12 март, 2010 - 18:14
[веб кирилица]

Како подарив 150 денари

од Новица на 3 окт 2004 - 07:02

Петокот навечер си го спремав за 103 журката. И ќе одев на журка (добра ли беше?) ако во Милениум играше нешто друго. Арно ама, играше „Како убив светец“ на Теона Митевска. Решив да го гледам филмот бидејќи е македонски филм. Читав негде добил награда за главната машка улога, па бил за нашава ситуација... па си реков не може да биде многу лош. Додуше и некој да ми кажеше дека е лош, ќе одев да го гледам, па и не ми е многу жал што ги подарив 150-те денари на така лош филм.

А да, оние од вас кои сакаат да го гледаат филмот, а го пропуштија во петокот, нека не го читаат текстов надолу. Исто извинете ако нешто е конфузно подолу -- таков беше и филмот. :)



Па да почнеме од почеток. Прво Теона и Лабина дадоа неимпресивна најава на филмот -- добија аплауз. Потоа газдите на Милениум не давеа 15 минути со реклами. Потоа претпремиерата на филмот почна. Чисто информативно, премиерата ќе биде на 1 ноември.

Она што го знам за филмовите е дека филмот мора да го држи вниманието на гледачот 90 минути, да го води за раче, и да не дозволува овој да си поставува премногу прашања (море ич!) од типот зошто ова?, како она? додека трае претставата. Работите кои се случуваат на платното мора да функционираат совршено, да има логика, да биде така како што треба. Ова важи за сите филмови: од големата холивудска продукција, до малата инди продукција. Ако филмот го нема ова, тој нема ништо.

Сега назад на „Како убив светец“. Вниманието ми го држеше мојата одлучност да видам што направиле македонските филм-мејкери. Мојот заклучок - не направиле многу. Ако сакам да ви ја раскажам приказната на филмот - онака на кратко - богами ќе треба да се помачам.

Приказната беше за една девојка - македонка која се враќа од САД во екот на воениот конфликт 2001-та. Зошто се враќа? Добро прашање. Претпоставувам се враќа за да си ја види/земе ќерката... (Претпоставувам додуше, дека Виола (Лабина) е главниот лик, па приказната е за неа.) Приказната може да биде и за младото момче Кокан - братот на Виола и неговиот гнев кон работите што се случуваат наоколу. Во филмот, тој е тој кој ќе го фрли оној каменот кој уби еден НАТО војник. Момакот е гневен нешто, па ќе одлучи и да го убие аташето на Американската амбасада. По играта на судбината, Виола била преведувачка на аташево, и види американецот да ти бил татко на нејзинотот дете. Нема сомнеж дека од ваква материја може да се извади добар филм. Холивуд вадел добри филмови и со помалку од ова. Но можеби Теона требала да поработи уште некоја година на сценариото и филмот. Негде прочитав дека 2-3 години и требале да го направи ова како што сега е.

Океј, можеби филмот и не е за судбината на овие два (и другите) неколку лика. Можеби е за ситуацијата во Македонија -- онака општо, најоптшо: дека е срање и тоа. Ама пак е фаличен, расштркан, нелогичен. Камерата не е ништо посебно. Фотографијата и режијата исто. Сценариото едноставно не чини.

Трета опција: Може филмот има некој мета-текст кој е недофатлив за моето гледачко око. Во ова сериозно се сомневам, ама ќе си повлечам се што реков ако е така. :)

Почнува филмот. Излегува Виола од авион. Си одат дома. Го запознаваме семејството. Нивниот роднина ги вози дома со службената кола - тој е шофер на оној аташето ако ви текнува. Стигаат дома. Кокан нешто се исфурува и си оди. Виола врти кај негде и зборува на англиски (подоцна дознаваме дека сака да прави муабет со својата ќерка). Оди кај својот дедо. Тој спие. Таа вика да го разбуди. Влегува татко и.
Реплика:
Таткото на Виола (тивко)
Шшшшшш, не слуша. .... .... (или нешто така)

Тука се насмеав прв пат. Добро, ако не слуша, зарем може да го разбуди со викање? Рез. Кокан со својот другар албанец кај некои криминалци. Треба да бркаат работа, да шверцаат нешто од Србија. Рез. Нешто подоцна, тие двајца се скаруваат. Рез. Журка во градот. Во диското Шоферот и вели на Виола дека „знае зошто е тука“ - и толку. Караница во тоалетот. Кокан се кара со девојката која е некоја водителка на ток-шоу. Ги крши огледалата во бес(?!?). Рез. Спијат кај албанецот и потоа налутено си одат(?!?). Рез. Одат за Србија. Вечарта додека се таму-ваму, мајката и таткото на Кокан и Виола имаат гости. Од за мене непознати причини постојано ги гледаме нив, меѓу сцени. Се веселат, играат оро. Каква поента имаше ова стварно не ми е јасно.

Значи одат во Србија, зема Кокан тоа што треба да земе. Таму, додека чекаат Виола му се исповеда на Кокан. Ахам, дознаваме што била финтата со зборењето англиски -- не вртела во Америка. И тука сеуште постои шанса филмот да тргне на добро. Ама не. Нема да биде така.

Сега се враќаат назад. Кокан свесен дека полицијава ќе го бара ја менува својата торба со онаа на сестра му. На граница, во автобусот полицијата ги гледа пасошите, го препознава и го носи Кокан на претрес. Во ташната му наоѓаат кармин, чешел, прслук (добро која девојка носи прслук во ташна?), и полицајциве мислат дека овој е педер или транвестит или нешто така. И додека цајканов му се курчи на угул-гол соблечениот Кокан, автобусот се спрема да си оди. Сестра му тропа на прозор и вика дека го бара брата си, дека не оди без него, тие ја качуваат во автобус. Е океј. Значи за полицајциве Кокан е осомничен за нешто. Имаат причина гол да го соблечат. Па добро, ако веќе е толку критично, зарем нема да им текне и сестра му да ја претресат? Ако ја пропуштија при читањето на пасошите (имаат исти презимиња и адреси на живеење), зошто ја пропуштија пак кога таа тропаше по прозорите? Ебати наивната полиција.

Автобусот си оди. Кокан трча пешки преку граница. Во автобусот Виола се расправа со возачот. Врати се назад, брат ми е таму - вели таа. Возачот вели не. Ама брат ми е таму, го држат на граница. Возачов - не. Се чувствува мал климакс. Сега ќе се случи нешто т.е. би требало да се случи нешто. Вилоа вели - значи не се враќаш назад? Возачов не. И таа си седнува на место. What the fuck? Камо акција. Крени ручна, сврти го воланот, почни да плачеш, скокни низ врата. Ништо.
Си седнува на место, гледа дека брат и имал нешто „спорно“ во торбата. Ги става стварите во јакна, торбата е празна. Додека патуваат почнува да и се пушта еден Ром. Верните гледачи на Циркотека на БТР ќе го препознаат водителот. И ова беше тотално глупо. Некакво клише. Подоцна УЧК ќе го испразни автобусот. Ќе одат пешки до Скопје. И тука уште еден пропуст. Филмот јасно на почеток вика „Македонија 2001“, а крстот свети ли свети над градот ноќта кога ќе стигнат.

Во меѓувреме Кокан иде пешки преку граница. Наидува на, пазете сега, означено минско поле. Ги соблекува патиките и пешки го преминува целот поле, чекор по чекор, цела ноќ, и останува жив. One lucky motherfucker. Како да поверувам дека овој копиљ го помина минското поле? Аман. Океј е кога Џејмс Бонд ќе премине минско поле, али знаеме дека тој го може тоа. Тој е Бон, Џејмс Бонд. Кој е овој Кокан?

Скопје. Шоферот-роднина го зема Кокан на негов повик. Го носи дома. Овој се дотерува. Спрема бомба. C4. Нема лабаво. Оди со својот роднина кај аташето да го земат и да го носат на некаков состанок. Пауза. Како побогу, шофер има овластување да качи трето лице во колата и да оди со него до резиденција на атеше? Зарем аташето нема телохранители или нешто така? Океј бидна. Стигаат таму. Кокан ја гледа ќерката на аташето. Му ја зема актовката и ја става во багажник. Таму за 30-тина секунди ја обива, го става -- пазете -- го става експлозивот внатре, магично го подесува да експлодира. Не знам како дали на отварање или на време. Попат во муабет собира два и два и дознава дека американецот е татко на детето на сестра му... Како до сега да требаше да прифатиме малку работи чисто „како такви“, сега треба да прифатиме и дека Кокан бачко, е некаков си експерт за правење бомби. Па по ѓаволте, од каде знае тој да прави бомби? Си одат од таму. Бомбата ќе експлодира во живо на телевизија.

Утрото, оној киминалецот од почетокот на филмот оди кај Кокан дома да си ги бара парите. Прави некој глуп филм со родителите. Кокан се враќа дома, па татко му му прави нему некој глуп филм... бла бла бла. И тука не ми е јасно зошто типов одлучи да го малтретира само Кокан. Мислам ајде, криминалец, должни му се пари и тој одлучува да малтретира еден од должниците?
Албанецот другар на Кокан, лагано се шета низ градот и ја наоѓа Виола во парк. Таа токму таму одлучи да бара такси за да ја носи до граница. Ја носи во кафана и ја бара за жена. Хм, ова да беше на почетокот на филмот, па тука да се вртеше приказната, може и ќе бидеше нешто од филмот.

Виола одбива и си оди. Оди до резиденцијата. Не знае што се случило. Се шета околу оградата. Наоѓа буре. Го исправа, се прекачува. Ѕвони, се тегне со жената, го зема девојчето и си оди. Хм, хм, хм... од каде буре покрај оградата на резиденцијата? Зарем обезбедувањето на американецот не ги отстранило сите потенцијално опасни предмети околу резиденцијата? Нејсе. Само што извршија атентат на типов. Зарем нема обезбедување во куќата. Полицајци, војници, тепачи кои ќе ја заштитат женава? Аларм нешто? Си прошета момата како низ турски гробишта и си го зема детето. Да одиме сите утре да се прекачиме во америчка амбасада.

Во меѓувреме Кокан ја губи присебноста. Човекот кој ладнокрвно направи бомба, ладнокрно за пола минута ја смести во актовка... откачи и улета во студио во живата емисија на девојка му и кажа дека ја подметнал бомбата. Откачи, ух, можда бил луд. Јеби га... Али како го пуштија во студио? Како уопште влезе во зградата во телевизијата? Другар е со сите па се прошета низ просториите...

Потоа си отиде од таму и појде кај криминалецов. Таму се скара нешто со него и овој го уби. Не знам зошто не и се јави на сестра си, и не и ги зема тие работите што ги шверцаше. Јес да нејзе и паднаа (или барем торбата и падна) кога се прекачуваше преку оградата, али од кај па он го знае тоа?

Филмот заврши со сцена со уплашените мајка и татко, несвесни за патешествијата на своите деца, како седат во темна соба и ги слушаат бомбите во далечина. Надвор пред куќата седи Виола со својата ќерка (која спие?!?!). Доаѓа дедото. Вика дека утакмицата е одложена. Крај.

Крај. Стварно крај.

Е тоа е филмот. Ако дочитавте до овде, што да ви кажам, одете - гледајте го. ;-)

После ова можам само да си се запрашам кој беше шупакот од Министерство за култура кој оцени дека сценариото (а со тоа и филмот) вреди да биде финансирано. За филм-мејкерските способности на Митевски&Cо не вреди да се арчи бендвит. Искрено се надевам дека ќе прават бољи филмови во иднина, пошто се чини дека и така и вака ќе добиваат пари да ги прават.

П.С. Малку оф-топик, али патот патот ме одведе во ГТЦ, па да си се изнасмеам до крај. Во подрумот во ГТЦ има две продавнички за пиратска музика и софтвер. И тоа не е се! Продавничкиве имаат фискални каси и имаат залепено она „ве молиме земајте фискална сметка“. Значи луѓето од Министерството од економија дошле во ГТЦ и фискализирале две продавници што продаваат нелегални производи. Одлично. :)

Опции за гледање на коментари


Како подарив 150 денари - од ТАНЧЕ на 3 октомври, 2004 - 08:08

Извини а главната женска улога Лабина ли ја играше????????????

Како подарив 150 денари - од volkot на 14 октомври, 2004 - 00:11

ova vrska nema

сликата на anastas87
Како подарив 150 денари - од anastas87 на 3 октомври, 2004 - 12:04

Мрњау, ништо не разбрав.

Ова за перење мозок, а?!

сликата на StormAngel
Како подарив 150 денари - од StormAngel на 3 октомври, 2004 - 14:19

Се се,ама повеќе мерак ми прави овој новиов филм шо е во план да се снима!=))))
Маскенбал нешо,шо ти ја знам...Мада не ми беше муабетот таму.
Искрено,добра сторија.Само едно не знам,дали навистина филмот е ваков.
Како и да е,добар потрошен бендвит.
А како се вика филмот?

сликата на dimitar27
Како подарив 150 денари - од dimitar27 на 14 октомври, 2004 - 12:06

...А како се вика филмот? ...

O Ljoch ! ! !
Ti citas pricata sto ja ocxenuvas ko DOBRA ili onaka letimicno proletuvas?Deka razbiras kaurski se znae,posto odlicno pisuvas,bez greski,ama citaj malku PONORMALNO,da ne recam i samo CITAJ,posto toa se podrazbira pod citanje,toa sto go citas,i da go skontas,kontas?
I da,filmot se vika "KAKO UBIV SVETEC",sto e spomnato edno 3 pati vo tekstot koj e tema na komentarive:))

Како подарив 150 денари - од Spartak на 3 октомври, 2004 - 17:06

Очекував комплетен филм... ако ништо друго да биде барем пристоен за гледање.
Фали добра разработка на сценариото.... па после и пристојна продукција.

Луд е делот кога Кокан хара по минирана нива цела вечер по бела чорапа и сабајлето замислете.... чорапите му се уште бели, гипс бели, а во сцената кога ги соблака кондурите има 10см кал на нив... филмот имаше многу дупки... одамна не сум видел волку лоша фотографија.

И не знам до кога нашиве филмаџии упорно ќе прават филмови базирани на актуелната ситуација... црнила и беда. Ок разбирам до некаде... средства за изразување ама можете и поинаку, дефинитивно можете!!
Да му ебам мајката, оставете ги овие 10години наназад.... направете универзална приказна да ја видиме вашата фантазија и креативност, помалку ограничувања ве молам!!

Во исчекување сум на Големата вода...

Лабина повика после прикажувањето дека нели сме можеле да ја пофалиме или критикуваме, некој го направи тоа??

сликата на SuperGirl
Како подарив 150 денари - од SuperGirl на 4 октомври, 2004 - 10:21

Во исчекување сум на Големата вода...

Големата вода е многу подобар. И на тој филм фалат по некои доработки, ама бар има концепција. Оправдано стана македонски кандидат за оскар...во таа конкуренција...

сликата на Муцко
Како подарив 150 денари - од Муцко на 4 октомври, 2004 - 04:57

Овој „Светец II“ на Теона (=Божица, Светица?) не сум го гледал, и немам намера во скоро време. Ни филмовите на Милчо Манчевски не ги сметам за нешто генијално. Единствен македонски филм снимен во последнава декада кој би можело да се нарече „генијален“ е „Збогум на XX век“.
А бе јас не сум по филмовите, ама едно време сакав да напишам сценарио за краток (15-20min) филм врз основа на еден мој генијален расказ. Ако чита некој млад режисер, нека ми се јави.
Всушност, јас имам веќе направено неколку полуминутни филмчиња врз кои е додадена компјутерска 2D графика; да не има некој заинтересиран Баграџија да ги види нив?

Како подарив 150 денари - од Obi на 4 октомври, 2004 - 06:14

Јас пак слушнав дека тој Збогум на XX век бил тешко срање. Затоа не сум го зел да го гледам уште.

Добро све у свему Македонија има многу незрела и неразвиена филмска индустрија, примарно поради тоа што нема пари за тоа. Во Србија излегуваат филмови секоја недела. Кај нас еднаш годишно ако излезе Македонски филм, прво ќе има премиера низ цел свет а на крај во Македонија...
и на тоа се радуваме.

и сеа ќе го цитирам цимеров мој од Штип и ќе кажам "Ма се у пичку матер"!!!

сликата на farcuaad
Како подарив 150 денари - од farcuaad на 4 октомври, 2004 - 08:56

Слушна ли некој музика за време на филмот?
Освен онаа од рекламите пред тоа?
Ужасно искуство, па и петок вечер ми се погоди.

Како подарив 150 денари - од Aleksandar_III на 4 октомври, 2004 - 10:09

...ја'зк...за 150 денари правиш проблем...да не очекуваше (за тие пари) нешто ала Спилберг да видиш...и...и што да кажат нашинцине од дијаспората што секоја година фрлаат (дури) по 5 долари за Македонија...[се смее])...
...шега на страна...апсолутно верувам во твојот вкус (дека филмот е шајзе),но од друга страна сепак ми доаѓа убаво од помислата дека еве,нешто се прави и кај нас,па макар тоа било и вакво(никакво).Секое помрднување од состојба "0" па нагоре(па макар било само за "1") за мене е позитивно,оти какво и да е,тоа си е наше,толку можеме,толку знаеме.

Како подарив 150 денари - од fLeX на 4 октомври, 2004 - 11:45

алоо..сите карти се 150 па и некогаш 18о ден. И за Спилберг и за Митевска...тоа е до киното, не до нив;) и очигледно не сме се мрднале, него идеме у крив правец:)

Како подарив 150 денари - од crazy_bitch на 4 октомври, 2004 - 10:41

Jas pogolemo gjubre odamna ne sum gledala.

Se mi bese jasno od start koga dvete "filmski umetnicki" resija da ni posakaat dobredojde i se razligavija pred polnata sala. Odvratno. Filmot bese uste poodvraten. Ostanav do krajot so nadez deka nekako ke se razvie. Ama jok. Na curite im lazat mravki vo glava, pa ne se vo sostojba da razvijat nisto. Oni sto se kokoski, OK e toa. Ama ne mozam da razberam koj idiot im dozvoli da potrosat tolku filmska lenta za nisto. Pa toa e zalno.

Moeto prasanje e:
Od kade Labina glumica, od kade Teona reziserka t.e. dramaturg zaedno so bratot Vuk?

Mene navistina nisto ne mi e jasno. Koi se vrednostite, i kako se vrednuvaat nestata?

No, toa e sto e. Fufite si se zabavljaat, a na smetka na toa maltretiraat masa narod. Ama ne se oni krivi. Si pravat toa sto si mozat. Definitivno nie sme budalite sto gledame, slusame, trpime sekakvi gluposti.

Како подарив 150 денари - од Obi на 5 октомври, 2004 - 03:39

Теона има дипломирано на Kanbar Institute of Film and Television at NYU's Tisch School of the Arts.

сликата на Chombe
Како подарив 150 денари - од Chombe на 5 октомври, 2004 - 04:35

Ете кај да ги барате парите назад. [намигнува]

Како подарив 150 денари - од stefanov на 4 октомври, 2004 - 11:23

Немој да бидеш строг со девојчињата, толку им сече... Ова само покажува дека се поспособни да најдат пари отколку да направат филмче... Бидејќи ова е филмче... мало фамилијарно филмче... Не е проблем е што ги трошат парите од данокот што го плаќам на државава и не навлекуваат да гледаме глупости само затоа што се македонски, главниот проблем е што Нас не претставуваат во светот лажно, погрешно... Ние што останавме во Македонија за време на конфликтот и бевме мобилизирани не ги видовме работите такви. Ако веќе ставиш година и место треба да го поставиш филмот на реални факти. Да не патуваш цел ден и цела ноќ од „далечното место“ Србија, блокади на патот и бегалци згрижени од УЧК...
Знам дека „историските“ филмови се прават според тоа како афторот го доживеал настанот, како го видел низ неговото уметничко око ама до толку погрешно да се видело страшно.
Според мене ова е филм на една Плачка и една Лажга заедно со братот... Не ја знам неговата улога во филмов освен дека е брат на филмот. Лабина цело време плачеше, Теона цело време лажеше, братот... незнам што правеше...
Нешто за авторите на филмот ако случајно го читаат ова:
1. Не е лесно да се прави филм, а?
2. Не ли ви е срам сега да се појавувате на улица?
3. Колку пари даде Мин. за култура и кој конкретно?
4. Ако сакате критика дајте го мејлот!

Не верувам дека ова ќе ги тангира, или дека ќе ги читаат овија критики на багра, таков им е ставот, го видовме тоа на отворањето на предпремиерата за „правите скопјани“ да го виделе филмот... А „правите скопјани“ ракоплескаа на закрпеното локал патриотско его...
Што се однесува на критиката во лобито дали ја дадовме или не... После филмот избегав... толку бев напизден што ако тогаш отворев уста ќе излезеа само грди работи...

Како подарив 150 денари - од .aMEBISIMUS на 5 октомври, 2004 - 00:08

Јаs не сум го гледал филмот на Теона, ама ако е вистина она што го кажа Новица тогаш е стварно срање.

Мислам дека најголем проблем е тоа што не сфатила авторката дека ако за нешто не те бива подобро да не тераш инает дека те бива. Ако не знаеш да направиш квалитетна и уверлива причица, остави им го тоа на тие што го знаат. Tакви барем во Македонија има многу - и тоа многу добри. Има многумина што мислат дека можат, ама не е така (имаше и у форумов едно типче што мислеше дека знае да пишува - додуша и не беше толку за никаде како Теона, ама лошо си е лошо).
Меѓу другото најголем проблем на повеќето нови македонски филмови е немањето добра приказна (ако ги тргнеме останатите филмски елементи за кои треба пари). Затоа е филмот ГОЛЕМАТА ВОДА голем филм (и да не беа толку квалитетни фотографијата и музиката) - приказната е од еден врвен уметник во раскажувањето Живко Чинго. Јас додуша во школо коа требаше да се чита го мразев, ама после кога му се вратив зашто јас сакав, сфатив колку е добар.

А за тоа дека од Министерство земале пари – WELCOME TO THE REAL WORLD – тоа се вика монопол на продукциите: се додека немаме независни продукции за квалитет ќе одлучуваат разни Јанковци-Станковци што квалитетот им е последно мерило.

Како подарив 150 денари - од Spartak на 4 октомври, 2004 - 12:37

Денес ми текна дека Лабина бараше не знам колку илјади евра оштета од НАТО затоа што вистински НАТОовци упаднаа во онаа сцена со плакатот NATO GO HOME и претрпеле големи загуби бидејќи еден ден снимање пропаднал...
За тие што не го гледале филмот, сцената е 3 секунди долга со една парола закачена на еден надвозник и има неколку полициски возила наоколу.
Каква бламажа......

сликата на 3,14
Како подарив 150 денари - од 3,14 на 4 октомври, 2004 - 23:57

Ух,нарација бре...

Како подарив 150 денари - од SamoSvoja на 7 октомври, 2004 - 14:05

Ако некој очекуваше филм од Лабина и сестра и, што да кажам. хм. Филм прави интелектуалец/ка а не дроља коа оди по долен веш (во зима) со стари мажи низ центарот на градот сред бел ден.

Можеби е долна мојата реченица, али долно е и тоа што ни го нудат они. Ко ние у Макеоднија да сме ај сите дебили па се може да помине кај нас.

Како подарив 150 денари - од Zmija на 7 октомври, 2004 - 19:34

A ti neshto kako, naapana si?

Како подарив 150 денари - од veramaja на 18 октомври, 2004 - 23:39

Kakva vrska ima toa sto ide vo dolna obleka vo zima so stari mazi, ako ja biva da napravi film neka ide i gola so stari zeni i orgii moze da pravi, a sto ti znaci toa da bide intelektualka. treba da nosi mantija i naocari?! Sto se odnesuva do filmot makedonska verzija na Kasandra, duri Kasandra imase podobra montaza od ovoj glup film .. Pa filmot i pomina na drugi festivali nadvor od Makedonija sto kazuva "Sto"? za sevkupnata svetska publika. A toj balkanski kvazi egzotizam nesto kao kriza i ostanati gluposti se cini pominuva