Токму кога конечно поверувавме дека пуританските тоталитаристички стеги попуштија и дека пазачите на моралот отупеа после гледањето на нашиот парламент и илјадниците поп-спотови во кои што јавно и бесрамно се манифестира блудничење, инцест, педофилија и недомаќинлук, ете ти беља.
Новиот спот на Д.Н.О. направен за нивниот најнов сингл БОРБА е забранет за
јавно емитување поради неколкуте сцени во кои што има фелацио (во неколку телевизии
не прашаа дали спотот се вика ПУШЕЊЕ!?). Дали оваа ситуација треба да се нарече
апсурдна поради одлуката на раководителите на истите оние телевизии кои што
имаат разголени водителки, сељачки фолк емисии, настрани и насилни вести...
да го забрани
овој
досега невиден спот за наши услови, одлучете вие.
Кажете ни барем еден пример кога некој/а умрел од пушење на нешто што не е
цигара или дрога!
Да живее уметноста, синдикат за сељаците!
Традиционално спотот на Д.Н.О. го изработи Александар Станковски, во продукција
на Улица 26.
Спотот (9 MB и нецензуриран) може да го симнеш тука.
Последни коментари