од Zelka на 27 ное 2004 - 02:49
Скорешниот (постои ваков збор у мак. речник?) сплет на настани ме убеди да прочачкам малку по интернет околу некои прашања кои имаат некаков удел во нашиот живот, или ние имамe тенденција да мислиме дека тоа е така, лепејќи си ја бељата сугестивно воедно обдивајќи одговорносота и вината која можеби е наша.
Можеби тоа што не сакаме да прифатиме вина сами на себе, си наоѓаме некаков резон, и сме измислиле накакви термини од тој контекст. Јас ќе пробам да ја напишам сторијава, и за разлика од предходната која за среќа не ми ја објавија, пишувана во момент на афект.
Првиот збор е Среќа, значејќи "Склоп на настани или момент од животот, делувајќи исклучиво на себе, проследен со дoбри и убави нешта, кои сами од себе да се случуваат".
Добро, еве ја првата дефиниција. значи никој не ја пишува среќата. секој сам си ја носи среќата сам со себе. Некои луѓе ја поседуваат во изобилство, се им трга од рака, ги сакаат жени, добиваат повишици на работа пред сите други итн. тие што се благословени со малку или лоша среќа-го јадат. На пр. им се случуваат неверојатни необјасливи работи кои се штетни врз таа индивидуа, пропратена со лоши концеквенции. губат работа, ги остава жената, реал дава гол у 94 минута од пенал и губи сингл од 15000 денари, му се дупнува гума на сред автопат додека истура комбинирано дожд и град, ацдсее-то селектира директориум полн со необработени фотографии кои бидуваат бришени и од картица и од хард диск.
примерите можат да бидат бесконачни. Сите ние ја имаме остено добрата и лоша среќа. не верувам дека има човек на планетава кој негира и не верува дека постои терминот "среќа". би ја продал душата на ѓаволот само да ми се подобрат среќните ѕзвезди кои ме имаат заборавено негде...
Втор збор/(слеш)поим е судбина. "настан, или склоп на настани кои без оглед на МОРААТ да се случат". Има полемика околу тоа дали ние сме капетани на бродот наречен судбина а ние имаме комплетна контрола врз тој одреден брод. Или пак можеби ние сме само туристи на некој брод кој си плови у патека одредена од капетанот кој не сме го виделе а знаеме дека е тука...
Е, освен секој со својата среќа, секој со својата судбина. Јас искрено ја имам осетено судбината (или можеби сакам така да мислам) како делува на мене. тоа што не беше потребно се тргна на страна, и сите празнини нагло се пополнија, добивјаќи го тоа што јас го сакам, додуша утешна награда беше, но сето тоа толку рандом се случи што останав збунет и убеден. Има еден опасен аргумент, што одамна го паметам кој се вртеше по ББС-овите а гласеше: "дали ако во судбината ми е пишано дека мора да ме згази кола, и јас го знам тоа и седам дома, дали колата ке ми влезе во стан и ќе ме отепа, како што мие пишано, таму некаде...". тоа е нели само ако постои судбина, или ако ние веруваме во тоа. значи сум си рекол дек јас сум си капетан на мојата среќа и судбина јас ќе правам тоа што сакам, и ќе ми се случи ама исрено само се лажев себе си. се се случува поради некој причина, ви текнува?
Карма. Збор кој во скоро време го одкрив вистинското значење околу тој поим. некако ја почитував и и верував од се срце, но бидејќи не сум лош човек и не правам лоши работи, им помагам на луѓето на кои можам да им помогнам, и ред други примери, таква ми е душата и не се форсирам поради тоа. Значи какви работи чинам, такви работи требаат да ми се случуваат, но за жал не ми излегува така. само на лошо ми иде...
Еве ја дефиницијата, незнам колку е коректно пишана или јас да сум ја превел како што треба, хир ит гоес, Законот на морално постапување, исто така и човечката ознака за направено лошо или добро, декор на душата зависно дали е добар или злобен човекот сведени од постапкиоте на персоната. ако прави добро, добро ќе му се врати, ако прави лошо, знаете... кармата, на секој човек се вели дека се префрла при нивното раѓање, за да продолжи и контиунирано да се реализира. можеби до точка не е таа дефиниција, но глобалната слика е таа(ќе ме јадете за ова, ако се надевам дека ќе ме научите нешто). колку што сум јас упатен, јас треба да бидам награден за моите поштени и фини постапки спрема луѓето. или сум бил тежок тиранин во предходниот живот па сум се реинкарнирал у фино створење ама благословено со лоша карма.
Сите три поими ме разочаа во последно време, па се трудам нешто да си објаснам но никако не ми успева. која е таа козмичка, боженсвена било каква енергија/влијание кое се одразвуа на нас? постои ли тоа или е само продукт во нашата глава? можеби е комплекс или начин на утеха, за сите срања у нашиот живот кои ни се дешаваат? и што е епилогот на сите тие срања? да проголтаме, преболиме, си ја исчитиме прашината од падот и исправено на две нози да го погледнеме живот очи у очи и да има кажеме на овие три работи горе -КОЈ ВЕ ЕБЕ!, дрско до тој степен да ги предизвикаме, заедно со животот и со едно искуство повеќе да продолжиме да чекориме напред.
Ми отиде поентава негде... ух, зошто имаме тенденција полоши него подобри работи да ни се случуваат, незнам? дали има удел судбината во тоа како shufle прави на работите во нашиот живот, повторно незнам? дали судбината ни се смее и ни прави бељи? или пак можеби ние сме станале стереотипни луѓе, кој заборавиле да уживаат кога сме среќни, а повеќе се концентрираме да срањата кои (мене) ни се случуваат во нашиот живот. Ако ништо друго, останува да се анализираме во моментие на несуспех, станувајќи се појаки и појаки, со повеќе а'кл и искуство...
(можба од баба на жаба се префрлил, негде по пат но не ми замеравајте).
Последни коментари