7 јануари, 2009 - 10:26
[веб кирилица]

Клинци во оградата

од visitor на 21 јул 2003 - 02:36
Си беше едно момче со многу лош темперамент. Еден ден неговиот татко му дал кеса со клинци и му рекол да закова по еден клинец секогаш кога ќе збесне или изгуби контрола над себе.

Првиот ден момчето заковало 37 клинци во оградата. Следните неколку месеци научило да го контролира својот бес и бројот на закованите клинци бил се помал.

Открило дека е полесно да се контролира отколку да кова клинци. Дошол денот кога цел ден не побеснело. Кога му го кажалo тоа на таткото добило друга задача. Секој ден кога ќе успее да го контролира своето однесување да извади по еден клинец од оградата.

Деновите минувале. Еден ден детето му кажало на таткото дека ги извадило сите клинци од оградата.

Таткото рекол: „Добро што го направи тоа синко, ама погледни ја сега оградата колку дупки има сега во неа. Оградата нема да биде повеќе иста. Кога ќе кажеш во лутина некои работи истите оставаат лузна, како што се овие дупки во оградата. Можеш да избодеш човек со нож, а потоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, раната останува.“

Вербалната рана е исто толку болна како и физичката. Пријателите се навистина ретки скапоцености, тие прават да се смееш, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те слушаат, да ја поделат твојата болка, имаат добри зборови за тебе и секогаш срцето им е отворено за тебе.

Со пријателство, добронамерност, толеранција, стрпливост, грижливост, разбирање, животот е поубав за сите нас. Ако имаме пријателски намери тогаш помалку и поретко ќе се повредуваме еден со друг. Сепак, луѓе сме грешки правиме. Ако ти згреши некој дај му шанса да ти каже „извини“, ако ти некому згрешиш, кажи „извини“ поубаво ќе се чувствуваш и ти.

Опции за гледање на коментари


Клинци во оградата - од Necromancer на 21 јули, 2003 - 10:14

Ај она со ангелите некако го преќутев, ама ова... сине посетителче дај олабаи не од вакви исклилширано „поучни“ приказни!

Клинци во оградата - од Freak на 21 јули, 2003 - 11:51

Ташак, твојот пост е клише ....
visitor ... убава приказна.

сликата на Мирчето
Клинци во оградата - од Мирчето на 21 јули, 2003 - 19:32

Ме интересира што значи 'Ташак' ?

Клинци во оградата - од LEYLA на 21 јули, 2003 - 19:38

едно големо зелено чудовиште...[се смее]

сликата на Мирчето
Клинци во оградата - од Мирчето на 21 јули, 2003 - 19:40

стварно?

Клинци во оградата - од METhAMORPH на 23 јули, 2003 - 07:29

едно големо зелено чудовиште...[се смее]

Ако станало "чудовиштето" зелено тоа не е на арно [се смее])

Клинци во оградата - од sash-oh на 21 јули, 2003 - 22:28

Вакви текстови добивам по e-mail од пријатели кои се forward-ираат.

Клинци во оградата - од LEYLA на 21 јули, 2003 - 15:48

niceee:)i am sorry.............

Клинци во оградата - од IDEfix на 21 јули, 2003 - 17:51

Со опроштење, ама преку таквото ми е да гледам вакви лигавења на англиски...

Клинци во оградата - од LEYLA на 21 јули, 2003 - 17:54

извињавај со опроштење, ама ме заболе:)

Клинци во оградата - од magdalena на 23 јули, 2003 - 06:46

Excuses are like asses everyone's got em and they all stink.
[се смее] Се зезам ...
Големината на човекот е во опростувањето, да побараш или да прифатиш извинување.
Нашите стари го знаеле тоа, па си вовеле празник „Прочка“ [се смее]

Клинци во оградата - од IDEfix на 21 јули, 2003 - 17:50

Во продолжение на текстот следи:
Оваа порака (неслучајно) ти е пратена баш тебе за да имаш неизмерна среќа.
Со поволен ветер можно е да имаш и не така мал успех. Оригиналот потекнува од Топаанско Поле, Скопје, Македонија. Немој да се излажеш и да не ја прочиташ до крај. Сеуште ја нема заобиколено земјината топка девет пати, но се очекува да го стори тоа во најкус можен рок. Оние пораки од Нов Зеланд и Palaiseau можат запирки да и ставаат, да не речам вода да и носат.

Не биди себичен (себична), препрати ја поракава понатаму и Добрата Вила ќе те посети во рок од четири дена (доколку те најде дома, се разбира).

Препрати ја оваа порака на сите 10. твои пријатели и за седум дена ќе се посереш од радост.

Ако ја пратиш на цел Address Book без да внимаваш кого селектираш, ке имаш успех на сите можни полиња, врвои и долини...

Забелешка: Коментаров е прпишан од тука

сликата на fio
Клинци во оградата - од fio на 23 јули, 2003 - 11:13

Симињам капа [се смее])))))

Клинци во оградата - од IDEfix на 24 јули, 2003 - 08:22

Јас пак се обидувам со друга тактика... т.е. со симнување ѕвезди. Ама некако слабо ми оди... [намигнува]

Клинци во оградата - од Robomarket на 21 јули, 2003 - 20:12

sega sum popizden i mi gori pod noze! Da kovam li sajki u ograda ili da pukam nos na edna sebicna licnost?

сликата на tash
Клинци во оградата - од tash на 22 јули, 2003 - 00:54

стај нозете у ладна вода.

сликата на ABNORMAL
Клинци во оградата - од ABNORMAL на 23 јули, 2003 - 11:28

Kombiniraj brat...kovaj sajki vo sebicnata licnost...

P.S.
Bez anestezija,"na zivo"...

сликата на ГоранОдЧаир
Клинци во оградата - од ГоранОдЧаир на 23 јули, 2003 - 01:11

добро бе мора све да сјебете ( со извињење ) тоа што приказнава те учи да бидеш во постојан мир со себе си и со околината ( нешто слично на Зен Будизам ) немора да значи дека е лага , па дури и да е .. што вие сте некои тешки фраеришта што попрво би си ги извадиле очите одколку да си простите еден на друг .... и каде ќе биде крајот ако е така КРВ НА СИТЕ СТРАНИ .

Клинци во оградата - од NeOzBilNa на 23 јули, 2003 - 20:17

<>...тоа што приказнава те учи да бидеш во постојан мир со себе си и со околината...<>

ГРЕШКА СИ!!!
Наравоучението од приказнава гласи:
Не се мачи да вадиш шајка,дупката е и онака направена:))))

p.s.Ако на секое нервирање ковам по една шајка,без ограда ке останеме:)))

Клинци во оградата - од Тамара на 9 август, 2003 - 07:16

Ти грешиш. Ако ги игнорираш грешките што ги правиш, не значи дека истите не постојат.
Од грешките треба да учиш...

Клинци во оградата - од MRAK на 16 август, 2003 - 02:59

od start prikaznava e sranje!si bese edno momce...
pred da stane toa momce momce,bilo dete!
imalo roditeli koi treba da go postavat na noze dodeka da zajakne za da prodolzi sam.
ako tatko mu bil mubar,kako sto e probano da se prikaze,togas malku verojatno e deka sinot negov ke bide nekontrolirana opasnost!

Клинци во оградата - од hara на 17 август, 2003 - 05:09

Може да разбере само тој што сака да разбере. Може да научи, само тој што сака да научи.
На човекот на сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш.

Клинци во оградата - од charas на 17 август, 2003 - 17:44

Ako ne e na drugar da mu kazis se,togas i sto ke ti e ?