Блиски средби од трет вид
од Obi на 18 ное 2003 - 19:15
Интродакшн:
Прво да ве предупредам ова е ужасно долго.
Ова е за тие што прочитаа за моето искуство со Терминаторот. Не знам дали може да биде едукативно, но во секој случај ке ве насмее.
И пред да почнам...Немам ништо против хомосексуалци доколку ги има тука. И НЕ СУМ ГЕЈ! ни Би! Фио се заебава...Така да не ми праќајте приватни пораки со такви прашања! :)
Врзете се!
Полетуваме...
Декември 2000
Во Бостон бев веќе 3 месеци. Коинцидентно таму живее еден другар од моето детство и тоа многу ме радува. На Бостон се прилагодив релативно брзо земајки ги во предвид 4те години поминати на факс во едно село невидено опкружено само со пченка. Не ми е јасно зошто некој изградил факултет во таква вукојебина...но не е важно тоа... Важно е дека јас не сум веке таму.
На место како Бостон може да сретнете навистина секакви луѓе, не се сомневам дека текстов што следи ке го докаже тоа. Значи, огромен град: луѓето се отворени, слободни, малку чудни но секој си нашол свој простор за да живее онака како што си сака без да се секира што ке рече комшијата. Всушност...голем процент на луѓе тука немаат врска кој живее под нив, над нив и до нив. Можеби некоја баба што скинала конци и треба да почне да мириса за да ја најдат, можеби проститутка или сериски убиец, продавачка, доктор, музичар...замислете си што сакате. Единствено не може да биде некој од многубројните просјаци, и бездомници што си имаат свои локации по улиците. Американскиот сон...кога ќе се разбудиш.
Да не забегувам многу...Тогаш се запознав со еден од моите пријатели: А.Б. - исто од една Балканска земја. (Нема да користам имиња...и иницијалите се променети.) А.Б. е кратко кажано ептен геј. Оваа земја му дала можност да го ебе неговиот дечко од Виетнам и после нас да ни кажува уз кафе колку било добро. Оди во геј клубови, се дружи со хомосексуалци, трансексуалци, лезбејки...зборува многу тивко зошто мисли дека ЦИА константно го прислушкува и секако...пешачи низ цел Бостон зошто Т-возовите му давале лоши вибрации.
Како и да е...онакокв е каков што е, типот е Ок. И дечко му е добар човек исто. Можам тотално да ги сварам се додека не помислам на купот геј порно списанија во нивното Ве-Це и шо прават коа се сами.
А геј списание немав видено од кога имав 9 години...Тогаш игравме пред зграда и најдовме еден лист од геј списание. Тоа ни беше како “тајно богатство“, и на крај испадна јас треба да го кријам. Јас културно го скрив во спалната на татко ми и мајка ми. Мајка ми кога го откри богатството не знам шо си помислила, но можам да претпоставам шо помислила за тајниот живот на татко ми. Којзнае како се вадел кутриот...тоа не знам, знам дека јадев ќотек и никако не признавав дека сум педер. Јас не ни знаев шо е тоа...
Ама сега знам. :)
Значи, крај на Декември...Каде да се оди за Нова Година? Типично прашање...А.Б ни кажа дека претходната година на геј забавата кј шо биле имало околу 15 девојки манекенки, шо не знаеле што да прават со себе си зошто сите машки биле геј. Ние скроз попалени дека лудо ке си поминеме во отсуство на нашите девојки решивме да одиме со сиот ум на геј забава за нова година.
Нова Годинааааа
Стигнавме пред вратата на пеколот.
Дрим Тимот: јас, другар ми Б.Д., и уште еден исто така стрејт дечко, А.Б. , дечко му и нивниот другар исто така геј.
Чук чук...
Кој Чука?
Стојанче...
А кој отвара?
Сребрена каубојка над фармерки, сребрен елек на голо и сребрена каубојски шешир. Ова не беше една од манекенките, ова беше нашиот домаќин...УберГеј.
Од тука на така се простивме со Матриксот.
Welcome To the Real World
Всушност, забавата беше ептен онака како што си ја замислував...само минус манекенките. Или подобро кажано минус девојки во целина. Како некои неуспешни забави во МК кога планиравме да дојдат 30 девојки а ке дојдеа 3 и балансот немаше да биде запазен. Само, оваа забава беше малку поразлична.
Нашата единствена надеж беше едно елегенатно пополнето девојче. Во моментот, не знаев дали треба да ми е жал за неа? Таа можеби се израдува што на забавата се појавија 3 стрејт дечки. Но, приоритети си се приоритети...многу поважно беше да најдеме ѕид. Пази леџа...
Б.Д. ме праша шо ке пиеме. Кока Кола бе шо сакаш да пиеме...Луд си?!!!!!
А наоколу...која глетка. Дечки играат со дечки, си седат вскут се шлапаат по гз, се љубат и се дрпаат на кауч, се галат итн. На кутрото девојче го убедуваат дека како шо пуши машко никоја девојка не може да пуши. Немам подетални информации за оваа геј теорија.
А ние центар на внимание: дотерани за манекенките, сеуште близу до ѕидот. Но, некои од нив беа решени да играат со нас. Тогаш во целата таа фрка...Нее неее фала не сакам да играм јас...ова она...А.Б. рече абе тие не се геј.
НЕ СЕ ГЕЈ????
Уште музиката шо не ја исклучија. Очигледно бевме на погрешно место во погрешно време. Еден од нив не праша:
Па шо барате на геј забава?
Ние: ...
Тој: ...???
Ние: ...
Ја сменавме локацијата.
Поминав добри 3 сати во дискусии за Хиндуизмот со еден професор од Харвард. Б.Д. седеше спроти мене и се смееше цело време. Јас мислев се смее зошто се расправав со типот. Испадна дека се смеел зошто професорот цело време ја пуштал раката зад мене на каучот. Му било смешно дека јас не сум приметувал и упорно сум му расправал за митовите за Ганеш и Шива.
На крај стигнавме дома и си се изнасмеавме на нашата невидена глупост. Б.Д. го реконструира разговорот помеѓу мене и професорот. Веќе беше безбедно да се пие. Се смеевме до 6 сабајле.
Манекенките не ги најдовме...
|
Последни коментари