Патувања
од deathrider на 5 апр 2004 - 04:01
- Вози!
- Каде?
- Било каде! - Рече и ја затвори вратата.
Да го прескокнеме делот кога мораа да туркаат малку повеќе за да запали, бришачите не покажуваа знаци на живот, а надвор врнеше оној досаден ситен пролетен дожд од кој после една нецела минута ама баш ништо не ви се глада низ ветробранот.
- Стигнавме. - Изусти.
Излегоа од колата и со брз чекор се упатија кон местото.
Беше тоа бар.
Тивко седнаа на најодалечената маса, нарачаа пијалок и полека се опуштија во удобните столици.
- И што ќе правиме сега? - Праша Марко и отпи неколку голтки од чашата.
- Чекај и збори нешто во меѓувреме, тивок си веќе пола час.
Марко воздивна длабоко. Имаше еден куп проблеми на глава и упорно успеваше да создава уште повеќе додека старите некако слабо се решаваат и се на се беше тоа ебан Монт Еверест од проблеми.
- Проблеми другар. - Одговори тивко после кратка пауза.
- Ај поведро! Еве доаѓа друштво.
Им се приближуваше просечно граден човек кој всушност беше сопственик на барот.
Беа тоа стални муштерии кои прилично долго во неговиот бар и, најважно, му се допаѓаа.
- Здраво момци. Како сте?
- Хмм... Како сме Марко?
- Добро... Да кажеме. - Кисело одговори на прашањето Марко.
- Еј момци, поведро! Имам работа за вас. Заинтересирани?
Се појави блага насмевка на нивните лица. Тоа е баш она што им треба во моментот. Конечно малку среќа во нивниот живот.
- Гледам дека сте заинтересирани, - продолжи Владимир - а ќе ме прашате барем што ќе ви биде работата?
Се погледнаа меѓу себе и кимајќи со глава потврдија.
2.
- Каде ли само одиме ние? - Прашуваше иако знаеше дека нема да добие конкретен одговор.
- Незнам. Единствено што знам е она што го знаеш и ти самиот. Рачунај го ова како добра финансиска зделка. Треба да најдеме еден предмет, да му го однесеме на Владимир за што ќе бидеме богато наградени.
Се свртеа кон пристаништето, го задржаа погледот неколку секунди и влегоа во бродот.
- Колку време трае патот? - Ја праша стјуардесата и направи немој да ми кажеш 10 дена фаца.
Стјуардесата се насмевна и весело одговори. - 10 дена!
Бродот благо се затресе.
Тргнаа.
3.
Пред точно 386 години на саемот за научни откритија одржан на планетата Делфон победник беше Дорис Поско со револуционерен изум; перница која додека сонувате ви проектира во сон однапред припремен материјал. Беше тоа револуција во науката како таква. Тоа допринесе за енормно зголемен развој на сите полиња. Марко го знаеше тоа и му беше многу благодарен на Дорис додека полека му се затвораа очите и благо потонуваше во сон. Не знаеше што ќе си проектира во сон но знаеше дека на кутијата пишуваше „Се пто треба да знаете за Земјата 1“, а имаше уште цели пет дела. Тоа го плашеше, шест дела се многу особено кога се работи за издавачка куќа како „Орбит“. Се утеши со мислата дека ќе му останат четири денови за проектирање на забавен материјал со цел да се релаксира од соништа за земјата и се што би требало да знае за неа.
Очните капаци полека целосно му се затворија, главата благо му се подзакриви. Тогаш за прв пат ја виде планетата наречена Земја.
4.
- Значи можеме и да го купиме.
- Да Марко, само што твојата кредитна картичка нема да ни биде од помош. Ќе треба да набавиме локални пари.
- Ти не ги помина сите шест дела а?
- Не! Ми здосади после вториот. Јас незнам ти како успеа.
- Напротив баш ми беше интересно.
- И? Како до пари? Кажувај! - Нестрплив беше Горан.
- Лесно, ќе... - Тука го прекина глас кој ги замоли патниците да се упатат кон излезот затоа што не е возможно поголемо задржување на оваа планета поради непријателското однесување кон леталата кои не им се познати. - Конечно стигнавме. - Со мало олеснување продолжи Марко и стана од седиштето. Се почувствува повторно слободен и среќно тргна кон излезот. Горан го следеше.
Бродот благо се затресе. Застанаа. Вратата полека се отвори и конечно пред нив се прикажа она што до тогаш го имаа видено само во сон.
Беше тоа убава планета, иако местото на слетување се покажа дека е несреќно одбрано. Се најдоа во кал додека бродот го снемуваше високо над облаците. За неколку минути ќе биде надвор од овој заостанат сончев систем додека нив ги очекуваат неколку денови на напозната планета од кои веќе првите минути се покажаа доста калливо.
Автостопт во водачот од „Орбит“ беше доловен доста прецизно: „Патувајте автостоп само доколку морате.“
5.
Сонцето беше високо на небото и ги топеше расфрланите облачиња. Наокулу се гледаа траги од дождот што врнел до пред некој час.
- Добро. Сигурен си дека вака е најлесно до пари? - Кисело праша Горан.
- Да! Сигурен сум.
- Ебате планетата. - Изговори и продолжи да го светнува ветробранот.
Марко наплати низ отворениот прозор и весело довикна по Горан:
- Ајде, одиме во продавница.
6.
Ненад не можеше да мисли т.е. не можеше да мисли на ништо друго освен на пиштолот вперен во неговото лице и човекот кој викаше дека ќе го употреби доколку не го направи она што му беше кажано пред неколку секунди или можеби минути. Не можеше да го го игнорира неговото барње. Сакаше но неговиот соговорник имаше неопорлив аргумент во неговата рака.
Го отвори сефот.
Следните 13 минути ги помина лежејќи на подот. Не можеше да знае дека пиштолот е на вода, не можеше да знае дека ограбувачите се упатија во хотелот „Плаза“ на само два километри од неговата банка. Не можеше да знае дека се наоѓаат во соба број 309 и весело го бројат пленот. Не можеше да знае затоа што во прв момент беше вкочанет од страв, а веќе во вториот беше во несвест.
7.
- Е ова веќе ми се допаѓа. Многу е подобро од бришење ветробрани.
- Знам Горан, ама имаме среќа што сме на планета која не е признаена од никој што не е ни чудно затоа што не ни знаат за никој друг освен себе. Дома ова ќе не чинеше казна на некоја од месечините, да не зборам за веселиот дочек од огромен тип кој упорно ќе не ословува како Ненси и Весна. Уште да ги споме...
- Добро, добро! - Остро го прекина. - Не ми држи лекции! Ете за среќа сме на земјата, имаме пари за подолг престој иако јас би си отишол уште сега, а може да ги пронајдеме и Ненси до другарка и Весна во меѓувреме. Само да не го заборавиме Владимир, тоа ни е приоритет.
- Хмм, остана уште најлесниот дел од работата. Подај ми го телефонот.
Марко ја остави на маса брошурата што ја разгледуваше веќе подолго време и го позема теледонот.
- Ало, рецепција?
8.
Вселенскиот брод изгледаше премногу убаво на синото небо. Можеби изгледаше така само поради тоа што токму тој брод ќе ги однесе назад во родното место, на планетата која ја сакаа многу, а толку им недостигаше изминатите денови. Бродот ја допре ја допре почвата, вратата се отвори, а двајцата јунаци брзи и среќно зачекореа внатре. Се сместија во не толку удобните седишта кои беа 100 пати покомотни од најкомотните седишта произведени на планетата од која само што се одлепија. Веќе наредните секунди беа над облаците. Имаа насмевки на нивните лица. Конечно им се случи нешто убаво. Го напуштија сончевиот систем.
9.
Владимир делуваше нервозно. Се јавија пред цел час дека пристигнаа. Ја завршиле работата успешно но каде ли се до сега. Пристаништето е на само половина час возење од неговиот бар. Каде ли се? Ја испразни чашата и веднаш даде знак да му донесат уште еден пијалок. Се предомисли:
- Донеси го шишето! ... И уште две чаши. - Викна по келнерката која веќе тргна со една полна чаша кон неговата маса.
Вратата од барот се отвори и низ неа поминаа две познати фигури. Владимир нестрпливо стана и потрча кон Горан и Марко.
- Каде е? Каде?
Веднаш ја грабна кутијата штом му ја подаде Марко, брзо ја отвори и им довикна:
- Конечно! Ајде да прославиме, седнете.
Келнерката доаѓаше со шише пијалок и три чаши.
10.
Сончевите зраци го осветлија лицето на Дамјан кој полека се разбудуваше. Несмасно стана и застана покрај еден чуден апарат на левата страна од креветот. Притисна едно копче и од уредот излезе необична касета. Ја врати во паковката и длабоко воздивна. Фрли поглед кон својот примерок на „Не лути се човече“ и цврсто реши.
- Утре одам на земјата.
|
Последни коментари