7 јануари, 2009 - 13:11
[веб кирилица]

Први Мај

од Новица на 1 мај 2004 - 00:01

Резолуција, Интернационална Социјалистичка Конференција, 1904

Интернационалниот Социјалистички Конгрес во Амстердам ги повикува сите Социјал-демократски пратии и синдикати од сите земји, енергично да протестираат на Први Мај за легално воспоставување на 8 часовен работен ден, за класните барања на пролетеријатот, и за универзален мир. Најдобар начин за протестирање на Први Мај е престанокот со работа. Затоа Конгресот ги задолжува пролетерските организации во сите земји, онаму каде што е можно, без да бидат повредени работниците, да престанат со работа на 1 мај.



Потеклото на Први Мај

Идејата за користење на празник како средство за постигнување на осум часовен работен ден е родена во Австралија. Работниците, во 1856, одлучија да организираат ден на комплетно стопирање на раоботата како протест за осум часовен работен ден. Денот на оваа прослева беше 21 април. На почетокот австралиските работници мислеа ова да се одржи само еднаш -- таа 1865-та. Но прославата имаше големо влијание врз работниците, и тие одлучија да ја повторуваат секоја година.

Што би им дало на работниците поголема храброст и верба во сопствената сила од масовното прекинување со работа за кое самите одлучиле? Идејата за пролетерската прослава беше брзо прифатена и почна да се шири насекаде.

Примерот на австралијанците први го следеа американците. Во 1886 тие одлучија дека 1 мај ќе биде ден на универзално престанување со работа. На овој ден 200 000 американски работници ја напуштија својата работа и бараа 8 часовен работено ден. Подоцна, полицијата и законите ги спречуваа работниците да направат вакви големи демонстрации. Сепак во 1888 тие ја обновија својата одлука и одлучија дека следната прослава ќе биде на 1 мај 1890 година.

Во меѓувреме, работничкото движење во Европа стана силно и анимирано. Најсилниот израз на ова движење беше не Интернационалниот Работничко Конгрес во 1889. На овој Конгрес, на кој имаше 400 делегати, беше одлучено дека 8 часовен работен ден е првиот приоритет. Тогаш делегатот од француските синдикати, работникот Lavigne од Bordeaux, предложи ова барање во сите земји да биде изразено со престанок на работата. Американскиот делегет рече дека кај него веќе се одлучило да се штрајкува на 1 мај 1890. Конгресот донесе одлука дека на оваа дата ќе биде универзалната работнича прослава.

И во овој случај како пред 30 години во Австралија, работниците мислеа само еднаш да штрајкуваат. Конгресото одлучи тој еден заеднички ден да биде 1 мај 1890. Никој не зборуваше што ќе биде идните години. Никој не го предвиде брзиот успех и ширењето на оваа идеја меѓу работниците. Сепак, доволно беше еднаш да се прослави Први Мај за сите да разберат и да почуствуваат дека Први Мај мора да биде инситуција која ќе се повторува секоја година [. . .].

Први Мај бараше воведување на 8 часовен работен ден. Но и откако се достигна оваа цел, Први Мај не беше напуштен. Се додека постои борбата на работниците против буржуите и владеачката класа, се додека не се исполнат сите барања, Први Мај ќе биде годишно потсетување на тие барања. И кога ќе дојдат подобри дни, кога работниците ќе го добијат она што им следува, тогаш можеби и човештвото ќе го слави Први Мај во чест на борбите и страдањата на минатото.

- Роза Луксембург

Ако ви се чита уште, еве линк.

Уште две работи кон славењето на 1 Мај и работниците:

Советскиот Први Мај: Да, прославата на Први Мај е навистина официјална. Први Мај ќе биде славен од државата. Моќта на државата се гледа на многу начини. Но, дали не е интоксинирачки да се мисли дека државата, нашиот до скоро најлош непријател, сега ни припаѓа нам и го слави 1 Мај како нејзин најголем фестивал? И држете ме за збор, ако овој фестивал е само официјален, ќе донесе само студ и празнина. Но не, народните маси, морнарицата, Црвената армија, сите работни луѓе вложуваат напор во ова. И затоа можеме да кажеме дека овој фестивал на трудот никогаш не бил волку убав.

Американскиот ден на трудот: Зошто американскиот работник да го слави денот на трудо на првиот понеделник во септември кога работниците од целиот свет го слават на 1 мај? Прашањето се објаснува со фактот дека Први Мај се гледа како празник на рабониците (не не менаџментот), додека септемврискиот празник е празник за сите - во одбрана на митот дека трудот и менаџментот работат заедно. Прогласувањето на денот на трудот во САД во септември може да биде интерпретирано само како напор да се изолираат американските работници од нивните колеги низ светот, и да се поигра со историјата за тоа што му направ менаџментот на трудот во Чикаго во 1886-тата. Денот на трудот во САД подобро ќе биде опишан како исмејување отколку како прослава на работниците во САД.

Опции за гледање на коментари


Први Мај - од urban на 1 мај, 2004 - 01:13

И после идете мигрирајте у Америка. Треба да сте идиоти. Ке ве третираат како машини а не луѓе ебате америте

Први Мај - од Obi на 2 мај, 2004 - 09:45

Во Македонија ве третираат подобро, затоа пола земја нема работа.
дебил...

Први Мај - од urban на 2 мај, 2004 - 12:28

Ајде оби стегни се уште една година нека ти се подсобере уште малце одмор знам дека 2 недели се малце

Први Мај - од sara на 2 мај, 2004 - 13:29

Како не бе, во Америка не чини, во Македонија чини, што збориш бе?? [се смее])

Први Мај - од fluid на 2 мај, 2004 - 16:06

mozda ama zatoa nema nekoj idiot bez skolo da vozi mercedes i da gazi babi a da ne odgovara a ti da nemas za leb so fakultetksa diploma,

bar tamu ima vladeenje na pravoto, nie sme najbeter be!slepec

сликата на bst^^
Први Мај - од bst^^ на 1 мај, 2004 - 13:35

Така, после оваа сторија треба сите ние да се запрашаме. Дали македонските работници работат по 8 часа? или се приморани да работат од 6 до 6 со закана `или работи или си оди има кој друг да работи тука`! И сега според вас треба ли да го следиме погорниот пример?

Први Мај - од Глиша на 1 мај, 2004 - 13:51

Интернационала(mp3)

Мислам дека линков добро иде со сторијата на Новица.

Први Мај - од nako на 1 мај, 2004 - 17:02

Да живеее 1-ви Мај, ден на трудот, ден на измачените работници, Да живее КОМУНИЗМОТ и КПЈ со си КПМ, да живее пролетеријатот, да живее интернационалата и титовите пионери...Него отидов јас ми загоре скаата... Ќе заборавев, да живее и 2-ри Мај бидејки и на 2-ри се чади скара и се пие бирка.

Први Мај - од dime_bt на 2 мај, 2004 - 20:02

Da Zivee 1-Vi Maj No kako den na rabotnikot koj ima za shto da slavi .... a ne nekoj shto nema za sol da slavi pa shto ke slavi toj be .... KOMUNIZAM,KPJ,KPM shto e toa ... stara legenda bi trebalo ... znam deka ke ima replika i zato ke predlozam na PAKO da go stani od "Grob" tiTo i neka stori neshto poveke se nadevam deka ke go zatvorat kako i Miloshevic .......

Branko se nalozuva kako sin komunisticki pa zoshto nemame takov red i zadovolstvo kako vistinski gragani i rabotnici.....[тажен](((((((

Први Мај - од Robomarket на 3 мај, 2004 - 03:17

нако-панко

=)

сликата на StormAngel
Први Мај - од StormAngel на 2 мај, 2004 - 11:58

Јеби га,ден на работници,места за излегување колку сакаш...ама поарно е да се седи дома и спие...и спиеееее...и спиееее...=)))) Среќен први мај на сите тие што работат.ахаха

Први Мај - од cerebrum на 4 мај, 2004 - 21:24

Ден на трудот во Македонија...со пола милион невработени.
И нормално во државата со најмногу празници неможе а да не се прогласи уште некој ден за неработен. Упс...не беше сајтов за политика.