7 јануари, 2009 - 13:42
[веб кирилица]

Пакет од 70 денари? Аха важи!

од zlochko на 17 окт 2003 - 14:00
Ова писмо ми стаса вчера. Зборува за нова далавера од Телеком кој што се однесува на нивната најнова понуда од 70 денари.

Наводно услугата ќе ги кошта граѓаните каде каде повеќе.

Дали е на повидок уште една далаверана Македонски Телекомуникации?

Почитувани,

Сведоци сме на најновата реклама на Македонски телекомуникации кои во пакет нудат 4 услуги од областа на фиксната телефонија:

  • Дополнителен број со поинакво звонење
  • Презентација на повикувачки број
  • Двојна линија
  • Пренасочување на повик (моментално)

Се би било во ред доколку некој не се запраша: Чекај, а како они ќе ги разликуваат овие 4 услуги во пакет од останатите надвор од пакет - при наплатата? Јас тврдам дека не можат!

Само за информација редовните цени вон пакет на истите овие услуги:

  • Дополнителен број со поинакво звонење - го нема во ценовникот
  • Презентација на повикувачки број - 50 денара паушално секој месец
  • Двојна линија - 20 денара паушално секој месец
  • Пренасочување на повик (моментално) - 6 импулса или 9 денари за секое пренасочување плус ДДВ! ( * 21 * телефонски број # )

Во пакет МТ сето ова го нуди за само 70 денари!?Да речеме дека е така, еве конечно МТ ги популаризираат услугите коишто се овозможени на нивните телефонски централи уште пред 7 години. Е да речеме, ама не е баш така. За оние кои ја познаваат работата на централите веднаш паѓа во очи 4-та услуга или т.н. Пренасочување на повик.

Постојат 4 вида на пренасочување и тоа:

  • Безусловно пренасочување (А-Б-Б1)
    На активирање на класата 9,00 денари + цена на сообраќај од Б кон Б1
  • Пренасочување на сигнал "зафатен претплатник"
    На активирање на класата 9,00денари + цена на сообраќај од Б кон Б1
  • Пренасочување - "Б" не се јавува
    На активирање на класата 9,00 денари + цена на сообраќај од Б кон Б1
  • "Не вознемирувај" 9,00 денари

Сите овие можете да ги видите на сајтот на МТ: http://www.mt.com.mk/uslugi/telefonija/cenovnik.htm

Проблемот настанува поради тоа што бројот на импулси што се акумулира во бројачот на централата, за сите дополнителни услуги е еден единствен! Тоа значи дека МТ не може да ги одвои импулсите направени од “активирање” на пакетските услуги од оние што кје бидат акумулирани од “активирање” на било која друга услуга вон пакетот. Или во превод, МТ не им кажува на претплатниците дека на “секое” активирање на Безусловното пренасочување на повик на некој број (па макар бил он и еден те ист неколку пати) кје им наплакја дополнително 9 денари плус ДДВ, за секој пат посебно! (односно ќе Ви биде наплатено по редовната цена, а не според некаков си пакет).

Поимот “активирање” значи дека услугата може да е доделена или овозможена на еден телефонски број, но се тарифира само при употреба, односно “активирање”

Ова го тврдам бидејки финтата не ја пишува на упатството што го добивате при нарачката на пакетот, а на експлицитно прашање на вработениот како функционира, во МТ кје го добиете одговорот: Не сум сигурен! или, Не се секирајте нема да Ве тарифираме бидејки имате пакет!

Како и да е, Ви препорачувам да не го земате пакетотв од 4 услуги или во најмала рака, не го користете пренасочувањето се додека на упатството не написшат дека секое едно активирање е бесплатно! (ако тоа е некоја гаранција дека не Ве лажат?)

Вашата телефонска сметка ќе пристигне, ама тогаш ќе биде касно!

Со почит,
Ваш редовен читател

Опции за гледање на коментари


сликата на yarre
Пакет од 70 денари? Аха важи! - од yarre на 17 октомври, 2003 - 19:41

Злочко,

Верувај не знаеш на какви све проблеми налетав после префрлање од ПСТН (обична) на ИСДН.
Сепак да некоментирам бирократија, која за чудо е добро намалена во Телеком, но имав други проблеми
Значи по мое, најдобро е за мала разлика да се префрлиш на ИСДН. Значи имаш доплата од 3000 МКД на 12 рати и плус домашна претплата ти је 550 МКД што е мала разлика од стандардната претплата а многу добиваш.
Значи 340 ти је стандардна претплата + 50 МКД за идентификација на повик (а гарант ти је вклучен сега) ти је 390 - до 550 уште 160 МКД што не е трагедија земајки во предвид удобностите што ти ги нуди ИСДН во однос на стандардната линија.
Една од побитните работи е реален трансфер на 16К (ако провајдерот ти дозволи нали) коа ке ги опнеш 2-та канала. Лепо е коа си така врзан, а ти звони некој, па ти го гледач на монитор и одлучуваш дали ке се јавиш или ке си тепаш со омилениот ДЛ.
Ондак моеш да туриш едно лепо програмче кое се вика Moony и за секој број да си врзеш како ке му одговара, јали ке му дава нонстоп зафатено, јали нонстоп ке му звони ко да не си дома, јали секретарица ке му се уклучува.
Нт уредите (Elcon) идат со ептен леп конфигуративен софтвер и све добро се дешаа.
Проблемите им се од технички кУрактер. Али гледам и тоа го решаваат. Море инфо претрчај до КТК секоја сабота 20.30

Така да не се ебавај со дополнителни пакетчиња кои ги нудат. Тапа са! А и пак ке ти паѓа лиДијата на модемот [се смее]

Пакет од 70 денари? Аха важи! - од NeOzBilNa на 17 октомври, 2003 - 20:08

Da be,i jas si staiv isdn linija,ama koe gnjavenje e dodeka da te priklucat....
Prvo,eden mesec cekav da dojdat da mi ja donesat nt1 kutijata,pa ja donesoa toa fraerite od posta i mi ja ostaija jas da ja namestam!!A sto sum truba za tehnika toa e druga stvar...I taka,dodeka najdov koj da mi ja prikluci isdn2 linijata epten se izmaltretirav!!!pa ne vikaj deka e podobra od ovie "dopolnitelni paketcinja":)

сликата на yarre
Пакет од 70 денари? Аха важи! - од yarre на 17 октомври, 2003 - 23:29

Tu bre, tie kaj mene shto bea, i vo kancelarija i doma, bea epten cool. sve zavrshija za 2 minuti. Izgleda si pogodila nervozna grupa:)

Sea ne ti je bolje?