8 јануари, 2009 - 18:16
[веб кирилица]

И хакерите против тероризмот

од Новица на 8 окт 2001 - 21:02
Хакерската група YIHAT (Young Intelligent Hackers Against Terror), основана на 15 септември како реакција на терористичите напади над САД, му обајвува војна на тероризмот. YIHAT пред неколку дена тврдеше дека ги открил финансиските сметки на Осама Бин Ладен.

Вчера групата, во истовреме со започнувањето на нападите на САД и Британија врз Авганистан, ја промовираше и својата веб-страна.

Kim Schmitz е човекот кој стои зад целиот проект. Тој е поранешен хакер, кој има лежено во затвор пошто си играл со Пентагон и НАСА, сега мултимилијардер. Целта на YIHAT е да е да ги уништи изворите на пари на терористите.

Веб-стрната на YIHAT ќе служи како регрутен центар за хакери кои би се вклучиле во оваа работа. Сега за сега YIHAT брои 31 хакер од различни земји.

Стрaната е WWW.KILL.NET (инаку јас неколку пати се обидов, ама странаве не се отвара?!?!). Објаснувањето зошто сајтот има токму вакво име е следново: „Овој домејн лесно се памети. Можноста да биде погрeшно спелуван е многу мала“.
Администратори се самиот Kim Schmitz под надимак Kimble - тој е задоржен за Европа, и некој момак под надимак Razorblade - овој за Америка.