Таткото на мојата ќерка
од ioio на 1 дек 2004 - 15:32
Тато, зошто полицаецот ја води онаа баба?
-Затоа што бабата продава босилек и чаеви на улица.
-Па што тогаш?
-Не смее да се продава на улица. Таков е законот. Што мислиш, кога сите баби би излегле да продаваат чај на тротоар, што би се случило?
-Никој не би можел да го паркира автомобилот на тротоар.
-Не смее да се паркира на тротоар.
-А зошто полицаецот не ги носи автомобилине како бабата?
-Каков е оној автомобил?
-Нов ауди.
-Одлично. Баш затоа. Ако беше некој стоеден, би го однел. Но ауди не смее да се носи.
-Таков ли е законот?
-Да. Непишаниот. Имаш и пишани и непишани закони. Пишаниот важи за бабата, а непишаниот за аудито. Што мислиш, се плаши ли полицаецот од бабата?
-Ама си ти тато смешен! Како ќе се плаши полицаецот од бабата?
-Никако, затоа и ја носи. А од оној кој има ауди се плаши. И затоа се прави дека не го гледа. Кога имаш добар автомобил, тогаш смееш се.
|
Последни коментари