Свет на краеви
„Интернетот ја интерпретира цензурата како штетна и ја заобиколува“, е познат цитат од John Gilmore. И тоа е вистина. На долг рок Интернет радиото ќе успее. Системите за брзи пораки ќе бидат интероперабилни. Глупавите компании ќе станат паметни или ќе умрат. Глупавите закони ќе бидат убиени или заменети. Но, има уште еден корисен цитат. Џон Мајнард Кејнз рече: „На долг рок сите сме мртви.“
Се што треба да правиме е да видиме што навистина е Интернет. Не е тешко. Мрежата не е квантна физика. Не е ни ЗПО, кога ќе прејдете на вистинското нешто. Можеме да ја завршиме трагедијата на Синдромот на повторувачка грешка уште сега -- и со тоа да заштедиме неколку трилиони долари од глупави одлуки -- ако само запамтиме еден едноставен факт: Мрежата е свет на краеви. Вие сте на едниот крај, а сите други и се друго е на другите краеви.
Што е Интернет и како да престанеме да мислиме дека е нешто друго.
Има грешки и има грешки.
Од некои грешки, учиме. На пример: Помислата дека продавање играчки за миленичиња на Интернет е добар начин човек да се збогати. Тоа нема да го правиме повторно.
Некои други грешки ги правиме повторно и повторно. На пример, помислата дека:
- ...мрежата, како телевизијата, е начин како да ги држиш очите ококорени додека рекламите ги прскаат со пораки.
- ...мрежата е нешто што телефонските и кабелските компании треба да го филтрираат, контролираат, и да го „подобруваат“ на други начини.
- ...е лошо корисниците да комуницираат преку различни видови на системи за брзи пораки.
- ...на мрежата и фали регулација која ќе ги штити индустриите кои се чувствуваат загрозени од неа.
Кога станува збор за мрежата, многу од нас патат од Синдромот на повторувачка грешка. Ова е особено вистина за списанијата и весниците, broadcasting, кабелските телевизии, музичката индустрија, филмската индустрија, и телефонската индустрија, колку да набориме шест.
Благодарение на огромното влијание кое овие индустрии го имаат во Вашингтон, Синдромот на повторувачка грешка ги зафаќа законодавците, регулаторите, па дури и судовите. Минатата година Интернет радиото, нова индустрија која се закануваше дека на слушателите ќе им даде можности многу поголеми од оние кои ги нуди помалку разновидната (и технолошки во каменото доба) AM и FM базирана, беше убиена во својот зачеток. Пиштолите, куршумите и повременото "Yee-Haw!" беа обезбедени од музичката индустрија и од Digital Millennium Copyright Act, кој ги отелотворува сите стравови кои холивудските диносауруси ги чувствуваа кога го лобираа законот низ Конгресот во 1998-та година.
„Интернетот ја интерпретира цензурата како штетна и ја заобиколува“, е познат цитат од John Gilmore. И тоа е вистина. На долг рок Интернет радиото ќе успее. Системите за брзи пораки ќе бидат интероперабилни. Глупавите компании ќе станат паметни или ќе умрат. Глупавите закони ќе бидат убиени или заменети. Но, има уште еден корисен цитат. Џон Мајнард Кејнз рече: „На долг рок сите сме мртви.“
Се што треба да правиме е да видиме што навистина е Интернет. Не е тешко. Мрежата не е квантна физика. Не е ни ЗПО, кога ќе прејдете на вистинското нешто. Можеме да ја завршиме трагедијата на Синдромот на повторувачка грешка уште сега -- и со тоа да заштедиме неколку трилиони долари од глупави одлуки -- ако само запамтиме еден едноставен факт: Мрежата е свет на краеви. Вие сте на едниот крај, а сите други и се друго е на другите краеви.
Секако, ова е добра изјава за тоа дека сите имаат вредност на мрежата итн. Но, тоа исто така е основниот втемелувачки факт за техничката архитектура на мрежата. А вредноста на Интернетот е базирана на неговата техничка архитектура.
За среќа, вистинската природа на Интернет не е тешка за разбирање. Всушност, помеѓу Синдромот на повторувачка грешка и Просветлувањето стојат само неколку пасуси...
Накратко
1. Интернетот не е комплициран.
2. Интернетот не е нешто. Тој е договор.
3. Интернетот е глупав.
4. Додавањето вредност на Интернетот ја намалува неговата вредност.
5. Сета вредност на Интернетот расте на неговите рабови.
6. Парите се движат кон предградијата.
7. Крај на светот? Не, свет на краеви.
8. Трите доблести на Интернетот:
а. Никој не го поседува
б. Секој може да го користи
в. Секој може да го подобри
9. Ако Интернетот е толку прост, зошто толку многу луѓе се тупоглави за него?
10. Некои грешки кои можеме веднаш да престанеме да ги правиме.
1. Интернетот не е комплициран.
Уште на почетокот идејата зад Интернетот беше да се користи одличната моќ на едноставноста - едноставност како и гравитацијата во вистинскиот свет. Само наместо една голема карпа да ги држи до себе малите камења, Интернетот беше дизајниран да обединува многу мали мрежи, и со тоа да ги претвара во една голема.
Тоа се прави со овозможување на лесно примање/испраќање податоци од една до друга мрежа. Така Интернетот беше дизајниран како наједноставен начин за пренесување на битовите од било кое А до било кое Б.
2. Интернетот не е нешто. Тој е договор.
Мрежите најчесто ги гледаме како жици. И ги гледаме како делови од системи: телефонскиот систем, системот за електрична енергија, системот за кабелска телевизија.
Кога слушаме радио, или гледаме телевизија, за време на рекламите ни кажуваат дека мрежите се извори на програмски шеми кои се пренесуваат преку воздухот или преку каблите.
Но Интернетот е различен. Не е жици. Не е систем. И не е програмска шема.
Интернетот е начин со чија помош сите нешта кои се нарекуваат мрежа, коегзистираат и работат заедно. Дословно тој е inter-network.
Она што ја прави мрежата да биде inter е фактот што таа е само протокол -- поточно Интернет протокол. Протоколот е договор за тоа како работите работат заедно.
Овој протокол не одредува што луѓето можат да прават со мрежата, што можат да градат на нејзините краеви, што можат да речат и кој има право на збор. Протоколот просто вели: ако сакате да размените битови со другите еве како да го направите тоа. Ако сакате да врзете компјутер, мобилен телефон или фрижидер за мрежата, треба да се сложите со договорот наречен Интернет.
3. Интернетот е глупав.
Телефонскиот систем, кој не е Интернет (или барем не сеуште), е проклето паметен. Знае кој на кого му се јавува, каде се наоѓаат тие, дали е гласовен повик или пренос на податоци, колку далеку оди повикот, колку тој чини итн. Тој продава и услуги за кои само телефонската мрежа се грижи: повик на чекање, caller ID, *69 и полно други работи кои телекомите ги продаваат.
Од друга страна, Интернетот е глупав.1 И тоа намерно. Неговите дизајнери намерно ја направија најголемата мрежа на светот да биде глупава како вреќа цемент.
Интернетот не знае полно работи кои паметна мрежа како телефонската ги знае: идентитети, дозволи, приоритети итн. Интернетот знае само една работа: ова купче битови треба да се пренесе од едниот крај на мрежата до другиот.
Постојат технички причини зошто глупавоста е добар дизајн. Глупавоста е доверлива. Ако некој рутер падне, пакетите ќе го заобиколат, и мрежата ќе продолжи да функционира. Благодарение на нејзината глупост мрежата постојано прима нови уреди и луѓе, и расте брзо и во сите правци. Исто така, лесно е за архитектите да овозможат пристап до мрежата до разни видови паметни уреди -- камери, телефони -- кои живеат на краевите на мрежата.
Но најважната причина зошто глупавото е добра, повеќе е поврзана со вредност отколку со технологија...
4. Додавањето вредност на Интернетот ја намалува неговата вредност.
Звучи заебано, но сепак е вистина. Ако ја оптимизирате мрежата за еден тип на апликација, ја деоптимизирате за другите типови. На пример, ако и дозволите на мрежата да дава приоритет на гласовни или видео податоци, бидејќи тие треба побрзо да стигнат, им кажувате на другите апликации дека треба да чекаат. И штом го направите тоа, ја претворате мрежата од нешто едноставно кое сите можат да го користат, во нешто сложено за само една цел. Тоа повеќе не е Интернет.
5. Сета вредност на Интернетот расте на неговите рабови.
Ако Интернетот беше паметна мрежа, неговите дизајнери ќе ја антиципирале важноста за добар сервис за пребарување и ќе беа направиле еден таков. Но бидејќи дизајнерите биле паметни, ја направиле мрежата преглупава за тоа. Така пребарувањето е сервис кој може да се направи на еден од милионите краеви на Интернетот. Бидејќи луѓето можат да понудат какви сакаат услуги од својот крај, сервисите за пребарување се наптрпеваруаат, а тоа значи избор за корисниците и зачудувачки иновации.
Сервисите за пребарување се само пример. Бидејќи единствената работа на Интернетот е да пренесува битови, иноваторите можат да изградат се што ќе замислат, притоа сметајќи на Интернетот за пренесување на податоците. Не треба да добиете дозвола од сопственикот на Интернет, или систем администраторот, или Подпретседателот за Приоритети на улугите. Имате идеја? Направете ја. И при секој таков потег вредноста на Интернетот расте.
Интернетот креираше слободен пазар за иновации. Тоа е клучот за вредноста на Интернет. И додека сме тука...
6. Парите се движат кон предградијата.
Ако сета вредност на Интернет е на неговите рабови, поврзувањето на Интернет сака да стане комодитет. И треба да стане.
Има добар бизнис во обезбедувањето добра, но секој обид да му се додаде вредност на самиот Интернет треба да биде спречен. Поточно: Оние кои нудат пристап до Интернет, порано или подоцна, ќе сакаат да нудат и содржина и услуги, бидејќи поврзувањето со Интернет е премногу ефтино. Со одржувањето на двете функции одделно, ќе му овозможиме на пазарот да постави цени кои ќе го максимизираат пристапот и кои ќе ги максимизираат иновациите во содржина/услуги.2
7. Крај на светот? Не, свет на краеви.
Кога Craig Burton ја опишува глупавата архитектура на мрежата како шуплива сфера целосно составена од краеви3, тој црта слика која го покажува она што е најизвонредно за архитектурата на Интернет: Извадете ја вредноста од центарот и ќе овозможите ненормално цветање на вредност помеѓу поврзаните крајни точки. Бидејќи, се разбира, кога секој крај е поврзан, секој со секого и секој со сите, краевите повеќе не се краеви .
И што правиме ние краевите? Се што може да се направи од било кој кој сака да шета битови наоколу.
Ја приметувате ја гордоста во нашиот глас кога велиме „било што“ и „било кој“? Таа доаѓа директно од едноставната, глупавата техничка архитектура на Интернетот.
Бидејќи Интернет е договор, тој не му припаѓа на ниеден човек или група. Нити на компаниите кои даваат backbone. Нити на ISP-јата кои ни даваат пристап до Интеренет. Нити на компаниите за хостирање кои ни изнајмуваат сервери. Нити на индустриските асоцијации кои веруваат дека нивното постоење е загрозено од она што ние го правиме на мрежата. Нити на некоја влада, без разлика на нејзиното верување дека таа само се труди да им обезбеди мир и безбедност на своите граѓани.
Да се поврзете на Интернет значи да се сложите да додадете вредност на неговите краеви. И тогаш нешто многу интересно се случува. Сите сме еднакво поврзани. Далечината не е важна. Пречките отпаѓаат, и за прв пат човечката потреба за поврзување може да биде реализирана без вештачки бариери.Интернетот ни дава алатки за прв пат да станеме свет на краеви.
8. Трите доблести на Интернетот.
Тоа се фактите за Интернетот. Ете, ви рековме дека се едноставни.
Но што значат тие за нашето однесување... или поважно, за однесувањето на големите корпорации и влади кои до сега се однесуваа како Интернетот да е нивен?
Еве се трите основни правила на однесување кои се директно поврзани со фактичката природа на Интернетот:
а. Никој не го поседува
б. Секој може да го користи
в. Секој може да го подобри
Да ги погледнеме поединечно...
8.а Никој не го поседува
Тој не може да биде поседуван, дури ни од компаниите низ чии цефки тој минува, бидејќи тој е договор, а не нешто. Не само што Интернетот е во public domain, тој е public domain.
И тоа е добро:
- Интернетот е сигурен ресурс. Можеме да градиме бизниси без да се грижиме дека Интернет А.Д. ќе не принуди на надградба, ќе ги зголеми цените, или ќе биде купен од конкуренцијата.
- Не мора да се грижиме за тоа дека некои негови делови ќе работат со еден провајдер, а други со друг, како што е тоа случај со мобилната телефонија во САД.
- Не мора да се грижиме за тоа дека неговите основни функции ќе работат само со „платформите“ на Microsoft, Apple или AOL -- бидејќи тој е под сите нив, надвор од нивната proprietary контрола.
- Одржувањето на Интернетот е дистрибуирано помеѓу сите корисници. Не е концентирано во рацете на еден провајдер кој може да пропадне. И сите ние сме подобри одколку што може да биде било која централизирана група.
8.б Секој може да го користи
Интернетот е направен за да ги клучува сите на планетава.
Вистина, само десетина од светот -- едвај 600,000,000+ луѓе -- моментално се поврзува на Интернет. Така „може“ во фразата „Секој може да го користи“ е предмет на на мизерни нееднаквости на среќа. Но ако сте доволно среќни да поседувате доволно матријално богатство за да се поврзете, мрежата сама по себе не наметнува пречки за учеството. Не ви треба системски администратор кој ќе ве пушти да учествувате. Интернетот намерно ги остава дозволите надвор од системот.
Затоа Интернетот на многу од нас ни се чини како природен ресурс. Му се приклучивме како тој да е дел од човечката природа кој конечно се случил -- исто како што и зборувањето и пишувањето сега ги доживуваме како дел од човечката природа.
8.в Секој може да го подорби
Секој може да го направи Интернетот подобро место за живот, работа и одгледување деца. Потребен е вистински шупак со железна волја за да го направи полош.
Постојат два начини да се направи подобар. Прво, на крајот на мрежата можете да изградите услуга која ќе биде достапна на секој кој ја сака. Нека биде бесплатна, нека се плаќа за неа, или ставете кофичка за пари, сеедно.
Второ, можете да напрвите нешто многу поважно: да овозможите целосно нов сет на услуги од крајот на мрежата со одредување на нов договор. Така беше создаден email-от. И дискусионите групи. И вебот. Креаторите на овие сервиси не измислија само апликации, и сигурно не го заебаваа интернет протоколот. Наместо тоа, тие измислија нови протоколи кои го користат Интернетот онаков каков што е, исто како што договорот за тоа како да енкодирате слики на хартија овозможи факсовите да ги користат телефонските линии без да бараат промени на самиот телефонски систем.
Сепак, имајте на ум дека ако смислите нов договор, за тој брзо да стане вреден исто како и Интернетот, тој треба да биде отворен, непоседуван, и за сите. Ова е главната причина зошто брзите пораки не успеаа да го достигнат својот потенцијал: денешните водечки IM системи -- AIM и ICQ на AOL и MSN Messenger на Microsoft — се приватни територии кои можеби работат на мрежата, но се дел од мрежата. Кога AOL и Microsoft ќе одлучат да ги употребуваат своите IM системи со помош на глупав протокол кој никој не го поседува и секој може да го користи, тие значително ќе ја подобрат мрежата. До тогаш, тие се еднсотавно глупави -- не во добрате смисла.
9. Ако Интернетот е толку прост, зошто толку многу луѓе се тупоглави за него?
Можеби заради тоа што трите доблести на Интернетот се антитези за тоа како владите и бизнисот гледаат на светот?
Никој не го поседува: Бизнисите се дефинирани од она што го поседуваат, владите од она што го контролираат.
Секој може да го користи: Во бизнисот, продавањето на добра значи пренесување на ексклузивните права на употреба од продавачот на купувачот; во владеењето, правењето закони значи наметнување ограничувања врз луѓето.
Секој може да го подобри: Бизнисите и владите сакаат авторитативни улоги. Само одредени луѓе работат некои одредени работи, и ги прават потребните промени.
Бизнисите и владите во својата природа имаат предиспозиција да не ја разбираат природата на Интернетот.
Има уште една причина зошто Интернетот не се објаснил баш најдобро: Големите пари преферираат да ни кажуваат дека мрежата е само спора телевизија
Интернетот многу наликува на оној другиот Walt кој во "Song of Myself" напиша: Не се грижам да бидам разбран. Гледам дека елементарните закони никогаш не се извнинуваат..
Од друга страна, законите на Интернетот никогаш не се разбрани од луѓе кои градат кариери токму од нивно неразбирање.
10. Некои грешки кои можеме веднаш да престанеме да ги правиме.
Компаниите чија вредност доаѓаше од дистрибуирање на содржина на начин на кој пазарот не го сака повеќе -- не слушате ли таму во музичката индустрија? -- можат да престанат да мислат дека битовите се мали лесни атоми. Никогаш нема да не спречите да ги копираме битовите кои сакаме да ги копираме. Наместо тоа, зошто не ни дадете причина за да ја купуваме музиката од вас? По ѓаволите, можеме да ви помогнеме да ги продавате работите ако не замолите за помош.
Владините типови кои ја помешале вредноста на Интернетот со вредноста не неговите содржини можат да сватат дека заебанциите со јадрото на Интернетот ја намалуваат неговата вредност. Всушност, можат да видат, дека имањето на систем кој подеднакво ги пренесува сите битови, без владина или индустриска цензура, е најмоќната демократска и пазарна сила во историјата.
Провајдерите на мрежни услуги -- потсетник: почнува со „теле“, завршува со „ком“ -- треба да прифатат дека глупавата мрежа ќе ја голтне нивната паметна мрежа. Доста трошат милијарди долари во борба со неизбежното.
Федералните агенции одговорни за алокација на спектрум можат да забележат дека вредноста на отворениот спектрум е иста како вистинската вредност на Интернетот.
Оние кои сакаат да цензорираат идеи треба да разберат дека Интернетот не разликува добар од лош бит. Каква цензура и да се случи, таа ќе мора да се случи на краевите на мрежата -- а секако нема да биде многу успешна.
Можеби компаниите кои мислат дека можат да не натераат да ги слушаме нивните пораки -- нивните банери, досадната графика врз страниците кои сакаме да ги читаме -- ќе разберат дека нашата можност да шетаме од страна до страна е вградена во архитектурата на вебот. Можеби треба да стават банери кои велат: „Здраво! Не го разбираме Интернетот. И патем, ве мразиме.“
Доста е веќе. Доста си ги чукаме главите со фактите на Интернет животот.
Нема што да изгубиме освен нашата глупост.
Белешки:
1. Види End-to-End Arguments in System Design (J.H. Saltzer, D.P. Reed и D.D. Clark. Исто види David Isenberg's Rise of the Stupid Network.
2. Види The Paradox of the Best Network од Isenberg and Weinberger
3. Интервју на Doc со Craig Burton.
Автори на текстот се Doc Searls [линк] [мејл] и David Weinberger [линк] [мејл].
Текстот е издаден во Public Domain (не знам како е ова на македонски).
Оригиналниот текст се наоѓа на www.worldofends.com.
- Додај нов коментар
- 5580 читања

Свет на краеви
Utterly boring. :(
P.S. Public Domain - Јавен Домен