Багра искрено и со сето срцe го честита 5-тиот роденден на Macedonia Search (
www.org.mk)! Незнам кога точно бил роденденот но само што налетав на една вест од 29.11.2004 и редно e, иако со закаснување, Багра да го обележи роденденот на Македонија срч. :-) Во последно време Македонија срч е баш само директориум на македонските сајтови но погледнете во архивите, имате материјали за читање за следните пет години. Подолу мало текстче за Македонија срч.

„Добредојдовте во првото македонско глобално село. Македонско е оти е наше, и горди сме на него. Глобално е зашто не поврзува сите нас, зближува, сплотува во единка што е многу помоќна од сите поединци одделно. Без разлика што сме или колку сме постигнале во животот, тука сме заедно. Да го покажеме нашето културно богатство. Да го покажеме тоа што го знаеме и тоа што сме го наследиле од минатите генерации. Но, тука сме и да научиме, напреднеме и да оставиме многу повеќе за следните генерации. Сепак, треба да ја исполниме празнината оставена од петстотините години ропство, понижувањата и угнетувањата.“
- Веќе 5 години мотото на Macedonia Search
Macedonia Search (
www.org.mk) е првиот македонски портал замислен и организиран од двајца најобични ентузијасти – Зоран Глигоров и Здравко Стафилов. Во текот на 1999 година, кога интернет полека стануваше секојдневие наместо „чудо невидено“, Здравко (познат како Мунем) и Зоран (познат како Цезар) се занимаваа со визии и сонувања, наместо вредно да си го учат факултетот. Сајбер просторот тогаш изгледаше толку прекрасен, толку интересен. Сите „ирцаа“, сите „сурфаа“, некои дури и солидно заработуваа. Да, тогаш „Животот беше убав“. Сепак, Мунем и Цезар не направија ништо невидено – и тогаш постоеше Yahoo, и тогаш на интернет имаше пребарување, директориуми, архиви, радија...
Убавината на Macedonia Search е што е првиот сериозен македонски интернет портал. Наш, македонски, изграден со многу труд и љубов, награден со многу посети, пофалби, но и критики и совети. Љубезен и гостопримлив, но понекогаш и остар и немирен. Затоа што такво е нашето поднебје, такви сме и ние.
Македонскиот веб директориум, како дел од Macedonia Search постои да прибере и прикаже што повеќе веб страници со содржини на Македонски јазик или содржини поврзани со Македонија и нејзините граѓани. Добриот пример од големите веб директориуми и срдечната соработка со DMOZ обезбедуваат одлично одржување на директориумот.
Но сите овие прекрасни зборови ќе беа залудни и бескорисни доколку вие не бевте тука да ги прочитате. Секоја тема на директориумот ќе беше празна и досадна да ги немаше веб страниците направени од стотиците македонски веб автори и дизајнери - секој со своја приказна, со своја визија и сон. Македонските интернет корисници се главните ликови на овој портал. Целата благодарност и слава одат за вас. Тимот на Macedonia Search само може да биде горд што ги користиме токму нивните алатки.
Среќен 5-ти роденден!
Портал за вас, прекрасни луѓе!
Macedonia Search
http://www.plugin.com.mk/vest.asp?id=131
Последни коментари