7 јануари, 2009 - 11:54
[веб кирилица]

Истражувачи ќе носат кондоми против риби

од гоце на 4 окт 2001 - 04:41
Група истражувачи во Јужна Америка ќе носат кондоми за да спречат влегување на риби во нивните пениси. Тимот од Нов Зеланд планира да плива во Амазон и не сака мали сомчиња кај што не треба. Рибите се привлечени од урината и треба хируршки да се отстранат, ако стигнат до саканата дестинација. Докторот во експедицијата, Марк Шо кажува: „Тоа е единственото место во светот каде што треба да носите кондом на пливање.“. 26 члената група планира да ја истражува употребата на водата од тамошните жители и своето патување ќе го заврши во Венецуела.