Репринт: Дали Microsoft е големиот Сатана?
Кај многу луѓе постои забуната дека Linux и OpenSource софтверот постои за да му се контрира на Micrоsoft. Всушност ниту проектот GNU (проект кој има за цел комплетно слободен Unix оперативен систем), ниту Linux (како компонента на GNU) во времето на своето настанување не биле воопшто тангирани од Microsoft, ниту биле на некој начин под директно или индиректно влијание на M$. Зошто? Од проста причина што тогаш Microsoft и не бил некој влијателен фактор во светот на компјутерите.
Следи превод на текст од www.gnu.org со наслов "Дали Microsoft е големиот Сатана" во кој се објаснува што нечини кај Microsoft, но и кај другите софтверски(а и други) компании. Ако те интересира твојата слобода читај понатаму...
Многу луѓе мислат дека Microsoft е огромната напаст во софтверската индустрија. Дури постои и кампања да се бојкотира Microsoft. Овие чувства се поинтезивни откога Microsoft изрази активно непријателство кон слободниот софтвер.
Во движењето за слободен софтвер, нашата перспектива е поинаква. Ние сваќаме дека Microsoft прави нешто што е лошо за корисниците на софтвер: тие го прават софтверот затворен (proprietary) и со тоа им го одзима на корисниците нивното право на слобода.
Но Microsoft не е сам во тоа; скоро сите софтверски компани им го прават истото на корисниците. Ако другите компании успеат да доминираат со помалку корисници него Microsoft, тоа не е поради помалку обидување.
Ова не е предвидено да го оправда Microsoft. Всушност, намерата е да биде подсетник дека Microsoft е природниот развој на софтверска индустрија базирана врз делење на корисниците и зимање на нивните слободи. Кога го критикуваме Microsoft, не смееме да ги ослободиме од одговорност другите компании што исто така прават затворен софтвер. Во FSF (FreeSoftwareFoundation) ние не користиме никаков затворен софтвер - не од Microsoft или од било кој друг.
Во "Halloween documents" објавени при крајот на октомври 1998, директори на Microsoft изјавуваат намера да користат најразлични методи за да го попречат развојот на слободен софтвер: конкретно, со дизајнирање на тајни протоколи и фајл формати, и со патентирање на алгоритми и софтверски опции.
Овие попречувачки концепти не се ништо ново: Microsoft, и многу други софтверски компании, го прават тоа со години. Во минатото, веројатно, нивните мотиви беа да се напаѓаат меѓу себе; сега, изгледа, ние сме помеѓу намерачените цели. Но таа промена во мотивацијата нема практични последици, бидејќи тајните стандарди и софтверските патенти го попречуваат секого, без разлика на "намерачената цел".
Тајновитоста и патентите му се закануваат на слободниот софтвер. Тие не` попречуваа многу во минатото, и мора да очекуваме, во иднина, така да прават уште повеќе. Но ова не е поинаку од она што ќе се случеше дури и ако Microsoft никогаш не не` забележеше. Единствената вистинска вредност на "Halloween documents" е дека Microsoft изгледа мисли дека GNU/Linux системот има потенцијал за огромен упех.
Фала ти, Microsoft, и те молам истави се од патот.
Забелешка на преведувачот: Текстот се обидов да го пренесам што подоследно до оригиналот. Единствено додадов линкови на некои поими со цел да се дообјаснат. Посебно би препорачал да се прочитаат "Halloween documents", кои се интерна коресподенција на Microsoft која излегува во јавност и која е дисекцирана од Eric S. Raymond.
- Додај нов коментар
- 4141 читања

Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Svetot ce bide poubavo mesto za ziveenje ako se ragaat pomalku luge kako Bil Gejts.
Site sto se luge na mesto ce glasaat za nekoj izum koj ce ja zastitit zivotnata sredina i so inovatorstvoto nema da ima moznost nekoj da zloupotrebuva i da upravuva so svetot.
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Pato e masoven za celo selo
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Никогаш не сум можел да сконтам зашто постои толкава омраза кон Мајкрософт. Дечките решиле да си прават кешарица со својот софтвер, и супер им иде. Океј, слободен софтвер е супер и све тоа, ама никој човек (не викам програмер, пошто ова важи за сите) нема вечно да верува во идеали и вртоглаво да оди во пропаст.
Секој си го цени својот труд и ќе бара како-таков надомест. И додека VA Linux и RedHat као компании треснаа од берза и ги снема од берзата, Микрософт сеуште постои. Бил Гејтс не е сатана, не е чудовиштето од Лох Нес - него дечко што улетал у погоден момент и напраил добри пари. И сеа сите сме накурчени ради тоа.
Ако сакате избор - имате избор - имате други оперативни системи. Изборот да ги користите е ваш. Еден факт што корисниците на слободен софтвер одбиваат да го прифатат е дека слободниот софтвер не е подобар, туку само помалку користен, па затоа помалку дупки и проблеми се најдени. Беше интересно - омилената на опенсорсовците Мозила Фајрфокс има дупка каде што некој може да го имитира интерфејсот на браусерот, а со тоа да прави што сака. Фантастично. И реалноста е дека со време се повеќе и повеќе вакви дупки ќе се појават - како што повеќе луѓе ќе користат слободен софтвер.
And let the flames begin.
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Ај прочитај ги The Halloween Documents жити се. И види какви тактики користи Microsoft (FUD). Па после види дали ќе можеш да "сватиш".
Исто така не мрчи многу за наоѓањето дупки. Windows беше користен долги години, па никако не им текна да го patch-уваат port 139 OOB shitot, проблемот на примање големи IGMP пакети... и замисли, тек од Windows XP се појави интерен вграден firewall, кој, by the way, е срање.
Уште еднаш, прочитај ги документите што ги спомнав (ги има како линк во статијата).
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
> And let the flames begin.
и каква врска имаше твоево мислење со текстот???
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
>> And let the flames begin.
Некако ми изгледа дека поентата на целиот твој коментар може да се види во последната реченица. И искрено, не верувам дека ќе видиш некое фајде од него, од проста причина што флејм војните (започнати од коментари како твојот) веќе не се интересни, а и инволвираните страни обично немаат никаква полза од нив (со исклучок на троловите).
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Е пријателе... колку ти само не ги разбираш работите....
ми се чини дека D' Billy gang from Redmond ти го испрале мозокот.
Слободниот софтвер значи избор и не е нешто како страњата од М$ кои те задолжуваат да користиш некој програм, за да можат да те контролираат тебе и податоците што ги чуваш на твојата машина.
Слободниот софтвер е дефинитивно подобар и им дава поголеми права и избор на корисниците.
BTW: Еве ти еден од "баговите" на IE6 - рендерирањето на слики е такво што може при посета на некој веб сајт да отвориш "слика" која ќе ти инсталира програмче за remote контрола на твојата машина.
Ако сакаш уште нешто прочитај на slashdot.com што вика IBM за SP2 за XP
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Дечките решиле да си прават кешарица со својот софтвер, и супер им иде.
Во право си, нешто слично на ситуацијата со Телеком. Дечките решиле кешарица да си прават. Но, ние не го мразиме Телеком, нели?
Океј, слободен софтвер е супер и све тоа, ама никој човек (не викам програмер, пошто ова важи за сите) нема вечно да верува во идеали и вртоглаво да оди во пропаст.
Ако е супер, зашто би идело во пропаст?
И реалноста е дека со време се повеќе и повеќе вакви дупки ќе се појават - како што повеќе луѓе ќе користат слободен софтвер.
Барем ќе се средуваат во рок од еден ден. А не со следниот оперативен систем.
And let the flames begin.
Занес.
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Тешко е да се каже за Microsoft дека е Сатана. Впрочем, тешко е да се прават категоризации на компании воопшто ако се гледа од етички аспект, бидејќи така некако го разбрав поводот за овој текст. Едноставно, бизнисот е суров, а кластерот во кој се наоѓа Microsoft, ИТ е уште посуров: неизвесна иднина, технологија која галопира напред, барања на клиенти кои се менуваат кон разни правци, МНОГУ скап човечки потенцијал и слично...
Одговорот на етичкото прашање е многу едноставен: бизнисот си ги штити интересите максимално што може, и тоа на начини кои се до (или над, како овде, а поретко и таму) границата дефинирана со закон. Тоа често значи пропаст за оние кои се зафатени со ваквите удари до мера од која нема враќање - претежно помалите или поновите „риби“. Но, тоа нема да е случај со слободниот софтвер, барем јас сум убеден во тоа.
А за нечесните методи... хммм... Зарем подобри се овие нашиве кои со политичко рекетарство продаваат шитови по државниве институции? Секаков (најчесто неупотреблив и непотребен) хардвер, мрежи, обука, како и софтвер кој со години не проработува... Отидете во секоја поголема фирма овде и прашајте кој им го прави софтверот, од каде им се компјутерите... Па потоа прашајте ги дали успеале да си ги вратат паите откако увиделе дека „ги изработиле“. Или уште полесно: отидете во речиси секоја од нашиве фирми кои продаваат компјутери, правете се неинформирани и заинтересирани да купите компјутер од нив... Абе, ќе ви продадат и дигитален АТА-катаљон QWERTY прашок за лева полутка на АМД чипсет. Башка ќе платите нова, а ќе добиете стара - што мислите, зошто е лепенката позади? Вие мислевте стварно за сервис и гаранција? Тие наши „чесни“ бизниси, нашиот „растечки ИТ сектор“ и „менаџментот“ не се ништо друго отколку криминалци од кои би се згрозил и Microsoft. Таму барем има луѓе со човечки доблести, со некаков елементарен морал.
Затоа, батали муабети за етика. Ќе излезеш и сам (ако веќе не си) на „пазарот на трудот“ и ќе видиш колку тешко ќе си ја продадеш потта и умот. И за колку пари. Башка, еден ден можеби ќе се склепаш и своја ИТ фирма, прво во подрум, но со планови за проширување во сопствена зграда. Којзнае, можеби и ти ќе се вклопиш во оваа наша бизнис-идила еден ден?
Репринт: Дали Microsoft е големиот Сата
Защо да е сатана.Просто си развиват бизнес.По принцип всеки би могъл да го направи,стига да има акъл.....