Администраторите на bagra.org апелираат денот 05 март 2004 да биде работен.
Од разговорите со луѓе кои лично се познавале со Претседателот дознавaме дека кога тој би бил жив би се спротиставил на одлуката на владата петок да биде неработен ден.
Претседателот знаеше дека до просперитет се стигнува само со макотрпна работа. Претседателот ги ценеше обврските. Како што тој тежнееше да ги извршува обврските спрема Р. Македонија и нејзините граѓани, така и ние треба да тежнееме да ги извршуваме нашите работни обврски.
Претседателот ќе сакаше на денот кога му се оддава почит све да се одвива подобро отколку нормално а не полошо, што дефакто се случува последнава недела и пол.
Затоа ние админстраторите на багра ќе бидеме на своите работни места во петок, и ве покануваме и Вие да го направите истото и со тоа да му оддадеме почит на Претседателот.
Последни коментари