Дали имаме недостиг на секс?
од StormAngel на 17 јул 2004 - 17:34
Текстов е инаку инспириран од последните неколку топици на форум! Секс секс и само СЕКС! А што поточно е тоа? Не знам дали само јас го имам овој проблем или дали сите го имаат, едноставно чувствувам дека недостигот на секс во моето секојдневие е некаков фактор за мое однесување и гледање на нештата и нивно разбирање. Се трудам да бидам кул, но знам дека нешто фали...
Еве летните одмори дојдоа, јас пак немам женска , пак нема да легнам ништо, и ете како ќе помине уште едно заебано долго топло лето. По цел ден прелистувајќи ги текстовите на Багра и читајќи кој колку искуство стекнал (се разбира од сексот) ахххххх! Како и да е, моето прашање е директно: Дали вие кои што го пишувате тоа што го пишувате, го мислите тоа? Дали навистина секс животот ви е толку исполнет, па да можете со него да мафтате како некое дебело портфолио со кого сте горди?
Да, можеби сум фрустриран, но дали не сме сите такви?
Еве знам, осеќам дека Анастас легнал нешто, и се прашувам што тоа ме снајде мене што не знам или пак не можам да легнам нешто?
Да... се чувствувам грозно и знам дека не ви е гајле, ни мене не ми е се додека ми текне колку навистина ми фали добар секс во текот на денот... неделата... месецот... море и цела година.
Текстов можеби нема поука, сигурен сум дека нема ни големо значење, ама колку толку прашањево е вредно, дали имаме сексуални фрустрации, на крај на краиштата дали ние се срамиме од нашата сексуалност? Било како, ја знам дека никад не би можел да и речам на женска ми: Ај да ми го пушиш. А глеам некои фраери тука имаат јајца да им го кажат тоа на полно женски! Ох, дајте бе? Би можеле? Кој е вашиот кодекс на успех, кој е толкавиот шарм што вие го поседувате па да женската одма ви падне на кревет?
Се повеќе ми се чини дека не сме ние мажите во прашање, дали сме ние добри или не, но дека сето ова е една голема фарса на голем екран, и има само една позадина:Задоволување на потребите на нежниот пол! (Нежен?!?... Give me a break) Па драги мои, не знам да пишувам, знам! Не сум некаков си Букаро или пак некој друг кој што се занимава со пишување, јас едноставно сум баграџија кој што има јавно прашање(а).
Дали ни недостига сексот?
И дали има спас за тоа?
Ахххххххх, и да, ова не е оглас, ова е само прашање кое што зуи во главите на многу мои драги исто мисленици и врсници. Да заборавиш како е тоа да водиш љубов е исто како да изгубиш чувство на светот колку тебе, да заборавиш како е да возиш велосипед...
|
Последни коментари