Еден збунет млад човек
од Robomarket на 8 јул 2004 - 13:32
Се решив да ја разбијам монотонијата што надвиснала над БаграДотОрг во последниве недела и пол.
Одиме...
(Како стоиме сега со монотонија? Оваа беше од декември. :))
МЕМЕНТО ЗА ОПТИМИЗМОТ
Смртта носи
црна одежда
и лицето не можеш
да и го видиш
во раката држи
коса што сјае
ги касапи
телата на живите
и им ги зема душите
безмилосно...
И Животот носи
црна одежда
и лицето
колку и да се обидуваш,
не можеш
да му го видиш
во раката држи
коса што сјае
ги касапи
телата на живите
и им ги зема душите
подеднакво
безмилосно.
разлика
има само една
Животот,
по потреба,
знае и да степува.
ДИЛЕМА
најпосле научив
да преболувам
едни девојки
во креветот на други
а нив да ги фрлам
откако ќе ми зацелат раните
и ги снижив
сопствените стандарди
научив да живеам
ден за ден
и научив
иако тажен едвнатре
да бидам среќен
однадвор
само не знам
дали е тоа
напредок
или назадување
ДВЕТЕ ЛИЦА НА ЉУБОВТА
некогаш љубовта е
најголемото задоволство
а некогаш е
длабока болка
во двата случаја,
стенкаме
НАСКОРО
Наскоро
ќе си оди
од мојот живот
а ќе ја видам
уште многу пати,
мал е градов
а нема да ја видам
никогаш повеќе,
голем е градов
ГОДИШНИ ВРЕМИЊА
сакам есен
мескокоткаш со суви лисја
сакам зима
ме милуваш нежно со снег
сакам пролет
ми ставаш цветови во косата
а лето обожавам
не ми правиш ништо,
ама носиш бикини
ЕТАПИ
во "фиќото" на дедо ми
моите родители,
дечко и девојка сеуште,
ги споила љубов и страст
и така на светот
дојдов јас
на креветот во спалната
татко ми и мајка ми
ја вржеле својата брачна должност
и - ете го мојот помал брат
мене и брат ми не испратиле
кај баба
па татко ми
ја оплодил мајка ми
уште еднаш
зашто таа сакала и девојче
набрзо по раѓањето
на мојата сестра,
моите родители
купија видео.
МОЌТА НА ВОЛЈАТА
треба да си
посебно цврст карактер
за на ваков ден
прекрасен, сончев ден
да останеш малодушен
и сив
горд сум на себе
ПОКАНА ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ
Јас сум педер,
мојата уста е педер
моите заби се педер
сите еден до еден.
и рацеве се педер
особено левата
и нозеве се педер,
новите чевли,
врвките на новите чевли
и ѓонот
се - педер до педер.
Но, и ти, мила моја,
признај
ајде признај
педер си.
таа твоја
срамежлива насмевка
е педер
и тие зелени очи
двоумење полно
се педер
и сега, пред малку
кога помина со раката низ косата,
тој гест беше педер,
твојот врат е педер,
и коските на вратот
и фустанот,
твоите нозе,
врвовите на твоите палци
- се се тоа педери
А оваа ноќ
оваа скопска ноќ,
мила моја,
е еден
натртен
црвен
влажен
чмар
што чека
само на нас
КОЊ
уздите
на мојот живот
во рацеве
цврсто ги држам
зошто тогаш
толку често
се чувстувам
како коњ?
ФОНЕТИКА ПО ФРОЈД
(ПЕДУПРЕДУВАЊЕ: Песнава се чита на глас!)
Петте самогласки
водат љубов
на сред соба
на тепихот
од ѕидовите одекнуваат
нивните страсни стенлања
ААААААААААА!
ООООООООО!
УУУУУУУУУУУ!
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
ИИИИИИИИИИ!
само Р
седи во аголот
и ги гледа од страна
како да не припаѓа таму
Р е поинаква
понекогаш согласка,
понекогаш самогласка,
а нешто во неа и кажува
дека не е
ни едното ни другото
многу често
се чувствувам
како Р
МОЈОТ ЖИВОТ
пола лист хартија,
со широк ракопис.
РОЗЕВОТО БЕБЕ
Мало полничко
розово телце
со розева нежна кожичка,
Меко розево главче
со косичка - свила,
убави крупни очиња
и розево устенце
а кој би помислил
дека ќе стане
ваков морон?!
* * *
Преземено од "Еден Збунет Млад Човек" од Марко Петрушевски, издавачка куќа: "АЗ БУКИ..." без дозвола од авторот.
Од рецензиите:
...Внесува свежина во македонската поетска реч...
акад. Милан Ѓурчинов
...најпосле новиот принц на метафората...
Радован Павловски
...има барем дваесет, море триесет антологиски песни!
Катица Ќулавковска
...tres, tres, sympa!!!...
Le Monde
...The extraordinary freshness of Mr. Petrusevski's poetic vision astonishes every reader
The New York Times
|
Последни коментари