За тие што не се шетаат доволно по архивите на Багра и ги пропуштаат одличните текстови од багра историјата еве еден од текстовите на Гоце од 15.12.2001.
Дел од младоста е да си глуп и секој што ти кажуе дека никогаш не се начукал
или лаже или е досаден до смрт или е Мормон, а највероватно е комбинација од
предходно наведените. Џабе овде ќе ти кажуваме дека пиењето е лошо пошто тоа
ти го кажала и мајка ти. ОК, не вистинската ти мајка туку мајката природа.
Лошата главоболка е само еден од начините со кои „мајка ти природа“ ти кажуе:
„Будало! Ти реков да не пиеш толку. Сеа ќе платиш!“
Утринските главоболки знаат комплетно да те уништат (исто како и мене сеа).
Гратис добијаш болки у стомак, киселини, ОГРОМНА главоболка, одвратна реа која
се шири од твојата уста и можеби лоша совест. Како и да е очекуваме само еднаш
да го искористиш текстов за лечење на симптомиве. Ако мислиш дека ти е потребна
нашата помош почесто инсистираме да контактираш со некое друштво на алкохоличари
кои заеднички се обидуваат да се излечат.
Симптоми
Откако најубаво ќе индигестираш огромна количина на алкохол тој во твоето тело
се разложува (измеѓу другото) во ацелдехид пред да се превори у помалку штетни
супстанции. Ацедехидот се заебава со твојот мозок, а истовремено служи како
домаќин за некои минерали кои тотално ти го сјбуваат нервниот систем. Како бонус
добијаш самлен крвен притисок, намалување на шеќерот у крвта, нај класична главоболка,
а богами и исто толку класичната смрдлива и сува уста, предизвикана од дехидрација.
И сето ова ќе произведе мрамурност, нервоза, непријтност, песимизам, болка у
мозок и привремено исчезнување на законите на гравитација.
Јачината на твоите „алкохолизирани чуства“ влијае од следните фактори:
Количината која си ка конзумирал(а) за одреден период на време
Твојата ензимска способност да се справиш со отровите
Твојата возраст
У превод, шо поише пиеш у помало временско растојание толку поише го осеќаш
алкохолот. И твојата тежина може да е фактор (шо помалце тежиш, току повише
осеќаш). Исто така битни се и генетските предиспозиции. И конечно, што постар(а)
си, толку повеќе осеќаш следното утро.
Спреми се за искачање
Сеа од кога знаеш како алкохолот делува на твоето кревко и малечко тело и знаеш
како ќе ти направи да се чуствува насабајлечки време е да дознаеш како да спречиш
и излечиш унтрински мрамурлук. Најубо би било да се спремиш вака пред да искочиш
од врата:
Немој да искачаш со празен стомак. Со гаранција, комплетно нереално би
било да бараме од тебе да си сктратиш прекрасен оброк полн со битни минерали
пред искачање. Може и да размислиш за симање на лекот против главоболка кој
ќе го најдеш на крајот од сторијава пред искачањето. Причината зашто храната
е толку битна е превенцијата алкохолот да иде директно у крвта.
Хидрирај го твоето тело! Грам превенција е вреден колку кило лек. Секако,
највероватно ќе се разбудиш у 6 сабајле со огромна желба да ја бунеш главата
под лавабо, но секоја чаша вода или овошен џус што ќе ја проголташ пред искачање
е важана колку дупла количина од истото насабајлечки. Сите знаат дека алкохолот
тера на мочање. Ќе мораш да ја замениш таа течност.
Припреми се за „семоќниот лек против мрамурлук“. Освен ако не си сигурен/на
дека ќе можеш да управуваш со булдожер насабјле треба да си фин(а) со себе
и со понтенцијалниот мрамурлук и да си спремиш од чудотворните лекови. Ќе
си заблагодаруваш следното утро за се што си направил(а) за себе си у минатото
додека си обелан(а) со ладна пот и лазиш полека накај фрижидерот.
Додека си искочен(а)
Добро, сеа си напунет(а) со храна и вода. Можеш да почнеш да пиеш ко стока.
Но додека се мислиш дали ќе пиеш пиво, вино, а можеби и Б52 (мммммммммм....)
има некои ствари кои треба да ги имаш на ум за да ги намалиш ефектите од алкохолот:
Одбери ја твојата пијачка со внимание. Има и други отрови покрај алкохолот
кои придонесуваат за бруталниот мрамурлук. Главното правило е да пиеш што
по бистри пијалоци, Многу полесно ќе ти биде после „светли“ пијалоци ко бело
вино, водка или џин одколку од црвено вино, ж'та, виски или сл. Исто знај
дека што повеќе има боја во пијалокот и е поевтин, толку повеќе отров има
у него. Исто знај дека ако иеш евтино црвено вино ќе добиеш и еден бонус отров
наречен тирамин и тоа ќе ти го дотера мрамурлукот до екстремни граници. Така
да многу пази на ви а ко кавадарка и витач.
Мешај го алкохолот со „неалкохол“. Ова ќе ти помогне да си добволно хидриран(а).
Офошен џус е особено добар избор. Ако се грижиш дека ова ќе те направи да
исгледаш како тотален лузер без алкохолен пијалок тогаш лажи ги твоите пријатели
дека тоа што го гледаат у твојата рука е штравцигер. Најверојатно и они ќе
бидат толку пијани што ќе ти поверуваат.
Консумирај помалку од една пијачка на саат. Твојот џигер разложува околу
пиво на саат, така што добриот расопред на пијачките низ ноќта ќе то овозможи
помала веројатност за мрамурлук.
Кога ќе се прибереш дома
Супер, се забављаше зела вечер. Можда повраќаше у таксито и заборави да остаиш
бакшиш, но не грижи се. Нема што да првиш сеа освен да се обидеш да ги симеш
алиштата и кондурите од тебе пред да се акнеш у кревет. Одеднаш твоите мисли
се вртат наоколу, исто ко што ти се врти се околу тебе, и сваќаш дека си го
уништуеш телото и дека ќе ти биде ептен многу лошо сабајлето. Што можеш да направиш?
Мочај! Тоа ќе ти заштеди минимум едно ноќно патување до вецето.
Исцеди ја содржината на една многу голема, многу пола чаша со вода. Тогаш
напуни ја пак и пиј уште. Ова ќе биде изненадувачки непријатно, но мора да
се направи. Ако поише ти одговара пиј овошен џус. Стварта е дека ти требаат
електролити кои ќе те одржат хидриран(а).
И ко за на крај, запамти дека не треба да зимаш аналгетици (тоа е лекот
за главоболка) од никаков вид во оваа фаза. Некои луѓе зимаат апчиња како
превентива иако неизбежната главоболка сеуште не е пристигната. Ова е лоша
идеа. Аспиринот го вознемирува стомакот и ги појачува симптомите на мрамурлук.
Ако толку сакаш да кркаш било какви таблети земи си мултивитамини кои ќе ти
помогнат да го надополниш витаминот Б кој си го измочал(а) во текот на вечерта.
Покрај тоа пиј многу вода и уживај во знаењето дека си си спремил(а) од „семоќниот
лек против мрамурлук“ кои среќно те чека наутро.
ВАЖНО: Иди на доктор веднаш ако приметиш дека имапш болки во стомакот
или ако најдеш крв во повраќаниците. Ова е знак дека си испил(а) премногу и
дека ти е потребна професионална помош (чистење на желудникот во локалната болница).
Преживеј го утрото после
Жив(а) си! Потапшај си се малку по рамото. Секако, некој се труди да ти начука
огромен метален клинец во позадината на твојот череп служејќи се со огромен
чекич и се што порано беа убави бои и звуци сеа ти личи на огромна количина
на болка, но важно е дека се уште си жив(а). Не си се удавил(а) во своите повраќаници.
Ова се све мали чекори. Еве неколку начини како да го поминеш утрото:
Врати се у кревет. Дали е работен ден? Јави се дека си болен/на, пак јави
се дека си билен/на. Ставрно си болен/на. Само прашај си го докторот. Има
два начина да се справиш со овој факт:
Луд(а): „Бев многу лош(а) и заслужувам да се осеќам ко гомно сеа
и единственото разумно решение е да си го одмкнам гзот на работа.
Разумен/на: „Здраво _____? (внеси го името на шевот или уште подобро
името на секретарката нашефот). Да, здраво, овде _______ (внеси го твоето
име). Слушај, мислам дека може да повраќам, па ќе останам у кревет малку.
Да, фала, чао.
Сериозно лажи дека имаш стомачен грип. Никој нема да те праша за детаљите,
а секако ќе звучиш очајно. На твоето тело му треба одмор додека се обидува да
се поправи.
Нема више алкохол. Највероватно уште алкохол следниот ден ќе ги направи
стварие само полоши за тебе.
Пази се од кафето. Повеќето од нас одма ќе посегнат по прекрасна шоља кафе,
а се ова е базирано на хипотезата дека ќе помогне да се разбудиш сабајлето.
Затоа тие што си знаат препорачуваат да си останеш подалеку од кофетинските
пакувања затоа што кафето дополнително предизвикува дехидрација
Водич кон „семоќниот лек против мрамурлук“
Еве го: плодот на целосното истражување против болка, семоќниот лек против
мрамурлук. Состојките не се базирани на персонална митологија. Ова е чиста наука.
Мора да се каже дека не постои лек за мрамурлукот од типот на пеницилин против
инфекција. Има неколку ствари кои можеш да ги ставиш во твоето тело за да ја
олесниш болката и да помогнеш на рапидното опоравување. . Следниов арсенал ја
содржи целата анти токсична муниција која ти е потребна и одкога брзо ќе проработи
врз твојот мрамурлук може и да ти помогне против хемороидите, а можда и е ти
ја напише семинарската. Внимавај, ова е официјалниот (патентиран) багра лек
против мрамурлук.
Земи 2 аспирина
Земи 600 мг витамин Ц
Земи една таблета Б-комплекс
Се ова убаво измешај го со:
1 банана
6 големи јагоди
2 лажици мед
1 шоља џус од портокал
1-2 шољи млеко
? лажички сол
Сеа се ова испиј го.
Овие магични состојки ќе ти помогнат да го рехидрираш телото, да ги замениш
еценцијалните минерали и витамини и да му помогнеш на телото да се отараси од
некои нуспродукти од метаболизираниот алкохол.
За главоболка која е недопрена од дрогите обиди се да ставиш кесе мраз замотано
у пешкир. Држ го на глава 20 минути, одмарај 10.
Пријатно пиење!
Последни коментари