Поетска Душа
од StormAngel на 20 дек 2004 - 16:31
Ова се неколку од моите поезии.
Утре е мојот роденден,и за ова спремам една книга.Она што ќе го има во книгата се моите поезии и на неколку други лица по форумиве (од кои што добив одобрение за нивно препејување и пишување) а воедно ќе има и благодарение до Багра и до јузерите во него,а второ ќе ги има моите стории и некои други најинтересни.
Јас со оваа кратка мини сторија сакав да побарам од Админите на Багра одобрение за постирање на материјалот на Багра во книгата.
Љубов моја
Сега дознавам колку те сакав
Сега кога веќе не си моја
Се’ би дал да бидеш моја
Се’ би дал да те имам пак
Зошто избега ни сам не знам
Толку многу грешки направив
Толку многу нешта не исправив
Не знаев како да те сакам
Сега знам само како да патам
Знам како е да бидеш во темнина
Обвиен со тага и жал
Обвиен со самообвинување
Љубов моја, врати се
Јас тука сум
Тука ќе бидам секогаш
Ќе те чекам љубов моја
Секогаш
(Мирсад Асани)
Минато
Правам чекори во минатото
Сакам да те пронајдам
Каде те изгубив?
Каде ли згрешив?
Верував дека можам
Сакав да успеам
Те изгубив
И сега живеам во минато
Ако не ме знаеш до сега
Нема никогаш да знаеш кој сум
Јас нема да знам кој сум
Ќе живеам во минато
Со спомени и болка
Ќе живеам во минато
Со љубов и болка
Копнеж
Не можам да одолеам
Сакам негде да избегам
Негде далеку
Каде што не можат да ме видат
Каде што ќе бидам сам
Негде каде што нема да ме судат
Сакам толку многу
Не добивам ништо
Копнеам... копнеам по нешто
Не знам што е тоа
Знам дека еден ден се’ ќе биде готово
Еден ден се’ што сум посакал ќе избледе
Еден ден...
Но тој ден мојот копнеж ќе ме демнее
Мојата бледа слика, мојот блед израз
Моите бледи зборови ќе копнеат
Копнеам за љубов
Копнеам за успех
Копнеам за се’
До каде ќе стигнам?
Се прашувам, а одговор немам
Никогаш не сум имал тоа
Копнеам по одговори!
Далечина
Мојот живот секогаш ми бил далечен
Го живеам а не знам зошто
Се прашувам која е смислата
Сите нешта што ги сакам
Толку ми се далечни
Толку ми се нејасни
До кога оваа далечина ќе постои
Каде ли да барам блискост
Само далечина постои
Само таа помеѓу мене и се’
Само таа... и ништо друго
Стојам негде меѓу време и простор
А во сета таа мешавина постои
Само далечина!
|
Последни коментари