За Ангелот
од Julls на 16 окт 2004 - 13:56
„Копнеејќи за неа јас често седам во нејзината сенка...“
Стар Завет
Надеж.
Колку далечно тоа звучи, колку боли кога и таа умира.
Зар е тоа последното нешто што секогаш останува?
Зар таа има почеток и крај?
Таа, нејзиното Височество, Надежта, таа не остави во заблуда.
А Ти, моја драга Пријателке, не остави да се надеваме.
Дека Твојот Ангелски лик, и понатаму е тука некаде..
Ти беше Ангел на Земјата, сега си Ангел на Небото.
Не напушти кога Надежта ни даде Надеж, да се надеваме..дека ќе останеш наш Ангел на Земјата.
Не напушти кога не се надевавме дека Ти ќе не напуштиш.
Ти беше Ангел на Земјата, сега си Ангел таму горе, каде и да си..
Твојот лик ќе остане секогаш со сите нас, кои те сакаме и почитуваме.
Твојот Ангелски лик нема да биде тука,на Земјата .. но остана со нас.
За Јулија, Ангелот што го познавав. Ти никогаш нема да си одиш од нашите животи.
Почивај во мир, моја мила пријателке.
|
Последни коментари