од PLAYLIFE на 16 дек 2004 - 12:50
Овоj расказ не е само збир на убаво напишани реченици, туку откинато парче интима, од едно срце кое навистина сакало, на начин на кој сите ние би сакале да бидеме сакани - безусловно. Ова е моето љубовно писмо пратено до никого. Толку многу чувства, а нема никој на кој тие би му значеле. Затоа, го посветувам на сите оние што почувствувале вистинска љубов, оние што ја изгубиле, и тие што ја дале... оние најхрабрите...
Вечерта другарите го откопаа она што тој скоро една година се обидуваше да го закопа во себе. Доволно беше само нејзиното име, за да настане хаос во неговата утроба. Насмевката исчезна, погледот се замагли и изгледаше отсутно. Се обидоа да направат нешто весело, да му ги оттргнат мислите, но веќе беше предоцна да ја исправат грешката.
4:00 наутро а сонот е се подалеку. Тишината го убиваше, бидејќи знаеше дека тоа е само глув миг кој го крие почетокот на битката на срцето и разумот. Се повеќе беше свесен за причината поради која е буден. ТАА. Почна....
-Слики од неа, поминуваа низ неговата глава, се потсетуваше на сите случки со неа. Несвесно неговото лице се појави насмевка. Беше збунет. Зарем целото негово тело ја сака? Дури и неговите сетила почнаа да си играат со него. Можеше да ја почувствува нејзината топлина, нејзиниот мирис, да ја слушне, халуцинација која ни самиот не знаеше дали сака да исчезне. Но тоа беше само во неговиот мозок. Што се случуваше во неговото срце? Бесконечно многу чувства, кои му го облеваа телото со пот. Чувства какви што имаше во него додека таа беше негова, чувства какви што може да има некој кој е сакан. Телото се виткаше во слатка болка, која беше плод на имагинацијата за неа. Штом почна да се насладува, изнемоштен и излажан дека тоа навистина таа, ги отвори очите и се исчезна. Знаеше што значи збунетоста. Крај на неговата фантазија, и судир со реалноста.
Каде е сега? Што прави? Копнее по него како тој по неа? Дали и тој и недостига? Прашања, прашања, прашања... Никаде немаше одговор, само се слушаше тапото шкртање на забите, кои како ехо се ширеа низ собата завладувајќи со секој простор, и правејќи го моментот уште понеподнослив. Низ вените течеше силна болка, што ги згрчи сите мускули на неговото тело, толку многу што мислеше дека ќе му ги здробат коските. Се обидуваше да не пушти крик, ги стискаше забите, но попусто. Повторно изгуби. На неговото лице се стркала машката гордост. Две солзи чиста љубов. Зошто ли се криеше? Немаше да го слушне, таа е далеку од него. Веќе беше беспомошен, и очајнички ја гризеше перницата за да не заплаче на цел глас. Не можеше да контролира ниту една клетка од неговото тело, парализиран од болка, а само едно парче од неговата свест, го следеше сето ова. Мислите со кого сега се бакнува, како други раце ги милуваат местата на кои тој им се радуваше како мало дете, кои за него беа единственото нешто што го посакуваше, на кого ли ке му каже ДА пред олтарот... убија се живо во него... Избезумен стана и излезе на терасата.
Стоеше бос на снегот, и гледаше како паѓаат снегулките. Стоејќи така во таа тишина, посака само едно нешто, да исчезне целата болка што уништи се што беше во него живо, што го натера да не чувствува ништо, да заборави кога последен пат бил среќен. Единствено нешто што можеше да почувствува е како неговата душа умира, а тој не може ама баш ништо да направи. Не знаеше веќе на кого да ги каже своите молитви. Ја гледаше долго месечината молејќи ја барем да може да му послужи како огледало, и само за миг да му покаже каде е, да ја види. Секој ден се молеше на Господ, да му се јави, посакуваше да дојде на неговата врата, да ја погледне во крупните очиња, да ја прегрне најсилно на цел свет. Во неговиот живот постоеа три работи. ТАА, брат му, и факултетот... Има ли полошо од тоа човек да живее без надеж? Надежта го напушти него одамна...
Како да се разбуди од сон. Сфати дека тој верува во љубовта. Сака да сака и да биде сакан. Во него немаше надеж, но имаше љубов. Како од извор, топлината се врати во неговото тело. Моментот кога помисли дека повторно завладеа со себе си, откри уште едно мало скришно место, кое чуваше доволно здив за да и каже дека ЈА САКА! Ете во овој миг го потроши и него, и сега е повторно цел. Го победи хаосот, ја истера болката од своето тело, и сега е апсолутен владетел на својата душа и тело...
Влезе внатре, и додека неговото PC се стартуваше се радуваше на новото чувство. Ги изми солзите од себе, и во огледалото погледна победнк! Беше жив, а сјајот во очите беше само доказ. Со залепени стапала на парното, ја напиша оваа приказна...prikazna за тоа што се случуваше во зеницата на едно тажно око...
Можеби овој текст ви се допадна, можеби не, можеби ќе ги разбуди вашите емоции, можеби и нема да го прочитате до крај. Можеби ќе го сфатите, можеби не, но овој текст е само клетва, за ТАА која целиот свој живот ќе го помине во заблуда, мислејќи дека некогаш ќе биде сакана толку многу, а никогаш да не знае колку многу беше сакана, колку многу ми недостигала, колку ми беше потребна...
Последни коментари