МобиМак - happy-hour

Мобимак синоќа се поремети!! Сите при-пеид корисници можеа да праат муабет беспари...



Да, добро прочита, од 3 до негде 4 саат сабајле мобимак нешто се поремети, и престана да наплаќа за разговорите. Незнам што е причината али сигурен сум дека не било намерно. Јас лично со 3 ден. на сметка праев муабет 1 саат и 10 мин, а веста ја реширивме брзо, така да верувајте не бев единствен што цицаше гага разговор :-) После 1 саат, ми се прекина разговорот, али 3те денари ми останаа на сметка :-). Од 4 саат натака, се им функционираше како што треба и повторно почна да се наплаќа за разговорите.
Сигурно ќе се изедат кога ќе чујат што дозволиле, а може и ова да им дојде како идеа да направат еден happy-hour како што има vodafone во германија, при што од 20-21 часот можете да вртите беспари кај сакате.
Фала лепо мобимак, се надевам дека ќе ви се случуваат вакви грешки што почесто, па да извадиме и ние некој ќар како ваши корисници :-)

Поздрав!

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на sapeski

МобиМак - happy-hour

Bogami fantazija kaj nasata telefonija...koj takov sto sum na smetka...

Слика на HuG0

МобиМак - happy-hour

Koj e toj mobimak sto se narekuva operator ..... proba za da te ukradat so detalna smetka na zapad ne e operator nego lopov mislam deka sum jasen

Слика на LEYLA

МобиМак - happy-hour

ооооpppsss honest mistake:)

Слика на Глиша

МобиМак - happy-hour

Ако феноменов бил ненамерен дефект тоа само кажува колку уствари Мобимак е добар оператор.

Во 3 саат оцабајле Окта да се запали пожарна тешко дека за толку кратко време ќе реагира.

Слика на Сељачиште

МобиМак - happy-hour

>Ако феноменов бил ненамерен дефект тоа само кажува колку уствари Мобимак е добар оператор.

А, шо, лош да не е случајно?

Слика на Глиша

МобиМак - happy-hour

Шо ти е бе?

Инаку, да до пред два месеца беше лош!

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Одличен е. Одлично користи тоа што Љубчо им ги даде Оте за конкуренција. Да им дадеше некој салам оператор, друг муабет ке праефме.

Слика на mortel-mortel

МобиМак - happy-hour

Zasto ne kazuete vakvi raboti.
a jas vcera toa vreme se macam, pustam SMS od internet bidejki imav 8den. kredit

Слика на he_he_he

МобиМак - happy-hour

ova mnogu gi kosta

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

За жалење сте со ова мобилните!
Секој гледа да има колку што е можно понов и поскап модел на телефон, а потоа по цели месеци има само (буквално) неколку денари на сметка.
Кај нас (мислам Македонија) едноставно не се сфаќа идејата за поседување на мобилен телефон, и неговата (во многу чести случаи) скапоцена услуга.
Фалењето е сеуште многу поважно од се друго.
Срамота, дај почнете веќе еднаш да живеете во реалниот свет!

Слика на filozof

МобиМак - happy-hour

Си ја утнал темата на муабетот

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Тоа што претходно го кажав е едноставно чиста вистина, ако мислиш дека не е така, тогаш реплицирај. А и не е баш надвор од темата. Читај до крај па ќе се сетиш (се надевам).

Не знам што имате сите толку против Мобимак. Македонски е, значи наш е. Или пак ќе ви беше подобро да имавте грчки, бугарски, српски или во краен случај албански оператори?
Само, ако се продолжи со екстремно штедење на вашите сметки на мобилните тогаш кога и да е ќе пропадне и Мобимак, како и секоја друга фирма до сега кај нас. А верувам дека дури и во тој случај (при непостоење на оператор) ќе се продолжат да се купуваат мобилни телефони во Македонија. Сепак кај нас е најважно да се има мобилен телефон и не е многу важна неговата примена.

А во врска со Vodafone во Германија би те советувал да не шириш неточни информации. Happy Hour има помеѓу 21 и 22 и во тоа време можеш да телефонираш за половината од цената, а не без пари. Оди на www.vodafone.de па читај, ако не веруваш.
Во развиена држава се се плаќа, токму на тоа се должи напредниот развој.

Слика на Глиша

МобиМак - happy-hour

> Не знам што имате сите толку против Мобимак.
> Македонски е, значи наш е. Или пак ќе ви беше
> подобро да имавте грчки, бугарски, српски или во
> краен случај албански оператори?

Не е македонски.

Инаку секогаш треба да имаме против големите капиталистички корпорации!

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

'Не е македонски.'

- Е чиј е?
Не е многу важно на кој му припаѓа поголем дел од акциите, т.е во чија сопственост е, туку единственото што треба да се зема во предвид е тоа што, е во Македонија, е за Македонија и работи за Македонците.

'Инаку секогаш треба да имаме против големите капиталистички корпорации!'

-Зошто?
Не сум многу запознат во тоа поле, но мислам дека тие големи корпорации имаат големо влијание за развитокот на државата. Колку повеќе и помоќни се истите, до толку понапредна е државата.

Слика на Глиша

МобиМак - happy-hour

> и работи за Македонците.

Работи единствено да им носи профит на газдите! Македонците не се газдите.

> но мислам дека тие големи корпорации имаа

Па едноставно се зли!

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

'Работи единствено да им носи профит на газдите! Македонците не се газдите.'

- Мислев, им врши услуги на македонците.

'Па едноставно се зли!'

- Зли или не, од нив државата зема најмногу данок (мислам квантитативно), а тоа е многу важно.

Слика на ZisDead

МобиМак - happy-hour

од нив државата зема најмногу данок(мислам квантитативно), а тоа е многу важно.

(Мала дигресија :-))
не е точно. тие најдобро ги користат сите механизми за избегнување данок, а и влијаат врз законодавниот процес кој им ги намалува давачките. и така останува на обичните работници да го полнат буџетот, а корпоративните свињи да си ги тријат рацете и да уживаат во монополистичките профити.

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Тоа зависи од Законот. Значи има премногу дупки во истиот штом можат тоа да го прават. Значи плукај по тој што го основал и го изменува законот, т.е владата, а не по фирмите кои што едноставно ја користат прекрасната шанса.

Слика на dusheque

МобиМак - happy-hour

ne zema drzavata najgolem danok od niv. Drzavata zema najgolem danok od Skopska Pivara i od GP "Granit".

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Кои се тие 'нив'?
Прочитај што точно е кажано во коментарот, пред реплицирање!

Слика на METhAMORPH

МобиМак - happy-hour

- Е чиј е?
Не е многу важно на кој му припаѓа поголем дел од акциите, т.е во чија сопственост е, туку единственото што треба да се зема во предвид е тоа што, е во Македонија, е за Македонија и работи за Македонците.

Можеш ли да објасниш како тоа Мобимак работи за македоците? Со тоа што има астрономски цени? Со тоа што на црно изнесоа неколу милиони евра надвор од државава?
Ради твоја информација Мобимак имаше 46 милиони евра ќар минатата година. Тоа веројатно затоа што се многу добродушни и работат за доброто на граѓаните.

Да се разбереме... Јас не сум против тоа што направиле толкави профити... Едноставно оваа посрана држава им овозможи да имаат монопол кога ниеден друг оператор во Европа го немаше тоа и луѓето фино-лепо ги одраа луѓето. Ама да кажеш дека работеле за доброто на македонецот тоа е идиотизам.

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

'Можеш ли да објасниш како тоа Мобимак работи за македоците?'

- Нуди услуги за мобилни телефони и го прави тоа само за жителите на Македонија.

'Со тоа што има астрономски цени?'

- Штотуку ги погледнав цените и морам да кажам дека истите се во ред. Не знам што само за џабе кукате. Не може да очекувате некој да ви понуди цени пониски од цените за обичен телефон, па сепак мобилен телефон е луксуз и ако не можеш да си го дозволиш, не користи.

'Мобимак имаше 46 милиони евра ќар минатата година. Тоа веројатно затоа што се многу добродушни и работат за доброто на граѓаните.'

- Е па убаво. Тоа значи дека многу професионално работат. Така и треба. И како ги одрале луѓето? Па те тера ли некој со сила да купуваш мобилен? Зборувај си на обична линија! И не заборавај, луксузот се плаќа.

'Ама да кажеш дека работеле за доброто на македонецот тоа е идиотизам.'

А бе многу примитивно ги толкуваш работите! Кога реков дека работеле за 'доброто на македонецот'? Реков 'за македонецот', па читај ја првата точка од коментаров.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Хаха, мобилен телефон луксуз......

Иди види го луксузот на www.vodafone.gr

Пост пејд за 70 ЕУР/месечно добива 600 минути разговор (10 саати) и еднаш годишно беспалтен апарат.
Па сеа ти рачунај како сакаш, кој гого сака и колку.
Све е интерес, ама ти не го гледаш тоа.

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

'Пост пејд за 70 ЕУР/месечно добива 600 минути разговор (10 саати)'

- А ти си во можност да плаќаш 70 евра месечно?
И многу е јасно дека колку повеќе телефонираш, до толку повеќе попуст може да ти овозможат.

'еднаш годишно беспалтен апарат.'

- Хммм, само не знам дали ќе бидеш задоволен од апаратите што ќе ти ги понудат!

'Па сеа ти рачунај како сакаш, ...'

- Е ај израчунај па јави се пак, со резултатите, годишни, па ке видиме што ќе добиеш.

Освен тоа не можеш ти да споредуваш Vodafone со Мобимак. Додека едните имаат милиони корисници во десетици земји по светот, другите се обидуваат да опстојат со нешто повеќе од 400 илјади.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Мојата сметка на Мобимак е отприлика толку месечно, а у минутажа не е ни пола.
У Април даваа рецимо Сименс С45и кој кај нас најефтино го набавуеш за 250 ЕУР
Зошто да не може да се споредува? Истата тарифа ја нуди и Телестет, и Космоте у Грција и Туркчел у Турција.
Големите имаат многу корисници но и многу поголеми трошоци.
Кој кур на Мобимак се онија Огромни Билборди за реклама, у времето коа немаше конкуренција? Знаеш? Тоа е како ЕСМ коа се рекламираше.
Или кој кур се онија Магазини Клуб 360? Мобимак не е Новинска куќа. Све тоа ти лепо го плаќаш преку импулси. Ако ми се чита магазин ке си купам у трафика.
Или кој кур им је поени за лаптоп, каде со просечна сметка од 100 ЕУР треба да чекам пензија за да го добијам?
Или задњава реклама, дека намалиле трошкови за 50 %....ееее а другата (црната) половина ?
Сакаш да кажеш дека не е кретенски банирањето на праќање СМС од нет?
Море нек се гонат....
Пореални ставови здравје. Поздрав до кастмр кеар од Мобимак, кои ете покрај огромната зафатеност успеваат да ја следат Багра у работно време. Очигледно Чаба и Петровски треба да се гордеат со Вас, коа при здрава свест и памет успеваат да ви наметнат став дека се што прави Мобимак е здраво за мобилната популација

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Не може да се споредува!
Го ставаш стандардот во Македонија на исто ниво со стандардите во Грција и Турција. Во земји слични на тие, корисниците на мобилни телефони имаат во просек неколку пати повисоки сметки од корисниците во Македонија, така да ако го земеш во предвид и многу повисокиот број на корисници тамошните оператори можат да си дозволат понуди на пониски цени, со цел зголемување на импулси, корисници и сметки. Трошоците, многу веројатно, им се покриваат и тоа како.

За рекламите. Причината за рекламирање на некој производ не е само уништување на конкуренцијата, туку и примамување на нови купувачи, што за мене би било објаснување за огромните билборди кога немало конкуренција.

Во врска со поздравот. Се надевам не ме ставаш и мене во поздравените, затоа што не сум во никаков 'кастмр кеар', ниту пак имам нешто со Мобимак.
Лично не се обидувам никого да бранам, туку едноставно си ги искажувам моите лични ставови во врска со темава, без ничие влијание.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Абе Мирчето, добар ник мора да се признае, од кај си ти?
Од каде информацијава дека корисниците во другите земји имаат неколкупати повисоки сметки. Јас знам дека е спротивното, односно сметките се исти, само минутажата на разговор е поголема.
На запад, и малите оператори имаат ца 50% пониски цени. Земи го пример Телестет, има скоро исто корисници како Мобимак, а дупло поатрактивни цени. Така да Големината на Операторот, и бројот на корисници не држи како оправдување.
Билбордите: Предлагам тест. Да Мобимак ги тргне билбордите на 2 месеци. Гарантирам исто ниво на продажба. Ќар поголем од неплаќањето на истите. Само ќе нема ни приватен ќар хехе.
Поздравот за Мобимак беше, ми дојде у контекст.
Јас не велам дека некого браниш, него се обидувам да ти објаснам дека имаш погрешни ставови, односно, имаш неаргуметирани ставови, со кои веројатно самиот се убедуваш, а не ми је јасно зошто.

Слика на dusheque

МобиМак - happy-hour

yarre a tebe nikov?:))) t. e tebe site te vikaat taka:) Inace dosta samo places ebate za mobilnite telefoni ako ti e tolku skapo otkazi go i uzivaj... Sakame da koristime nesto ama ako moze da e gaga. Epa nema! Inace mobimak sto si perat pari so reklami toa e povejke od jasno. Zatoa e izmislen Marketingot. A inace nikoj ne te tera da poseduvas telefon.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Никот ми је од 1во Одделение.
Плачам? Дали реалните согледувања се плачење?
Ебати душекот:))))))

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Не можам да сфатам што е тоа толку 'добро' и интересно во врска со мојот nick! Ќе ми кажеш?

'Од каде информацијава дека корисниците во другите земји имаат неколкупати повисоки сметки.'
- Па размисли, ЈАС сум во ДРУГА земја и гледам, слушам и читам дека е така.

'Јас знам дека е спротивното...'
- Без навреда, но можам само да ти кажам дека не знаеш ништо, или тој што тоа ти го кажал, а ти си му поверувал, те излагал!

'На запад, и малите оператори имаат ца 50% пониски цени. Земи го пример Телестет, има скоро исто корисници како Мобимак, а дупло поатрактивни цени. Така да Големината на Операторот, и бројот на корисници не држи како оправдување.'
- Да ти кажам право прв пат слушам за некаков си Телестет. Но во случај нивните корисници да не користат неколку пати повеќе импулси од оние во Мобимак, ќе видиш дали уште долго ќе постојат!

'Билбордите: Предлагам тест. Да Мобимак ги тргне билбордите на 2 месеци. Гарантирам исто ниво на продажба. Ќар поголем од неплаќањето на истите. Само ќе нема ни приватен ќар хехе.'
- Можно е. Во секој случај, рекламата секогаш си ја врши својата должност и би било преголем ризик да се изведе од тебе наведениот тест!

'Јас не велам дека некого браниш, него се обидувам да ти објаснам дека имаш погрешни ставови, односно, имаш неаргуметирани ставови, со кои веројатно самиот се убедуваш, а не ми је јасно зошто.'
- Па едноставно верувам во себе, а дека моите ставови се погрешни ќе мораш прво да ми докажеш со факти, а не со 'Рекол, Кажал Теории'. Не се убедувам самиот, јас само си ги бранам моите ставови, а до сега никој не успеа да ме убеди во спротивното.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Не си ласкај за никот:) Многу смешен ми се виде со членувањето. Претпоставувам си некој Мирче а баба ти те викала Мирчето. Добронамерно коментирам.

- За повисоките сметки. Јас сум и во Македонија а и доста сум надвор. Од таму знам.
- Без навреда. Знам дека е спротивното.
- www.telestet.gr. Запознај ги.
- Билборди - коа не знаеш да читаш меѓу редови, и децата од прво одделение знаат зошто служат билбордите покрај реклама
- Верувај во себе. А Факти ти да обезбедиш за твоите. Кое спротивно? Од кои твои факти? Да не сакаш и писмен доказ ?

Коа си веќе тука, зошто живееш у Германија? Вистинските патриоти се тука.

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

'Не си ласкај за никот'

- Каде виде бре ласкање, немој постојано да измислуваш!

'Претпоставувам си некој Мирче а баба ти те викала Мирчето.'

- Не е точно. И немој да те интересира. Не сум педер и немам намера да се зближувам со тебе, за разлика од тебе (барем таков впечаток добив).

'За повисоките сметки. Јас сум и во Македонија а и доста сум надвор. Од таму знам.'

- Е па изгледа познаваш навистина моќни луѓе надвор, коишто poradi ogromnata моќ, мобилниот го користат само за играње на игри при чекање на доктор, и проверување на меил.

'Без навреда. Знам дека е спротивното.'

- Штом се сам си знаеш, уживај! Немам намера да те убедувам, верувај си во твоите погрешни информации.

'- www.telestet.gr. Запознај ги.'

- Кога ќе имам време можеби ќе разгледам, сега имам други попаметни работи.

'Билборди - коа не знаеш да читаш меѓу редови, и децата од прво одделение знаат зошто служат билбордите покрај реклама'

- Не ни се обидувам да читам преку редови.

'Верувај во себе. А Факти ти да обезбедиш за твоите. Кое спротивно? Од кои твои факти? Да не сакаш и писмен доказ ?'

- Е па штом одговараш со прашање на поставено прашање, значи дека немаш никаков паметен одговор. Освен тоа, ти се обидуваш да ми докажеш дека кажаното од мене е погрешно.

'Коа си веќе тука, зошто живееш у Германија? Вистинските патриоти се тука.'

- Сум надвор од Македонија, за да станам попаметен, и да научам како вистински функционира една држава, освен тоа не можев повеќе да ја трпам мизеријата и луѓето како тебе.
Вистински патриоти! Вистинските патриоти се обидуваат да сторат нешто и да си го подобрат животот, а не седат по цел ден дома кукајќи.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Баби и жаби измеша сеа. Фино што си отишол надвор да станеш попаметен.
Добро се фати на јадицата на патриотизмот:)
Иначе ја патриот не сум. Ме мрзи а и немам време за патриотизам. Од мојата работа убаво живеам тука, а у Германија идам како посетител на семинар, службено или евентуално туристички, а не како аргат или студент кој сака да докаже дека ете ние Македонците сме најпаметни тамо.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Леле, од кај ти је ников? Од кај си ти?:)

И од каде ова дека Тамошните корисници праеле поголеми сметки. Јас ЗНАМ дека се приближно исти, со тоа што зборат бар дупло.
Рекламите? Што мислиш ти зошто се праат реклами у државиве како нашава а се плаќаат тродупло?
Поздравот ми дојде.....у контекст. Не е за тебе:)

Мирчето а ?:))))))

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Би ти кажал само, дека доволно ми е еднаш да прочитам коментар за да го разберам истиот! Така да не мора по два пати истото да го публицираш! Очекувам одговор под коментарот погоре!

Слика на versus_MKD

МобиМак - happy-hour

„Нуди услуги за мобилни телефони и го прави тоа само за жителите на Македонија.“

Па и ОТЕ го прави истото. И двете фирми работат за газдите, а народот е само овцата за стрижење.

И за тебе е професионализам што имале 46 милиони заработка? Па знаеш ли дека телекомот имаше 200 милиони заработка годишно пред да се продаде? А сега заедно сите единици пријавуваат половина од таа сума. А во меѓувреме цените на фиксната телефонија се зголемија од 0.5 денари за импулс на 1.38 денари за импулс. Значи или Унгарците не знаат да работат, или затајуваат профит за да избегнат плаќање на даноци и дивиденда на државата. Не може државада да е подобар стопанственик од приватна фирма.

Се на се, дечко, или ти си паднат од Марс и не ги знаеш состојбите тука, или па имаш некој ќар од телеком, па ги браниш. Трето не гледам.

Слика на METhAMORPH

МобиМак - happy-hour

Се на се, дечко, или ти си паднат од Марс и не ги знаеш состојбите тука, или па имаш некој ќар од телеком, па ги браниш. Трето не гледам.

Изгледа е тоа првото :)

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

'Изгледа е тоа првото :)'

Учи физика!
Од Марс не можеш едноставно да паднеш на Земјата.
:)

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

1. А бе 'дечко', ако така сакаш, можам само да ти кажам дека народот е секогаш овца за стрижење. Не е важно за кој продукт се работи, многу лесно да го направиш народот зависен од тебе.

2. Па секој си гледа да заработува, е сега кога нема закон којшто ќе контролира и казнува, тогаш секој си има право да прави нелегални работи, којшто во случајов сигурно се легални штом нема закон против нив. Разбираш?

3. Инаку немам ама баш ништо ниту со телеком ниту пак со некој друг. Гледам сам да успеам, и не се замарам со работи кој коишто не ме засегаат, кој колку заработувал и слично. Едноставно немам време за тоа. А би те советувал и ти да престанеш да го правиш тоа, па ќе имаш повеќе време да размислуваш како да си го подобриш својот живот.

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

За точка 3.
Ти бе кај живееш? Кур те боли што се дешаа околу тебе?
Класичен пример за Македонштина си. Да има лепче и путерче, да е мирно....и да си терам ја до 100 и една и назад. Ако те ебат, ке им дадеш вазелинче полесно да влезе......
Така ни у Занзибар нема да не примат, а не у Европа.....

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

А што е толку важно каде живеам јас?
Не сум во мк ако тоа сакаше да го чуеш!
Фамилијата ми е во Македонија, и нормално е да ме интересира што се случува во неа. Но, замарате со работи со коишто не сте баш најдобро запознати, туку сте разбрале многу веројатно од кафе разговори и сл., а дури и цврсто ги браните вашите ставови.
И не дозволувам ама на баш никој да ме 'ебе', а во случај тебе некој да ти го прави истото би требало да преземеш нешто, сигурно има начини да го средиш тоа, а не само филозофираш во врска со истото и не правиш ништо.

За Европа сме сеуште многу далеку, и тоа ќе биде така уште многу долго време, барем се додека навистина паметни и интелигентни луѓе не почнат да ни ја водат државата.

Слика на METhAMORPH

МобиМак - happy-hour

А што е толку важно каде живеам јас?
Не сум во мк ако тоа сакаше да го чуеш!
Фамилијата ми е во Македонија, и нормално е да ме интересира што се случува во неа. Но, замарате со работи со коишто не сте баш најдобро запознати, туку сте разбрале многу веројатно од кафе разговори и сл., а дури и цврсто ги браните вашите ставови.

Тоа дека не си во Македонија го приметив уште кога почна муабетов. Ти кажав дека покушаваш да се правиш паметен за работи за кои немаш појма. Не си информиран, а мислиш дека си.

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

А зошто се сметаш ти за толку информиран?
Си во, или имаш многу пријатели од некоја државна институција или што?
Не сум експерт за темава, признавам, ама не верувам ниту дека некој од вас е! Така да сме на исто ниво.

Слика на METhAMORPH

МобиМак - happy-hour

Далеку сме од исто ниво. Да, јас сум стручен за темава, да имам еден куп пријатели и во државни институции и во мобимак и во cosmofon и знам што се случува и во двете фирми.
И ти кажав дека немаш појма за работите така да не скокај и не се прај паметен за работи за кои не знаеш ништо.

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Хммм, во ред, штом е така, ти верувам дека си стручен за темава. Само кажи ми, кое скокање од моја страна?

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Тој што те информира слабо го праи тоа. Од тие ко тебе од дијаспората, што солат памет а не знаат што се случува преку .....

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Хмммм, а гледам твојата информираност е одлична. Само плачење и жалење без врска.
Јас бев, сум и ќе останам Македонец!
Ако не сакаш да слушаш совети, не мораш! Продолжи си по свое, и уживај.
А не верувам дека подобро од мене знаеш што се случува преку... .

Слика на yarre

МобиМак - happy-hour

Ту бре вија у дијаспората секогаш сте поголеми патриоти од луѓето што тука живеат.
Плачење? Каде бре гледаш плачење.
Ти од таму подобро знаеш како е тука? Да не ти се јавујат од влада па секојдневно те информитраат? Или имаш кодош?:)

Слика на Мирчето

МобиМак - happy-hour

Ја знам ситуацијата кај нас многу подобро, од (многу) голем број на луѓе кои што се таму.

Слика на versus_MKD

МобиМак - happy-hour

„А бе 'дечко', ако така сакаш“ - Извини, може не си дечко, ама на таков ми заличи со инаетџиското однесување и незрелоста на твојот став.

„Гледам сам да успеам, и не се замарам со работи кој коишто не ме засегаат, кој колку заработувал и слично. Едноставно немам време за тоа. А би те советувал и ти да престанеш да го правиш тоа, па ќе имаш повеќе време да размислуваш како да си го подобриш својот живот.“

Тоа што гледаш сам да успееш е за поздравување. Меѓутоа, ако немаш приметено, 49% од телеком се на владата, односно на граѓаните на оваа држава. Е сега ако тебе не те интересира дали телеком не краде, мене ме интересира. Зошто ако наместо 18 милиони евра, владата инкасираше 40 милиони евра, за толку ќе се отвори простор за намалување на даноците во другите сфери. Значи, ако телеком краде, краде од мојот џеб, а таква работа и тоа како ме интересира.

Агрегирање содржина