8 јануари, 2009 - 13:23
[веб кирилица]

Животните се мои пријатели,јас не ги јадам пријателите

од ParkEtuS на 9 јан 2005 - 02:46
Без оглед на време и место, луѓето насекаде уживаат во универзалниот човечки ритуал на јадење и ги планираат оброците според тоа дали се вкусни, хранливи, економични и лесни за спремање.

Од мојата мудрост и проучување, која не е под влиание на времето, дознавам дека ние сме она што го јадеме.

Оваа мудрост влијаела и на многу мислители на денешницата и минатото како што се: Леонардо Да Винчи, Махатма Ганди, Питагора, Сократ, Плутарх, Рихард Вагнер, Шели, Џ.Г. Бајрон, Алберт Швајцер, Бенџамин Франклин... како и Платон, кралот Ашока, Акбар, Сер Исак Њутн, Волтер, Жан Жак Русо, Ламартин, Ралф Валдо Емерсон, Лав Толстој, Џорџ Бернард Шо, Рабиндранат Тагоре, Алберт Ајнштајн, Никола Тесла... многу славни музичари се исто така вегетаријанци: Мајкл Џексон, Пол и Линда Макартни, Џорџ Харисон, Дејвид Кесиди, Алис Колтреин, Ени Ленокс, Стиви Вондер, глумицата Брук Шилдс, како и големи спортисти: Едвин Мозес (светски рекордер во трчање на 400 метри со пречки), Роберт ди Костела (олимписки шампион во маратон) и многу други.

Се надевам дека во овој текст ќе најдете доволно информации за вегетаријанството и поттик за размислување да го примените и во сопствениот живот.

Многу одамна кога ќе видев на телевизија или во некое списание теми од стилот Грин Пис правел ова Грин Пис правел она, или околу вегетаријанството: ова јади ова нејади, први мисли што ми идеја послем тоа беа: -А бе ај у пичку матер кои се овие да ми попуват и кои се тие што сакаат да се делат од нормалното општество, и одма послем тоа заборавав на тоа што сум го прочитал и видел и не обрнував никакво поозбилно внимание.

Како што растев така растеше и мојата свест во мене...

Едно летно и убаво сончево утро галамата на моите комшии ме пробуди од длабокиот сон. Се протегнав еднаш и погледнав низ прозорецот за да видам што се случува. Не беше ништо сериозно обична расправија помеѓу Ристо (малски пијаница) и неговата жена. Пробав пак да заспијам но веќе сонот беше скршен. Станав, се измочав, се измив раце, и лице и отидов до кујната за да си турам едно жестоко млеко. Додека го правев тоа ми текна дека денес ми е роденден и излегов во дворот за да го испијам на раат, под дебелата сенка на оревот и свежиот воздух кој доајѓаше од Пелистер. Така уживајки си во млекцето во еден момент некои звуци ми пробрмчеа низ уши. Си велам Хммм да е Ристо? Не е Ристо да сонвам несонвам буден сум... Станав и го пратев звукот кој беше отприлика: Бхее е е, беее.... бехехехе... Звукот ме одведе до старата шупа, се приближив до вратата и полека ја подотворив, ѕирнав внатре но беше темно ништо не се гледаше. Ја подотворив повеќе и низ нозе брзо како молња ми претрча еден мал бел влакнест објект.

Прво што ми дојде на мисла беше “куче”, но одма по таа мисла ми дојде: ,,Џммм куче како куче праве: Ав, ав, а не бехехе”. Ја свртив главата преку рамото и кога ќе видам што ќе видам, едно мало исплашено влакнесто бело како снег Козе. Мајката си велам што правеш ти тука? Додека се гелдавме очи в очи ми дојде друга мисла. Си реков мора да е мојот роденденски подарок од мојот дедо. Се насмеав гласно и одма отидов да му се заблагодарам. Го начекав како гледа некоја досадна политичка емисија и му скокнав в прегратки... и избезумен викав: Фала дедо, многу фала, подарокот е прекрасен. Тој малку зашеметен од политичката емисија, а и малку збунет од мојата реакција ми рече: „Нема проблем мали, ај сега оставиме да гледам телевизија”. Цело тоа утро го поминав во друштво со мојот веќе омилен пријател, со Козата која се разбира доби и име... Марко (по мојот скоро отруен мачор). Одвај чекав да дојде 2 часот за да дојде мајка ми од работа и да и се пофалам за Марко. Дојде 2, се појави на врата мојата мајка и дете ко дете целиот избезумен и се пофалив за мојот подарок а таа мајка како мајка да некрше атер ми одговори: „Леле колку е симпатичен твојот подарок”.

Мојата дружба со Марко беше од утро до вечер, па дури и го имав научено да си игра со топка со мене. Еднаш го внесов дома и за малку што не ми беше скршена главата од страна на мојот дедо, едноставно Марко ми беше како брат.

Едно студено утро, зима беше, снег до колена од школо не беа пуштиле порано. Си идам накај дома со некое чудно предчуство... Се како што се приближувам накај дома тоа чуство станува се појако и појако, се приближувам до мојата куќа па до мојата порта ја отварам портата влегувам во дворот и првиот поглед е во еден леген а во него некое месо... Занемарувајќи ги тие раскрвавени парчина од месо. продолжувам да одам кон оревот, го поминувам и него... Следна глетка е крв на снегот и раскрварен нож, оставен на еден трупец кој го користевме за цепење на дрва. Тишината ме убиваше, никако да слушнам глас од Марко. Влегувам во шупата, а таа празна и темна... Се враќам на кај влезната врата на мојата куќа, го занемарувам пак леѓенот полн со некои меса и влегувам дома и само што ги видов очите на мојата баба се ми беше јасно. Како реприза ми се врати целата слика од моментот на влегувањето во мојот двор. Веќе ми беше јасно дека во леѓенот беше Марко. Збунет, готов да пукнам легнав и заспав... Знам дека одма заспав, сакав да запијам, сакав да ја напуштам реалноста од што ми беше тешко. Година и нешто наназад живеев со лажни мисли дека Марко е мој љубимец и дека е поклон за мојот роденден а уствари тој бил купен за да биде растен во нормални услови за да биде ранет со нормална храна и послем кога ќе има доволна тежина и месо на него да биде заколен и ставен во фрижидер за да се помине зимата...

Секогаш кога правеа манџа од него јас не јадев или јадев нешто друго, а сиромаштија ко сиромаштија, моите правеа манџи само од него немаа пари за да купат друго месо и јас едноставно целата зима ја поминав без да каснам месо. И да купеа друго месо јас не можев да јадам бидејќи ме потсеќаше на Марко.

Мислам дека тоа беше првата причина за моето откажување на месото. Втората причина беше една документарна емисија на некоја германска програма, а во неа имаше дебата на вегетаријанци и месојадци. Едните го бранеа јадењето месо, а другите имаа и видео материјали како животното се раѓа како живее и на крај како го колат. Тоа беше втората причина, а третата причина беше од многу книги кои ги имав прочитано околу вегетаријанството... И еве веќе 10 години не јадам месо и ич не се кајам за тоа. Напротив баш се гордеам.

Еве и неколку факти и мисли дека човечкиот организам не е прилагоден за месо.

Навистина човекот е крал на животните, бидејќи неговата бруталност ја ндминува нивната. Живееме од смртта на другите. Јас уште на млади години престанав да јадам месо - Леонардо Да Винчи

Моето сваќање е дека вегетаријанскиот начин на живот, со своето прочистувачко влиание врз човечкиот темперамент, најповолно би влиаел на најголемиот дел од човештвото - Алберт Ајнштајн

Кога човекот сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт; кога тигарот сака да го убие него,тој тоа го нарекува суровост - Џорџ Бернард Шо

Јадењето месо е едноставно неморално, бидејќи подразбира убивање. Убивајќи, човекот непотребно ја потиснува во себе највисоката духовна способност - сочуство со живите суштества како што е самиот тој и нивно сожалување. Нарушувајќи ги сопствените чуства, станува суров - Лав Толстој

Чуствувам дека духовниот напредок бара во еден момент да престанеме да ги убиваме нашите ближни суштества за задоволство на нашите сетила - Ганди

Јадењето месо е убивање без повод - Бенџамин Франклин

Секој чин на непочитување на животот, или кој го занемарува животот, кој е рамнодушен кон него и го упропастува, е чекор кон тоа да го засакаме убивањето. Тоа решение човекот мора да го донесува секој момент. Никогаш последиците на погрешните решенија не биле толку длабоки и толку непроменливи како денес. Никогаш предупредувањето на Библијата не било толку значајно: Ставив пред вас живот и смрт, благослов и проклество. Изберете го животот,за и вие и вашите деца да можете да живеете - Ерих Фром

Кога човекот ќе го убие животното заради храна, тој ја занемарува својата глад за правда; човекот моли за милост, но не е спремен да им ја даде на другите. Зошто тогаш очекуваме милост од Бога? Не е праведно да очекуваме нешто што и самите не сакаме да го дадеме - Исак Башевис Сингер

Се додека луѓето ги касапат животните, меѓусебно ќе се убиваат. Оној што го сее семето на убиството и болката, не може да жнее радост и љубов - Питагора

Во Америка годишно за храна се убиваат околу 134 милиони цицачи и 3 милиарди птици. Меѓутоа само мал број на луѓе го доведуваат ова масовно сотирање во врска со производите што се појавуваат на трпезите.

Карактеристичен пример: во Тв реклама, кловнот Роналд Мекдоналд им вели на децата дека хамбургерите растат на “плантажи за хамбургери”.

Вистината не е така пријатна-комерцијалните кланици се како визија на пеколот. Додека болно завиваат, на животните му се одзема свеста со чекан, електични шокови или пиштол за контузија. Потоа ги бесат за нозе и со механизирани транспортери ги спроведуваат низ фабриките на смрта. Често се случува уште додека се живи да им го сечат гркланот или им отсекуваат парче месо.

Стара Грција и Рим

Етничките причини одсекогаш ги привлекувале бројните светски великани да ја прифатат вегетаријанската исхрана. Питагора, познат по својот придонес во математиката и геометријата, рекол: „Браќа мои, не ги валкајте телата свои со грешна храна! Имаме жито, имаме јаболка кои со својата тежина ги виткаат гранките и грозјето што се ниша на лозјето. Имаме сочни, слатки билки и зеленчук кој може да се зготве и омекне на оган. А не ни се кратени млекото ни медот кој мириса на мајчина душичка. Земјата обилно не рани со своите богатства, со својата недолжна храна и ни нуди гозби кои не подразбираат крвопролевање и колење. Само животните ја задоволуваат гладта со месо, и тоа не сите бидејќи коњите, говедата и овците се хранат со трева”.

Во еден есеј под наслов „За јадењето месо“ римскиот писател Плутарх пишува: „Можете ли да се запрашате која причина го навела Питагора да го отфрле месото? Што се однесува до мене, јас би бил посреќен да знам по која игра на случај и во која состојба на умот првиот човек ги ставил своите усни на месото и крвта на мртвото суштество, изнел на трпеза мртви, скапани тела и се осмелил да ги нарече храна деловите на тело кој неодамна пуштале гласови и крици, се движеле и живееле? Како неговите очи можеле да ја поднесат таа глетка на колење, сечење на грклани, дерење на кожа и черечење на екстремитети? Како неговиот нос можел да ја издржи таа смрдеа? Како сета нечистотија на таа материја не го одбила сетилото за вкус кое дошло во допир со туѓи рани и цицало сокови и крв од смртните рани? Секако, лавовите и волците не се тие што ги јадеме од самоодбрана. Напротив, таквите животни ги избегнуваме и колеме безопасни, кротки суштества што немаат канџи и заби кои можат да не повредат. За малку месо, ние ги лишуваме од сонце,светлина и живот на кое по раѓање и постоење имаат право”.

Потоа на месојадците им го упатиле следниот предизвик: „Ако тврдите дека сте по природа одредени за таква исхрана, тогаш лично убијте го она што сакате да го јадете. Но,сторетего тоа со лични помагала, без месарската секира, ластегарка и сл.

Здравјето и безмесната исхрана

Некогаш главно прашање во врска со вегетаријанската исхрана беше дали е здраво да се остави месото и останатата животинска храна. Меѓутоа,денес стана главно прашањето дали е поздраво да се биде вегетаријанец од месојадец. Врз основа на доказите што сега ни се доставени,се чини дека одговорот на обете прашања е:ДА

Денес од сите страни не засипуваат со докази за пресудното влиание на исхраната врз здравјето и долговечноста и се повејќе луѓето се свртуваат кон прашањето: дали е човечкото тело подобро прилагодено на вегетаријанската или на месната исхрана?

Во потрага по одговорот, треба да се земат во предвид две работи: анатомската градба на човечкото тело и ефектите на конзумирањето на месо врз телото. Луѓето месото го гарнираат на разни начини: ставаат кечап, каша, сос.. Го оставаат да одстои, го смекнуваат, готват и преобразуваат на безброј начини. Но,зошто таа фасада? Зошто толкав труд да се избегне јадењето на живо месо, какво го јадат вистинските месојадци? Многу нутриционисти, биолози и физиолози даваат убедливи докази дека луѓето всушност не се преодредени на месната исхрана. Физиолошки, човекот им е многу поблизок на тревопасните животни преживарите, одколку на месојадците...

-На пример,месојадците не се потат низ кожата; телесната температура ја регулираат со брзо дишење и плазење на јазикот.

-Од друга страна, тревопасните на кожата имаат пори преку со потење ја регилираат температурата и ги отстрануваат нечистотиите.

-Месојадците имаат долги заби и канџи за ловење и убивање на пленот,

-А тревопасните имаат кратки заби и немаат канџи. Тревопасните немаат остри предни заби за кинење на месото, кои се карактеристични за месојадците.

-Плунката на месојадците не содржи птијалин и не може уште во устата да ги раствора скробните материи;

-Плунката на тревопасните содржи пријалин и може да врши предварење на скробот.

-Месојадците лачат голема количина на солна киселина за подобро варење на коските;

-Тревопасните лачат малку солна киселина.

-Вилиците на месојадните се движат само горе-долу, додека вилиците на тревопасните одат и лево-десно за додатно џвакање.

-Месојадните течност земаат со лижење,а

-Тревопасните ја цицаат низ забите.Има многу такви споредби и човекот во секој случај се вбројува во физиономијата на тревопасните.

Така,од строго физиолошка гледна точка,постојат цврсти аргументи дека човекот не и е прилагоден на месната исхрана.

Варење на месото

Кога е еднаш во желудникот, на месото му требаат сокови за варење со висок процент на солна киселина. Желудникот на човекот и тревопасните создава солна киселина која е околу дваесет пати помала од таа кај месојадците.

Следната крупна разлика меѓу месојадците и вегетаријанците се гледа во дигестивниот тракт, каде се врши понатамошно разградување на храната, а хранливите состојки одат во крвта. Парчето месо е обична мрша и неговото распаѓање во телото создава отровни отпадни материи. Од таа причина месото мора бргу да се отстрани од организмот. Затоа месојадците имаат дигестивен тракт кој по својата должина не надминува три должини од на цело тело. Бидејќи човекот како и останатите животни кои нејадат месо, имаат дигестивен тракт чија должина изнесува дванаесет должини на целото тело, месото што брзо се распаѓа се задржува подолго, што резултира со извесни несакани токсични последици. Од тие токсини се погодени бубрезите. Овие витални органи, кои ги исфрлаат отпадните материи од крвта, стануваат преоптоварени од големиот прилив на отрови поради јадење на месо. Бубрезите на малд човек можат да излезат на крај со ова преоптоварување,но како човекот старее, така значително се зголемува ризикот од болести, т.е. оштетување на бубрезите.

Опасни хемикалии во месото

Во месото има и многу други хемикалии опасни по здравјето,за кои потрошувачите обично и не знаат. Во својата книга “Отрови во вашето тело” Гари и Стивен Нал ни даваат преглед на најновите трикови со кои се користат произведувачите на месо и месна храна.

Тие пишуваат:,,Животните се одржуваат во живот и се товат со непрестајно давање на средства за смирување, хормони, антибиотици и 2700 други лекови. Таа постапка почнува уште пред раѓање и продолжуво долго послем смртта. Иако тие медикаменти ќе бидат во месото додека го јадете, законот не бара да се наведат на производот”.

Здравјето го загрозуваат и натриум-нитратот и натриум-нитритот, хемикалии кои се користат како конзерванс за побавно пропаѓање на сувото месо и месните производи, вклучувајќи ги: шунката, сланината, саламата, виршлите и рибата. Овие хемикалии му даваат на месото светло црвен изглед така што делуваат на пигментите на крвта и мускулите. Без нив,природната сиво-кафеава боја на мртвото месо би ги одбила потрошувачите.

Болести во месото

Покрај опасните хемикалии,месото ги содржи и болестите на самите животни. Стуткани едно до друго во нечисти услови, со сила хранети и нехумано третирани, животните одредени за колење имаат склоност да навлечат многу повеќе болести од обично. Оние што се бават со проверка на месото се обидуваат да го отсранат неприфатливото месо, но поради притисок од индустријата и недостаток на време за темелни проверки, најголем дел од она што проаѓа е далеку понездраво одошто купувачот може да замисли.

Јас сум жив пример за квалитетот на вегетаријанската исхрана, повеќе од 10 години нејадам месо и можам да се пофалам дека во тој период на таква исхрана не сум имал никакви проблеми со моето здравје, за разлика од перидот кога јадев месо, и кога нон стоп имав проблеми и тегоби со стомакот а особено кога ке јадев пред спијање, а тој термин на јадење на месо е најопасен прибидејќи кога спијате организмот се одмара а тоа подразбира забавено работење на сите органи во телото така да парчето месо кое што се го внеле во телото бавно се пробавува а тоа резултира со труење на организмот.

Некој ќе речат: Ха, јас не можам да замислам јадење без месо или пример да некаснам од добро миризливата скара...хммм јас бев истиот и јас тоа го велев но све се може кога се сака кога јас станав вегетаријанец може секого...

Јадите за да живеете,а не живеете за да јадите.

Храната која е вкусна за устата т.е.јазикот не е корисна за телото што значи секогаш кога го задоволувате јазикот организмот ви вели: Ах бе мамето да ти го ебам пак ли ке ме мачеш и ке ме трујаш...

Е сега вие сами одберете кого ќе го задоволите и кого е поважно да го задоволите...јазикот или организмот...

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
Животните се мои пријатели,јас не г - од гоце на 9 јануари, 2005 - 02:50

Генетиката ако ни направи растение со вкус на прасе одма станувам вегетеријанец.

Човекот станал тоа што е денеска кога почнал да јаде месо. Без месото гарант ќе останел мајмун.

Коза сте јаделе? И јас не би го јадел тоа [се смее]

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 03:31

А дали тоа што човекот е денес е добро за природата,околината,светот,вселената и пошироко...
Ок денес си човек и не си мајмун благодарение на тоа,
НО!! сега со целата интелегенција и податоци што ги имаат луѓето имаш и избор..
избери тоа што е најдобро за тебе
(тоа што е опфатено во сторијата се само информации а изборот е ваш што ќе јадете)

Јавно се извинувам за печатната грешка,која во пораката не менува ништо

Не сме јаделе Коза него Јаре

сликата на гоце
Животните се мои пријатели,јас не г - од гоце на 9 јануари, 2005 - 18:28

Баш и дека имам избор го избирам тоа што е најдобро за мене - прасето [се смее] Таква убавина, таков вкус, ма да имам сеа ќе седнам да го јадам, со зуби да го кинам неговото кревко, мрсничко, превкусно мевце. При тоа свесно ќе ризикувам се што здравствено иде со многу прасечко.

Друга работа е што прасето е родено само со цел да го јадам јас. Јас плаќам да ми го израснат толкаво и поштено си купувам дел од него.

Кога бев мал пред мене заклаа едно јагне со кое се дружев неколку дена. Не сакав да го јадам се додека не огладнев многу [намигнува]

И за крај, сигурно се сеќавата на Симпсонови:

Homer: Lisa, honey. Are you saying your never going to eat any animal again? What about bacon?
Lisa: No!
Homer: Ham?
Lisa: No!
Homer: Porkchops?
Lisa: Dad! Those all come from the same animal!
Homer: Heh heh yeah right Lisa, a wonderful magical animal heh heh

Животните се мои пријатели,јас не г - од samsara на 10 јануари, 2005 - 17:12

„Друга работа е што прасето е родено само со цел да го јадам јас. Јас плаќам да ми го израснат толкаво и поштено си купувам дел од него.“

>Се намножија многу моронски коментари, што да правиме?

Да ги бришеме и корисниците сосе коментарите.

`)

сликата на гоце
Животните се мои пријатели,јас не г - од гоце на 10 јануари, 2005 - 17:18

Збогум samsara [намигнува]

Животните се мои пријатели,јас не г - од samsara на 10 јануари, 2005 - 17:58

Збогум, де [намигнува]
И наместо да се грлимо и љубимо, да кажам:
го ценам трудот што е вложен во сајтов, сепак е најдобар на нашиве простори. Фала за тоа. Цел куп квалитетни и интересни луѓе имаат оставано овде пораки. Ги има се помалку и помалку, ама тоа е за очекување.
И, не го сфаќај горнион коментар толку лично. Ај, остани ми.

сликата на vikky
ауфф. да бе. - од vikky на 10 јануари, 2007 - 04:14

ауфф. да бе. Ептен би сакала да го видам Гоце како трча зграпчува свиња или дива свиња (пошто е она поблиску до природата ,еволуцијатА) ја задавуе крај вратот као прав предатор (или стрела) свеедно, и онда со забите ја дере кожата (пошто нели имаме такви заби,демек) и така ја раздеруе кожата се повеќе да стигне до интересни органи или бут, и онда зема кине од месото и лап лап, го сожвакува!!! јес шур... како не бре. .. жифти карниворите што сме

--Клукајдрвци ја издупија вилата на премиерот -- vest.com.mk

Неколку дена - од дамјан на 10 јануари, 2007 - 04:32

Неколку дена сама во шума, без Веро, Рамстор и сл. и ти викиd ќе јадеш живо месо.

ахм - од NikDdik на 13 јануари, 2007 - 13:42

...и, што сега? ако немам заби на тигар значи дека не треба да јадам месо? човекот немал брзина, канџи, сила, заби, крила, ама имал памет и тоа ти е тоа. да не навлегувам сега. пример само: со тапиве заби не можам да кинам месо од свиња, ама затоа имам нож и вилушка? get it ?

сликата на гоце
Свинското се - од гоце на 1 февруари, 2007 - 01:59

Свинското се враќа у мода. Ко што стојат стварите у моментов вегетеријанците се хранат понездраво него нас карниворите.

http://www.nytimes.com/2005/08/12/opinion/12kummer.html?ex=1281499200&en=14881d658a44d30a&ei=5090&partner=rssuserland&emc=rss

сликата на TedBundy
Животните се мои пријатели,јас не г - од TedBundy на 9 јануари, 2005 - 03:20

Има многу понездрави работи од месото.
Ти како вегетаријанец е нормално да ги изброиш сите отрови што ги содржи месото.И последиците од консумирање на истото....Но забораваш дека сите диетолози изрично го препорачуваат во дневната исхрана.

Без ралика за каква храна се работи,секогаш гледам да си ги задоволам и јазикот и организмот.Ако тоа е некаков вид на егоизам,тогаш 4,5 милјарди луѓе се болни (егоисти) [се смее]

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 03:42

Нејадам месо повеќе од 10 години и се осеќам супер здрав сум и немам никакви проблеми со здравјето тоа ми дава сила да продолжам со таква исхрана
така да мислењата на тие така наречени диетолози паѓа во вода

јади брат што душа ќе ти побара тоа си е твое право кој никој не може да ти го земе
но имај на ум дека не е све корисно што го правиш

сликата на TedBundy
Животните се мои пријатели,јас не г - од TedBundy на 9 јануари, 2005 - 04:01

Не велам дека не може без месо.Јас можам да не јадам месо и по неколку месеци.Не е тоа важно.
Колку и да не сум посветен во медицината,мислењето на тие диетолози никако не паѓа во вода.И тие не се "таканаречени" диетолози.Диетологијата не е некаква алтернативна медицина и ако не се лажам-си е цела наука во склоп на медицината.И е доста длабоко навлезена во проблемите на здравата исхрана.И препорачува месо!!!
Познавам вегетаријанци и на истите гледам како на луѓе што не јадат месо од солидарност кон животните:) А да не јадиш месо пошто не е здраво е глупаво.Зеленчуците што ги консумираш сметаш дека се квалитетни и природно здрави???хахаха
Има толку понеквалитетни работи денес кои што масивно ги консумираме.Само воздухот што го дишиш е поотровен од месото.Е освен ако месото нема луда крава

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 04:43

,,Зеленчуците што ги консумираш сметаш дека се квалитетни и природно здрави???хахаха"

Да,сметам дека се поквалитетни и поздрави од месото.

сликата на miopa
Животните се мои пријатели,јас не г - од miopa на 9 јануари, 2005 - 04:02

И ти имај на ум дека тоа што ти го сметаш за корисно е различно од тоа што останатите го сметаат за корисно.

Исто така ме интересира зошто и растенијата не ти се пријатели? [се смее]

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 04:20

Грев ли е да се убиваат расенијата?
Следното вообичаено прашање гласи:,,Ако сите живи суштесва се духовно еднаки,тогаш зошто е прифатливо да се јаде зеленчук,жито и слично,а не месо? Зарем вегетаријанците не ги убиваат растенијата?"Како одговор на ова прашање,може да се истакне дека вегетаријанската храна,како овошјето,млекото,оревите и житото не бара никакво убивање.Но дури и во овие случаи,кога се зема животот на некое растение,болката е многу помала отколку кај животните,бидејќи нервниот систем кај растението е многу помалку развиен.Без сомневање,голема е разликата помеѓу корнење морков од земја и убивање на јагне.

сликата на miopa
Животните се мои пријатели,јас не г - од miopa на 9 јануари, 2005 - 05:02

Јагнето секако ќе си умре, порано или покасно.

Убивањето е нешто нај нормално, целиот живот е базиран на него. Сложен, префинет синџир на исхрана во кој секој јаде некого, или дел од некого. Овошјето, оревите и житото на пример се подмладокот на соодветните растенија, убиваш деца! (или ти си имаш изградено скала на сложеност на нервниот систем според која одредуваш дали одредено убиство е во ред или не)

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 05:31

одговорот е во твојот текст а и во сторијата која е објавена.

,,Јагнето секако ќе си умре, порано или покасно."

O,тие ќе умрат еден ден,ајде да ги изедеме.
Каков алтруизам е тоа?

сликата на zlochko
Животните се мои пријатели,јас не г - од zlochko на 9 јануари, 2005 - 11:59

А од кај ти е таа идеја дека miopa е алтруист? [се смее])) Сем тоа, во право е човекот, синџирот на исхрана си е таков каков што си е.

Животните се мои пријатели,јас не г - од kerber на 17 јануари, 2005 - 04:09

Убивањето е нешто нај нормално
pocnuvam da se sramam sto sum covek se zgroziv
nemam komentar na recenicava

сликата на Зелен
Животните се мои пријатели,јас не г - од Зелен на 12 јануари, 2005 - 19:33

nervniot sistem kaj rastenijeto ?
i da.. koja e razlikata pomegu morkovot i jagneto.. ima poveke morkovi nego jagninja pa stetata e pomala .. ajde da gi sotreme algite poso oni se najbrojni ...

сликата на Зелен
Животните се мои пријатели,јас не г - од Зелен на 12 јануари, 2005 - 19:34

nekoj spomna avtosugestija ?

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 03:59

На почетокот на сторијата заборавивте и ова да го објавите:
(пораката на текстот ќе ја сватите и разберете
само доколку внимателно и целосно го прочитате тоа што следува)

сликата на Angella
Животните се мои пријатели,јас не г - од Angella на 9 јануари, 2005 - 04:14

ostani zhiv PRIMER za vegetarijanec, a nie ke ostaneme ZIVI i pokraj toa shto sme mesozderi [се смее]

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 04:26

Ти посакувам да си жива и здрава 100 год.

сликата на anastas87
Животните се мои пријатели,јас не г - од anastas87 на 9 јануари, 2005 - 04:57

::Јадите за да живеете,а не живеете за да јадите. ::

Само квотирам, не коментирам.

::Животните се мои пријатели,јас не ги јадам пријателите::

Абе и ти си им нивни пријател ама кога е густо, не знам дали они нема тебе да те јадат.

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 06:16

Кога животните јадат месо,ги следат природните закони.
Кога ти јадеш месо,ги кршиш природните закони.

сликата на TedBundy
Животните се мои пријатели,јас не г - од TedBundy на 9 јануари, 2005 - 12:11

Кога 98% од луѓето јадат месо,тогаш тоа е природен закон.Одсекогаш јаделе и секогаш ќе јадат.
И тоа не ги прави животни.

сликата на bst^^
Животните се мои пријатели,јас не г - од bst^^ на 9 јануари, 2005 - 05:09

Ако луѓето во светот станат вегетаријанци тоа ќе значи пад на бизнисот со секакво месо, млеко, јајца и се што е од животинско потекло и милиони луѓе ќе останат без работа. Тоа се само некои од работите.

Што ќе се случи со домашната свиња? Па нели затоа е домашна, припитомена за јадење?
Како човештвото може да издржи без вкус на јајца, мајонез а посебно млеко?

хм...... не ми е сватливо не можам без месо.

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 06:11

Тоа е и финтата,месото е за бизнис,а не за здрава исхрана.

Со тоа што велиш дека многу луѓе ке останат без работа,

а дали помислуваш на гладните низ целиот свет?

Во својата книга ,,Протеини":Нивната хемија и политика,Др.Арон Алтшул забележува дека во поглед на калории по декар земјиште,житото,зеленчукот и мешунките ќе нахранат дваесет пати повеќе луѓе од месните производи.

Кога плодните површини на Земјата би се користеле претежно за производство за вегетаријанска храна,планетата лесно би можела да издржува население од дваесет милијарди жители,па и повеќе.

Во извештајот поднесен на Светската Конференција за храна на Обединетите нации (Рим,1974),Рене Думон,земјоделски економист од Националниот иститут на Франција,ја изнесе следната проценка:,,Прекумерното конзумирање на месо кај богатите значи глад за сиромасите.
Ова расипничко земјоделство мора да се промени-со намалување на местата каде говедата се хранат со жито,па дури и масовно намалување на бројот на говеда за колење".

Живите крави се економско добро

Сосема е јасно дека живата крава му дава на општеството повеќе храна од мртвата,во облик на млеко,сирење,путер,јогурт и друга високопротеинска храна,која постојано ја добиваме од неа.

сликата на TedBundy
Животните се мои пријатели,јас не г - од TedBundy на 9 јануари, 2005 - 12:08

"Тоа е и финтата,месото е за бизнис,а не за здрава исхрана."

Ахахаха ме насмеа!Ајде сега против бизнисот.
А зеленчуците не се за бизнис?И зеленчуците ги хранат со секакви видови хемии за да растат побрзо,поголеми и за ти да јадиш црвени и сочни патлиџани во јануари на -20 по целзиус.
И тоа не е бизнис?

Мешаш основни работи.
Или сакаш да ми кажиш дека сепак,покрај сите горенаведени причини да не јадиш месо за тебе има уште една,многу важна причина.И таа е бизнисот.

Месото е за бизнис,а не за здрава исхрана - антибизнис народна мудрост:)

п.с.
Немам ништо против вегетаријанците,но не сакам да ме убедуваат што е здраво а што не.Ако сакам да се хранам здраво има доволно книги и ако некој ден откачам,и тоа ќе го правам.

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 12:26

Брат јас ни најмалку не сакам да те убедувам јас само дадов информации а ти ако сакаш и жив пес изеди
Колку и да раскажуваш нема да ми го промениш мислењето а по се изгледа и јас колку да ти тропам за џабе ќе биде
така да кркај телешко не ми смета [се смее]

Животните се мои пријатели,јас не г - од Obi на 9 јануари, 2005 - 09:05

Да ви ебам вегетаријанците ко некои секташи сте.

Башка 90% од ствариве ти се научно неосновани, ама ме мрзи да ти пишувам сега.

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 09:58

..не ми треба твоето мислење ,слободно игнорирај ја темата...
и покрај тоа што покушаваш да ме навредиш а со тоа да се направиш интересен хах
ај стил ловју бро...

Животните се мои пријатели,јас не г - од Obi на 9 јануари, 2005 - 10:32

Ќе ја игнорирав да беше објективна и да претставеше некои точни информации ама ги дезинформираш моиве луѓе [се смее] + не покушавам тебе да те навредам. Тоа шо си решил да станеш тревопасен си е твое право, а мое е да јадам ПРАСИЌИ шо би рекол Директор Шојиќ.

Иначе нашата плунка дефинитивно содржи птијалин. Не знам ти од која Биологија учиш ама ако веќе си посветил 10 години на нешто барем да не правеше вакви лапсузи.

месото било кафеаво-сино...
Ти знаеш какво било месото, 10 години јаде ориз, пченка и посен грав месото...
Да бе ти не знаеш... зелено е ебате.

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 10:48

тоа што јадеш месо мене ич к*р не меболи.....тоа си е твое факен право
тебе едноставно вака ќе ти одговорам:
Ако би ги зел твоите мислења(кои и баш ги нема во твојот пост,едноставно се правиш интересен ) и мислењата на Леонардо Да Винчи, Махатма Ганди, Питагора, Сократ, Плутарх, Рихард Вагнер, Шели, Џ.Г. Бајрон, Алберт Швајцер, Бенџамин Франклин,Платон, кралот Ашока, Акбар, Сер Исак Њутн, Волтер, Жан Жак Русо, Ламартин, Ралф Валдо Емерсон, Лав Толстој, Џорџ Бернард Шо, Рабиндранат Тагоре, Алберт Ајнштајн, Никола Тесла... извини но би ги одбрал нив,
сепак тие направиле многу повеќе него ти што си направил
а ако направиш нешто повеќе од нив тогаш ќе седнам ќе размислам а можи и да те послушам:-)

можи месото и шарено да биди,се зависи во која состојба ти е умчето,тој Али по се изгледа правел експерименти на тебе со неговата моќ така да не ме чуди и не ме изненадува тоа што го пишеш по баграва
а да ќе заборавев ај стил ловју бејби [се смее]

Животните се мои пријатели,јас не г - од Obi на 9 јануари, 2005 - 23:45

Батка,

Наброј ти уште 20 познати фаци шо биле вегетаријанци. Тоа не го променува фактот дека СИТЕ ОСТАНАТИ не биле.

Моето мислење е дека вие сте секташи [се смее]

С Е К Т А Ш И!!!

Мешаш јадење месо со тоа шо сум направил јас во животов, као тоа има врска ХХАХАХаха
Абе седи бе секташ!

Демек јас ако измислам сеа нешо револуционерно ќе можам да ти кажам да јадеш месо и ти ќе речеш ееее Оби чим јаде ево сега ќе почнам.

Какви глупости тресиш, не знам можда лоша трева си пасел нешо ама стварно нема смисол.

Вас ако ве слушаме еден ден ко Борат шо вика Коњ ќе оди да гласа во Парламент.

In America a woman can vote, but horse CAN NOT?!!!!!!

hahaha

Јадење без месо НЕ Е ЈАДЕЊЕ!

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 10 јануари, 2005 - 00:54

залудни се твоите напори батка да ме навредиш
има една поговорка која гласи:
никогаш не постигнувајте ефтини поени кај луѓето,тоа ве деградира повеќе вас него нив

,,Какви глупости тресиш, не знам можда лоша трева си пасел нешо ама стварно нема смисол"

ако јас тресам глупости а со тоа и сите што се вегетаријанци тогаш на што наликуваат твоите текстови [намигнува]

твојата свест не е на такво ниво за да можеш да го разбереш тоа што сакам да го кажам
така да ќе треба малку да почекаш за да сватиш
и да ај стил ловју митловер [намигнува]

Животните се мои пријатели,јас не г - од Obi на 10 јануари, 2005 - 01:01

СЕКТАШИ!

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 10 јануари, 2005 - 02:23

Ако ние треварите што јадеме трева сме СЕКТАШИ тоа значи дека и ти си СЕКТАШ.
Зошто,од многу едноставна причина па и ти батка јадеш трева,зарем не те прави тоа и тебе секташ ки..ки..ки..ки

Животните се мои пријатели,јас не г - од Obi на 10 јануари, 2005 - 04:25

Не правам муабет со секташи

сликата на frajer
Животните се мои пријатели,јас не г - од frajer на 10 јануари, 2005 - 08:43

де, де го испонапаѓа чоекот.[се смее])

Остави го кога му е убаво...

Животните се мои пријатели,јас не г - од Cabal на 11 јануари, 2005 - 22:03

Toa nauchno se vika vo logikata 'argument by authority' .. ako einstein bil genij u fizika, znachi se sho pravi i veli einstein e tochno, pravilno i najdobro i u site drugi oblasti.. it is a logical falacy and unacceptable as a predicate..

inache jas bev vegetarijanec dve godini.. prestanav koga minav mesec dena kaj devojka mi, kade baba i go zemashe za lichna navreda ako ne jadev od nejzinite jadenja (so meso).. a i ne zboruvashe nishto osven madzharski i ne mozhev da i objasnam ... Kako i zashto sum sedel kaj devojka mi mesec dena e druga prikazna [се смее]

se osekjav ok kako vegetarijanec, a se osekjam ok i sega kako ominvor.. chitav pred nekolku godini deka imalo ogromno istrazhuvanje da se sporedi zdravjeto na odredeni delovi na indija kajsho lugjeto so generacii se vegetarijanci zdravjeto na omnivori indijci, i nemalo nikakva razlika...

zanchi i da jadete i da ne jadete meso isto vi se fakja... na koj za sho mu e..

na vremeto zapoznav dosta vegetarijanci za koi toa e 'point of honor', i mislat deka gi opravduva site nivni drugi poroci.. znaev edna devojka striktna vegetarijanka i mnogu glasna kolku e zdravo toa, a pusheshe po dve pakli na den.. hmmm... oxymoron..

za moralnosta na ubivanjeto zhivotni.. hmmm. nie ubivame lugje i sekogash sme ubivale, pa ne znam bash ... imame 4 fangs, kucheshki zabi, na gornata i dolnata vilica, a tie se koristat samo za kinenje meso, taka da i od anatomska gledna tochka (isto i digestivniot sistem) sme omnivori...

inache jas mnogu dobro znam shto se sluchuva vo klanici (sum bil) i pak jadam meso.. i mislam deka sekoj mesozhder treba da prifati deka zhivotni umiraat za toj da jade i da e najasno so sho se sluchuva vo klanici i farmi.. ima mnogu lugje koi ne bi jale rare steak, zradi krvta, ali bi jale hamburger, kajsho se e smeleno i ne se gleda mrtvoto zhivotno.. toa se licemeri od najdolno nivo... ako go jadesh leshot na zhivotnoto koe umrelo u najgolemi maki za tebe, morash da bidesh iskren so sebe i da go prifatish toa.. ako ne mozhesh, edinstveno chesno neshto e da prestanesh da jadesh meso.. inache si licemer i hipokrit, i nemash pravo da zborish za nikakvi morali... znaev edna devojka koja se uzhasuvashe od ubivanje zhivotni (lov na primer) kako neshto uzhasno nemoralno, a se ebeshe ko shtuka, broj ne i se znaeshe... hmmmm, kade e moralot tuka? ili malku e selektiven toj moral.. moral ili imash ili nemash, nema sredina, i toa e toa..

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 12 јануари, 2005 - 00:01

Кога пушиш се трујаш и убиваш самиот себе немора да умре некој друг од тоа (се разбира ако пушеш во соба каде има непушачи ги убиваш и нив) пушењето не подразбира крвопролевање.

Тоа што спомнав некои умови,тоа не значи дека тие ме натерале да го откажам месото тие само придонеле за јас да се заинтересирам повеќе околу вегетаријанството.Пред да станам вегетаријанец почнав да читам една книга,го читам уводот онака површно преку редови,не бев многу заинтересиран,кога дојдов до местото каде беа споменати тие умови си реков во мене хммм чекај кога овие лујге се вегетаријанци мора да има нешто интересно и поучно во книгата....и продолжив да ја читам со поголем интерес се разбира...значи пак ќе се повторам тие не ме натераа тие едноставно ме заинтересираа повеќе околу вегетаријанството

,,chitav pred nekolku godini deka imalo ogromno istrazhuvanje da se sporedi zdravjeto na odredeni delovi na indija kajsho lugjeto so generacii se vegetarijanci zdravjeto na omnivori indijci, i nemalo nikakva razlika..."

има разлика едните предизвикуваат крвопролевање другите не тоа е доволна разлика и покрај големите разлики на здравјето

сликата на viktoria
Животните се мои пријатели,јас не г - од viktoria на 12 јануари, 2005 - 14:37

? Obi, демек секташки било да се збори -полемизира зошто вегетаријанството е подобро од месождерство.

Јас на прим. би те исто оптужила за секташење ради информацијата дека нашата плунка содржи птијалин за разградување/варење на протеините од месото. Птијалинот e ензим одговорен за разградување на скробот (заедно со амилаз) а не за месото (протеини).
Ај да кажеше пепсин или трипсин ензими кои се лачат во желудникот за разградување на протеинот (како од животинско така и од растително порекло) ќе имаше колку толку логика иако ништо не докажува.

Мене баш ова твоево ми е секташко пошто промовираш месо со некаква си застарена идео-биологија. [се гази од смеење] :D

сликата на zveroid
Животните се мои пријатели,јас не г - од zveroid на 9 јануари, 2005 - 10:30

За секоја свиња што ја ќе ја изедам, некоја будала ќе исгушка дрво до смрт.

Што сакам да кажам уствари.. Сите ние си имаме свои ставови кон многу работи, меѓу кои и јадењето месо.

Ја поштујам месо. Вкусно е. И нема да ме убеди ништо да престанам да јадам месо. Обожавам животни. Иам 2 мачки дома. И ги глеам нив како они јадат месо - без никакви предрасуди. Јадат за да преживеат. И тоа е тоа уствари. Нема ништо неприродно во јадењето месо. Нема никаква манифестација на омраза или неандертализам. Едноставно е дел од секојдневното внесување материи потребни за опстанок.

Ако некој сака да се ограничи на јадење растенија - или ако сакам да бидам екстремен - трева, негов проблем. Можеби ќе ме р`сне инфаркт на 55 години, ама јебига..

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 10:56

бејби јади што сакаш тоа право неможе никој да ти го земе,на крај краева тревата а особено онаа со име Марихуана може да ти овозможи повеќе задоволство него месото [се смее]

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 11:13

уствари јас не сум целосно вегетаријанец јас обожавам да лижам месо од жена [се смее] ммммм и тоа како со сласт [се смее]

Не ни очекувам некој да ме подржи во темава бидејќи МАКЕДОНЧЕТО обожава да си крка мевце
а тоа не значи дека ве мразам напротив сите мои другари и другарки се месојадци и тоа не ми смета...КРКАЈТЕ ШТО САКАТЕ или по битолски
шо сакате

сликата на StormAngel
Животните се мои пријатели,јас не г - од StormAngel на 9 јануари, 2005 - 12:21

"Keeping your body healthy is an expression of gratitude to the whole cosmos - the trees, the clouds, everything."
Во склоп на ова,ако не ја најдеш таа хармонија со нештата кои што те опкружуваат,осуден си,или на дебелеење или пак да станеш чачкалица-човек.
И двете не чинат.=)))

А дали утринското кафе е здраво бе?

П.С-Сторијава е кул!

Животните се мои пријатели,јас не г - од ParkEtuS на 9 јануари, 2005 - 12:44

Ангелче ALL YOU NEED IS LOVE љубовта е здрава доколку правилно ја играш...
телото не ми се промена од кога престанав да јадам месо се уште имам меше ко тапанче
абе од пивото ќе да е изгледа [се смее]
како медицината се развива денес и да дркаш е штетно...еднаш кажав и пак ќе кажам, колку и да се чуваме еден ден ќе не нема важно е едно:што ќе оставиме послем нас и како ќе го поминиме овај краток живот тоа што не убивам и нејадам животно никој к*р не го боли знам но едно е важно јас сум важен јас сум задоволен и среќен од тоа што го правам така да и мене не ме боли што мислат другите јас избрав да бидам тревар и ќе бидам со задоволство...

наравоучение:кога грешиш а незнаеш дека грешиш е лошо,а кога знаеш каде грешиш еден ден ќе се поправеш