од Алек на 28 јан 2005 - 09:51
Не дека не ја конзумирам секојдневно, туку процентуално од многуте понудени на не-баш-слободниот пазар во македонскиот свет примам мала дневна доза, саат време е дејството и доволно ми е. Што да правам, друштвото ме наведе да ги земем тие количества, мада познавам особи кои се уфурани и истренирани – длабоко.
Со други зборови, ретко ја гледам те-ве-програмата.
Ама добро разбрав дека оној Виктор со портокаловиот шал станал претседател во Украина. Го памтам во 2001 година, тогаш личен поличен, ја снабди македонската војска со нивно оружје. Тој застана против сиот демократски западен свет и го прекрши ембаргото. Сега истио тој демократски свет го донесе на власт; западот ги потплати сите тн невладини организации каде воглавно членуваат млади луѓе и интелектуалци. Нормално, ако свеста и совеста на едно општество се подјаремени можеш народот да го моташ, виткаш и пак за херој ќе те сметаат. Медиумите (така ја викаат денес агит-проп машинеријата) целата ујдурма ја нарекоа портокалова револуција, мада никој не тврди дека ќе настанат вистински промени кон подобрување на животите на Украинците.
Во земјата на Касандра, Венецуела, се случува вистинска револуција, овојпат Боливарска. За ова нема да видите информации, бидејќи истите може да го зголемат крвниот притисок и да предизвикаат здравствени проблеми кај многу ново и старо компонирани богаташи. А тоа е страшно. .... На кратко, Хуго Чавез, кој по неколку неуспешни САД-истички воени удари народот го врати на власт, кој по легалниот референдум организиран по желба на Картер and co. пак ја доби подршката од народот, решил да и се спротивстави на американската слободарска политика и да го описмени населението, да воведе основни здравствени стандарди, и да одлучи на кого ќе му ја продава венецуелската нафта. Чавез не само што успеал да промени многу во Венезуела, туку сега им предложил на околните латино-американски држави засилена економска соработка. Без да ја праша „земјата на слободните“. Блесав човек, ќе речат нашите политичари. Да речеме претседателот наш (имаше нешто портокалово или црвено и кај него, али забравив како се викаше) вака ќе каже: Ние еве си ја слушаме Америка и ЕУ и ги пробиваме реформите и градиме евро-атлантско демократско општество. Ние така, фабриките што работеле некогаш со сила ги пропаѓаме и ги продаваме на извесно неизвесни странско-доместифицирани фини луѓе. На работниците им велиме да не се понашаат како загрозени мечки и да си се снаоѓаат. Не е владата должна да се грижи за работниците, таа треба само да створи фер бизнис клима. Е фино му е нему со еркондишн, ама ќе му цркне едеен ден... а во Венецуела со декрет 3438 некоја фабрика за хартија во Венепал, која оставрувала 40% од вкупното производство на хартија и картон во Венецуела и една од најголемите во Латинска Америка, е национализирана, поточно експропреирана и дадена на управа на вработените. Многу просто, ако не функционира дај ја на оние кои сакаат да функционира.
Арно ама тука влегува Колумбија. Таму Америте имаат испратено војска демек ќе се бори против нарко-мафијата. Ако сте чуле за ФАРК знаете дека тие едно време држеа под контрола голема територија, а знаете и дека во Колумбија има некој вид граѓанска војна на една страна се партизаните и селаните на ФАРК, а на другата пара-милитарните сили на богаташите. Чик погоди кои се терористи според САД? Треба ли да кажам дека „некои одметнати“ генерали од САД ги обучуваат десничарските паравоени формации без „согласност“ на Буш. Пред околу месец дена во сред Караказ влегле некои колумбиски специјалци и киднапирале некој командант на ФАРК (по кого нема потерница). Башка што такви слични терористички групи роварат по пограничните региони на Венецуела (убиваат селани, убиваат синдикалисти и припадници на боливарското движење...) сега му прекипело на Чавез и најавил прекин на односите со Колумбија. Одма се јавува САД и госпожа Рајс со прекор дека Венецуела е легло на терористи, а не Колумбија и дека иако е Чавез демократски избран претседател, Венецуела не ги почитувала правилата на Democracy Chapter и затоа тие ќе морале да се погрижат сите да ги почитуваат. Ама, пошто, САД маваат во Ирак, ќе ги пуштат кучињата од Колумбија и ОАС.
Да не го прочитавте овој краток текст, каде ќе го потрошевте времето?
Последни коментари