Македонските Медиуми во борба против криминалот
од Mashko на 19 јан 2005 - 01:09
Тед Тарнер газдата на CNN во една прилика рече: Ако немаме вест за да ја објавиме, ке ја направиме (читај измислиме).
Ова нема врска со нашиве медиуми (барем сега не сакам да пишувам за тоа), но има врска со „бркањето вести„ за да медиумот биде што почитан и што погледан. Е сега, нашиве медиуми некогаш одат толку без обзир во објавувањето вести, без да размислуваат за последиците од тоа.
.Конкретно, последиот случај со несреќната смрт на младата девојка на плоштадот во Скопје за Нова Година. Медиумите почнаа со сета сила да објавуваат разни вести ( не навлегувам во нивната автентичност и сл) во врска со тоа како девојката била примена во Клинички центар, те како била третирана, па како се однесувале докторите...Ок, тоа е секако важно (сите знаеме како златољубните доктори се понашаат ко ке им се појавиме на врата за не дај боже), но на ниту еден од нив не му текна да се позанимава со исто толку главната причина за нејзината смрт...КОЈ ТХЕ ФАК ГО ИСПУКА КУРШУМОТ.
Туку од друга страна боље и што не пишуваа ништо оти што ли не ќе се изначитавме.Јас не сум новинар, но изгледа овие нашиве не чуле за т.н. истражувачко новинарство. Друга пак е приказната што се изнаслушавме приказни те било пукано од 3 километри, те од 300 до 600 метри, наместо такви информации да се чуваат во тајност оти дотогаш сите во радиус од „не знам колку км„ ке ги претворат своите калаши, пиштоли, пуцаљки... во течна состојба. Ова е само еден од примерите кога со безобзирно објавување на информации или полуинформации се отежнува решавањето на одреден случај. А бе на крајот на краиштата, на виновниците како намерно да им се тура у глава идеата да ги уништат доказите. Слобода на Информирањето (но јас би додал СО УСУЛ).
|
Последни коментари