Прва мрежа од третата генерација
од гоце на 3 окт 2001 - 06:03
Од 1 октомври во Јапонија, на подрачјето на Токио, почна со работа првата мобилна мрежа од третата генерација. Јапонскиот мобилен оператор NTTDoCoMo услугата FOMA (Freedom Of Mobile multimedia Access) ја нуди за сите на подрачјето на градот Токио. Брзината на пренос на податоци е до 384 kb/s, што е 40 пати побрзо од GSM, а услугата овозможува и видео телефонија. Во понуда се три модели на мобиљки, Panasonic FOMA N2001 и FOMA P2401 и NEC FOMA P2101V.
|
Последни коментари