30-ти роденден на email-от
од гоце на 3 окт 2001 - 19:00
Во октомври 1971 во една американска компјутерска лабараторија роден е email-от - електронската пошта. Реј Томлинсон, кој денеска има 60 години, експериментирал со меѓународниот електронски систем за размена на пораки кога го открил начинот на размена на пораки помеѓу компјутерите. Првата испратена порака гласела "QUERTYUIOP" што е горната линија на букви од тастатурата и „тоа едноставно се случило, немало директива за измислување на email-от“. Негова била и идеата знакот @ (мајмунче, at, лудо мајмунче) кое ги прави адресите поедноставни. Во тоа време неговата компанија Bolt Berne and Newman работела за американската влада на проектот Arpanet што е предходница на Интернетот, каков денес го познаваме. Програмерите сдандардот брзо го прифатиле, а одприлика во 1991 година со појавата на првите едноставни пакети email-ите постануваат глобална сензација.
|
Последни коментари