8 јануари, 2009 - 15:51
[веб кирилица]

Програмери - човекојадци

од Archemon на 20 јан 2005 - 09:48
Петорица човекојадци, многу јаки програмери, се вработиле во некоја банка.

За време на поздравниот говор, директорот на банката им рекол: - Можете сега да почнете со работа, добро ќе заработувате, и ќе јадете во мензата. Оставете ги вашите колеги на раат!

Се враќа директорот после четири недели и им вели: - Добро работите, но ни фали една чистачка, да не знаете што се случило со неа?

Сите мавтаат со главата како да немаат појма, дури и свечено изјавуваат дека не се тие виновни.

Директорот повторно прашува, и предводникот на човекојадците им се обраќа на останатите: - Кој идиот ја изеде чистачката?

Се јави еден и сосема тивко изусти: - Јас.

Предводникот на човекојадците се вцрвенува од бес и почнува да се дере: - Кретену глуп, веќе четири недели јадеме тим-лидери, консултанти и проект-менаџери без никој ништо да примети, а ти сега мораше да ја изедеш чистачката!!!

Опции за гледање на коментари


Програмери - човекојадци - од Diddy на 20 јануари, 2005 - 16:11

Амерички виц кај нас вода не држи. Требало малце да го адаптираш со премиери, лидери на партии, портпароли, ВМРО, СДС(М), ДУИ и сл.

Програмери - човекојадци - од Cabal на 20 јануари, 2005 - 19:45

HAHAHAHAHHA... se zgaziv od smeenje [се смее] Kako Consultant (soon to be "Senior"), svecheno izjavuvam deka SE E ISTINA - osven za konsultantite.. samo nie rabotime, a project managers i team leaders si gi cheshaat jajcata..
bravo archemon

сликата на pancec
Програмери - човекојадци - од pancec на 20 јануари, 2005 - 19:49

Тенко.

сликата на anastas87
Програмери - човекојадци - од anastas87 на 20 јануари, 2005 - 22:47

Не е смешно. А и поентата му се губи.

Програмери - човекојадци - од TanYa на 21 јануари, 2005 - 01:21

поентата се лови, ама не е за секој!
Штета...

Програмери - човекојадци - од Alchemist на 21 јануари, 2005 - 00:03

A u C li programirale?

сликата на StormAngel
Програмери - човекојадци - од StormAngel на 21 јануари, 2005 - 00:51

Повеќе програмерство има во вицот со човекојадците кога тераат луѓе да бутаат купус у дупе него ова.
Како и да,за трудот,океј е.
Само што темата не е точна.

П.С-Кернел Канибалс Тим

сликата на GoodBytes
Програмери - човекојадци - од GoodBytes на 21 јануари, 2005 - 03:28

Хммм... Во мојата фирма, од сите луѓе, најмногу се чувствува отсуството на чистачката. [се смее]

Програмери - човекојадци - од urban на 22 јануари, 2005 - 22:54

Па пројди еднаш четката после серење ебате директорот