Драги мои Баграши, кој не дојде на Скопје Џез Фестивал СТВАРНО се заеба!
Во изминативе четири дена сите што беа во Универзална Сала, а богами и во нејзиниот атар (добро озвучење) беа сведоци на маестрални изведби од реномирани и етаблирани џезери од Португал, Бразил, Куба, Франција, Италија...
Секој изведувач со свој посебен стил, со карактеристични звуци, со посебен штимунг. Португалската вечер (според многумина најдобра) ја започна Кристина Бранко, и женскава знае да пее, придружена од три акустоси (читај акустични гитари). Кристина со својот милозвучен но и моќен глас ја дигна цела Универзална на нозе, изведувајќи претежно нежни љубовни балади... Облечена во машки костум, таа сепак зрачеше со женственост. Кога заврши ја испративме со громогласен аплауз.
И кога сите мислевме дека не станува подобро од ова, се појави таа... Марија Жоао и Марио Лагиња Квартет! Марија Жоао, ништо посебно убава, но таков ентузијазам, позитивност, шармантност, енергичност не можеше да помине незабележан... Ја освои публиката пред да кажеш кекс! Гласовните можности ни ги демонстрираше на неверојатен начин (пијанистот, бубњарот и басистот си одат од сцена, а она останува со микрофонот на уста и прави некои интересни звуци во некој брз ритам пет минути, а потоа бендот се враќа на сцена и продолжува да пее). Нејзиното играње потсеќаше на мало девојченце, со сиот свој невин шарм. Според мене, најбоља изведба на цел Фестивал.
Бразилската вечер ја отвори Шико Цезар, во шарени панталони со риги, некое шарено елече, заебана полуафро фризура со стегач исправена нагоре и со желба публиката да пее со него (која бај д веј не му се исполни иако инсистираше поише пати). Песните му беа закон, гитарата за тој човек е религија, тоа беше очигледно, и направи, многу јака и весела атомосфера во Салата. Алал му вера!
И алал му вера на организаторот на Фестивалот зашто секоја година не почастува со феноменални изведби.
VIVE EL SKOPJE JAZZ FESTIVAL!
Надополнување:
Слики кои ни ги испрати Зелка

Бразил

Чико Цезар
Кристина Бранко


Марија Жоао
Втора вечер
Последни коментари