Првиот патентиран број

Првиот БРОЈ е патентиран, остануваат уште бесконечност минус еден.

Softwron Inc, американскиот гигант кој се занимава со софтвер и правни спорови, стана првата компанија која направи чекор кон она што многумина го нарекуваат „Големата Треска за Броеви“.

Неодамнешната ненадејна најава од „Американската канцеларија за патенти“ дека ќе дозволи патентирање на цели броеви, ги разбранува IT критичарите, Wall Street и Асоцијацијата на учители по математика - сите се прашуваа кој прв ќе го искористи чудниот нов закон.

Rock McDosh, генерален директор на Softwron, оснивач и нашироко омразен борец, го повика денес светскиот бизнис печат во огромната сала на 92-иот спрат од неговата зграда, за да ја објави веста.

„Горд сум да потврдам дека Softwron стана првата компанија која побара патент на еден цел број. Ова е голем ден за Softwron, за акционерите на Softwron, но и за цела Америка. Човештвото одамна ја пронајде науката математика, но дури сега, со индустриската моќ и техничката иновативност на Softwron можеме вистински да ја припитомиме. Гледано напред кон иднината, самоуверено очекуваме да станеме главен играч на пазарот со цели бореви, иако очигледно никогаш нема да имаме нешто што било како би можело да се нарече монопол од федералните власти.“

McDosh беше запрашан дали не е точно дека неговата компанија само цинично екслоатира еден природен ресурс. „Тоа абсолутно не е така. Гледано нанапред, во иднината, ние ќе се трудиме да ја созрееме и да ја обогатиме нашата интелектуална сопственост. Дури и додека збориме, нашите инжињери ги истражуваат можностите, на пример, да се подобри нашиот број така да е делив со седум. Очигледно ова би го направил многу поатрактивен за производителите на седмични дневници и слични календарски производи. Оваа технологија ја викаме 'Ретрофакторизација™' и јас сум многу, многу возбуден поради неа.“

McDosh се потруди да ги разреши дилемите околу тоа како ќе функционира лиценцата за користење на Softwron бројот. „Слушам некои навистина смешни приказни за плашење, дека секој компјутер во светот ќе треба да го има WronMon програмот за мониторинг, кој наводно автоматски ќе ни префрла по $0.50 секој пат кога нашиот број ќе биде искористен во машината.
Тоа е смешно.“

„Вистината е дека во првите денови многу малку институции ќе имаат потреба или пак финансиска можност да го лиценцираат Softwron бројот. Токму сега сме во преговори со проиводителите на чипови, така што, во иднина нелиценцираните системи едноставно нема да можат да го 'смислат' нашиот број. Тоа е процес сличен со лоботомија кај луѓето и очекувам да биде сосема безболен.“

Деталите за патентот се чуваат како најстрога тајна чекајќи да се завршат легалните формалности. Тоа за во случај некоја несовесна личност да не проба да прикаже „претходна употреба“ - што би го анулирало патентот. Сепак се верува дека бројот се наоѓа во таканаречениот висок 64-битен опсег, што значи меѓу 4,294,967,296 и 18,446,744,073,709,551,615. Ако тоа е така, тогаш тоа може да има загрижувачки последици за сите оние моќни 64-битни машини што сега се појавуваат. Од друга страна, пак, дали воопшто познавате некој кој има една од нив?
Не баш.
Слика на anastas87

Првиот патентиран број

Ja ke patentiram analen seks i na site pederi ke im gi zeam parite!

Агрегирање содржина