиот Штаб заедно да го напуштиме градот и да бегаме накај Софија!

Клаберите почнаа да се бунат и негодуваат.
Се слушаа најразлични извици на еуфорија и дофрлувања. Претежно се дофрлаше:

- Кај ти се бе Табла сеа Бугарите они да не спасат...
Коле Карев - Табла се обидуваше да се извади велејќи:
- Шо кур да се тепаат коа ги одјебавме за роба!.

И така неколку минути се водеше права војна на дијалози, кога во диџеј кабината се качи разбеснетиот Питу Хроников.
Тој насилнички му го одзеде микрофонот на Табла и на цел глас продра:

- Кај идете бе џанаци, да ве ебам сите у гз.

Навалија со барања да се врати Табла, но Питу продолжуваше да убедува:
- Е шо... не ви се допадна како се журкавте овие дена?
Од публиката се слушаа дофрлања во хор - кршшш сфе беше кршшш!
Итро се вмеша и Табла велејќи - Ние пер идеме у Софија на журка со Карл Кокс.
- Кој ве ебе ја не идам - брзопотезно изреагира Питу Х. па земајќи дополнителен воздух додаде - Ја заедно со други 18 души ќе идеме горе у шумата.. на Мечкин камен, ќе си зиаме некоја гајба пиво литар и пол у пластични и...
- Ќе дигате раце на Саша Матич - со потсмев праша Табла додека од публиката се слушнаа скандирања:
- Уаа сељаци. Сељачаана!
- Ние идеме ќе се напраиме лом а за вас ме боли кур, кршете глаа. - налутено заврши Питу Хроников и се симна од кабината. Неговата чета алкоси верно го чекаше кога тој им се обрати со зборовите - Епа верујте ќе се забавуеме до зори! Стиснете браќа зуби они ко ќе дојдат сите ќе ги ебеме!

Потоа нели, сите знаеме како ја задушија првата техно-Република на Балканот. Текно-социјалистите предводени од драм-енд-бејз-врховистите на Ди-Џеј Боро Сарафов заминаа на журка во Софија. Питу Хроников со “лепо“ друштво откако “испија се што можеше да се испие“ налокани исполегнаа на тревата. Кога се разбудија загинаа во невиден ќотек со НТШ службите. Кружеа и други верзии дека НТШ-силите биле пратени од промотерите во Цариград од везирот во МВР и Султанот на Владата. За жал, многу малку од сето тоа се докажа. Дали и кога ќе ги дознаеме фактите и вистините за тоа што навистина случи на Илинденскиот Жур 02.08.1903 г. и натаму останува под голем знак прашалник.


III. Точно 100 години по 02.08.1903 г. - на Мечкин Камен во Крушево.

Празнична атмосфера. Толпа од преку 20 000 посетители е на Мечкин Камен. Сега веќе е и изграден и споменик во спомен на борците-клабери од Илинденскиот Жур.
Поставена е 2 и пол метарска фигура на Питу Хроников кој во десната рака држи џоинт. На споменикот со МАЦ-Ц-ТИМЕС букви стои натписот - Грам или Срам за Македонија!
Сто години после “крвавиот“ бој дрогата е легализирана и битката на џанкерите е веќе одамна добиена.
Од црн и блиндиран Мерцедес излегува еден костимосан господин. Покрај него нема телохранители, сем неговата црвенокоса секретарка. Скоро најголемиот дел од толпата е “хај“ и поради тоа се преземени сосема мали мерки на безбедност.

Господинот се појавува на поставената бина и мавтајќи со десната рака ја поздравува толпата. Гестот предизвикува громогласна смеа.
Господинот се завртува и топло на секретарката и вели:
“За жал малкумина од учесниците во Илинденскиот Жур останаа живи... а и тие кои останаа... сместени во центрите за рехабилитација во Кисела Вода и Демир Хисар...

Масите сеуште блеат и се смеат. Господинот во сив костум го започнува својот историски говор.

Денес.... Стоиме... Посматраме.... Сториле... Слобода... Борба... Право... Еднаквост... Нерамен Илиденски бој... Љубов, Желба, Поттик... Жртви... Гордост... Јасна визија... Чувство... Идеја Носител... Еволутивниот пат на Дрогата... Високо Развиена Свест... Светилник... Пат кон Иднината.... Идни генерации.

10x to Anastas87 & web-inovations

www.crticka.tk

Опции за гледање на коментари


Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од Delerium на 31 јануари, 2005 - 12:58

Ама баш ме мрзи да го читам у моменат..

сликата на Psychonaut
Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од Psychonaut на 31 јануари, 2005 - 13:17

Kako sto moite roditeli mi kazuvale na mene, cesto si pomisluvam deka eden den moite deca ke im kazuvaat na moite vnuci - dedo vi bese politicki zatvorenik. A dali ti go nacukale srpski dzandari ili makedonski enteshejci - ne pravi razlika.

сликата на ogie
Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од ogie на 31 јануари, 2005 - 14:17

Ме развесели текстов, иако сленгот делува вештачки и пренасилен на (пуно) моменти.

Револуционерното гесло на првата техно-Република на Балканот стоеше на свежо офарбана табла со букви во најразлични бои, закачена на една врба:

“Животот е убав, дрогата е прекрасна, комунизмот е совршен.“

Priceless! [се гази од смеење]
... сигурно била многу добра таблата [се смее]))

Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од Obi на 31 јануари, 2005 - 22:02

Претенциозен е текстов, at best...
Не гледам како си можел да најдеш хумор во несреќата на Крушевската република и да повлечеш паралели помеѓу тие луѓе и џанаци.
Да не испаднам сеа ко Архиепископон шо се буни за рекламите со Дракула и Дарт Мол ама сторијава ми е без везе.
Претходните ти беа далеку подобри.

сликата на JohnFoe
Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од JohnFoe на 1 февруари, 2005 - 01:46

Поинтлес или лар пур лар? [се смее]
Невермајнд, се согласувам со тоа дека текстов е претенциозен, слаб и изнасилен. Можеби се охрабри од оној претходниот каде што мешаше времиња и настани (успешно). Со еден збор - тапа. Башка и Питу требало да го крстиш Хроникли,а не Хроников. [се смее]

Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од GT на 1 февруари, 2005 - 06:42

Mene ova mi lici inspiracija od nekoi drugi lugje koi humor na temava cepea na nekolku makedonski zbirni mesta na internetot--samo ova e od pogresen coek, bez inventivnsot, so nesmasen humor, bez sarm--baska i rajna bureva e zaboraena, a bez nea storija ne ide. ;-(

Loso

сликата на dimitar27
Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од dimitar27 на 1 февруари, 2005 - 08:49

АЈ АЈ сега сите паметни.ОДЛИЧЕН Е МАЛИОВ у задње време.
На почеток стварно го тупеше ама сега порасна.А муабети од инает...познати сме по тоа...и ако земе сега некој да разглаба како е срамота делото на револуционерите да се споредува со техно-џанациве од денешнинава...немам кометар...блазе си му на умот.
У секој случај GO BUKARO GO ! ! !

сликата на искра
Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од искра на 1 февруари, 2005 - 20:30

Твојата crtickа ја има во линковите:

http://burekeaters.splinder.com/

Илинденски Жур 02.08.1903 г. - од NUNT_ на 3 февруари, 2005 - 15:13

abe da ne se predozirase MC goce spidelcev zurot moze ke se slucese podocna ama ke bese mnogu pojak a ke traese i mnogu poveke,ustvari i nie sea ke se zurkavme uste a i koj znae nasite stari kakvi ke bea sea:D