7 јануари, 2009 - 12:48
[веб кирилица]

Во македонија сидата се третира како настинка

од macka на 15 јул 2003 - 14:32
Во последно време на баграва се појавија прилично голем број статии на тема секс, но само една и единствена за последиците кои можат да настанат после тоа „големо задоволство”, поточно мислам на онаа за полово преносливите болести, во кои нели спаѓа и сидата. Верувам дека повекето од вас (се надевам сите) веке сте добро запознаени што е тоа сида (AIDS) и HIV. Ова инаку е дел од една статија објавена во „Национал” од 13.06.2003 година а нејзин автор е Реџеп Пампур, која ќе ја прикажам во малку скратена верзија.

Сидата повеке од 20 години е закана за целиот свет, а за жал таа во Македонија сеуште се третира како обична настинка (е балканштина неможеш да побегнеш од синдромот „можно е да се случи ама не на мене туку на комшијата”). Веројатно водејќи се од логиката може да му се случи на друг. Официјалните (и неофицијални) податоци, но и укажувањата на лекарите говорат дека Македонија може да му се приклучи набрзо на ланецот земји во кои сидата има катастрофални последици. Поимите, знаењата, како и самата превенција и лечењето во земјава на хив вирусот се на катастрофално лошо ниво. Тоа е сепак нешто што се должи на понатаму нерешениот општествено политички статус на земјите од ова подрачје во транзиција, како и зголемениот процент на ризик, токму и поради нерешеноста на овие прашања. Пред сè затоа што ова е регион каде постои интензивна трговија со луѓе, проституција, сè поголем број зависници од дрога, неадекватното и речиси никакво сексуално образование на младите, и огромниот број од нив кои не знаат да се заштитат при сексуалниот однос, присуството на голем број странски државјани, почнувајки од контингентите на нато до најразлични мисии кои доагаат од земји во кои болеста е раширена во големи размери па се до менталниот склоп на правите балканци-при што опасноста од пренесувањето на вирусот е неколку пати поголема одколку во други земји. И покрај 20 годишното присуство на болеста и на овие простори и бројните трибини, семинари, симпозиуми, предавања и акции на лекарите, невладиниот сектор и медиумите нашите граѓани, кои иако важат за добро информирани на секое поле, покажуваат катастрофални познавања во оваа обкласт. Во сета таа мешаница на глобално ниво може да се каже дека Македонија иако се наоѓа на ризично подрачје поради претходно споменатите фектори, во споредба со останатите европски земји, сепак се наога на листата на земји во кои хив вирусот не доби големи размери, иако бројката на хив позитивни и починати и заболени од сида не е мала и занемарлива во споредба со бројот на жители. Но тоа не значи дека опасноста е намалена, затоа што заболениот може да не знае дека е заразен и неколку години, а во меѓувреме да зарази некој друг. Малку од граѓаните знаат дека сидата не може да се пренесе со користење заеднички алишта, живеење или спиење во иста соба, бакнување, користење заедничка храна, прибор за јадење, кивање или кашлање користење јавни тоалети, разговарање, ракување... Според лекарите се смета дека само преку крвта, спермата, вагиналниот секрет, цервиканиот секрет и мајчиното млеко вирусот може да биде пренесен. Значи постојат 3 основни начина на пренесување на хив: 1. сексуален однос без заштита со хив позитивно лице 2. преку заразена крв и 3. од заразена мајка на фетусот или бебето.

Мислам дека досега веке ви стана јасно дека состојбата во нашата држава е алармантна. Само уште 2 податока:
1.на почетокот во 2003 година во светот живеат или живееле 42 милиони луѓе со хив вирус, а за 2 децении од појавата на вирусот до денес се инфицирале 62 милиони луге од кои 20 милиони се веке мртви. Во Македонија според ОФИЦИЈАЛНИ ПОДАТОЦИ досега се регистрирани 64 случаи на сида кои поради доцното пријавување ја развиваа болеста од 6 до 12 месеци.
2.тест за сида може да се направи на неколку места – во Републичкиот завод за здравствена заштита на Клиниката за инфективни болести... а цената се двиижи од 800 до 1200 денари. Интересно е што ако се прави анонимен тест без да добиете за тоа официјална медицинска потврда и да бидете медицински заведени тестот е бесплатен.

И за тоа да не се расправаме- уживајте во сексот, каде сакате колку сакате, со кого сакате... ама безбедни. Користете кондоми - за мала цена тие ви прават голема услуга. :)

До следниот пат адиос амигос...

:)

Опции за гледање на коментари


Во македонија сидата се третира ка - од DonJuan на 15 јули, 2003 - 15:11

temava ti e dobra no odgovorot zosto e sostojbata takva lezi vo opstata katastrofalna situacija vo koja se naogja makedonija na sekoj plan i nepostoenjeto na vidliv znak deka nesto moze da se promeni na podobro. se ostanato e katastrofalno, pa zarem moze da se ocekuva na Sidata da i bide daden pravilen tretman od opstestvoto.

Kako e rabotava dojdena do dnoto, ne bi me iznenadilo ako postoi odreden % lugje vo Mk sto se spremni za prihod od 1000 eura mesecno do kraj na zivotot da se slozat da im se vbrizga virusot... em pari, em moze da se seksaat bez strav od posledici, em ke si proziveat bez da se zamaraat dali imalo ili nemalo rabota....

DJ

Во македонија сидата се третира ка - од Тамара на 15 јули, 2003 - 16:02

„Малку од граѓаните знаат дека сидата не може да се пренесе со ............. бакнување, ................“

Може. Вирусот може да биде пренесен и преку љубење, иако плунката во себе не го пренесува, но доколку партнерот има ранички во устата, расипани заби и непца кои крварат, па на тој начин може. Преку бакнежот се разменуваат голем број инфекции.

Во македонија сидата се третира ка - од milkie на 17 јули, 2003 - 10:13

Точно. Повеќе детали овде.

сликата на ZisDead
Во македонија сидата се третира ка - од ZisDead на 15 јули, 2003 - 18:12

И за тоа да не се расправаме- уживајте во сексот, каде сакате колку сакате, со кого сакате... ама безбедни. Користете кондоми - за мала цена тие ви прават голема услуга. [се смее]

So drugi zborovi, mozete slobodno da se ebete imajki predvid deka posle ebenje nema kaenje.(so izvinuvanje za recnikot)

P.S. Tekstot e so totalno pogresen zaklucok, koj vsusnot pothranuva edna od glavnite pricini za problemot.

Во македонија сидата се третира ка - од macka на 16 јули, 2003 - 01:02

добро а што те упатува тебе да помислиш дека заклучокот е промашен?па нели користењето на кондом при сексуалниот однос е најдобриот начин да се заштитиме од сидата?ти како се заштитуваш со доживотна апстиненција?[се смее]

сликата на ZisDead
Во македонија сидата се третира ка - од ZisDead на 16 јули, 2003 - 01:38

Ako bea site kako tebe, mozebi bi bila dobra taa ideja .

Во македонија сидата се третира ка - од macka на 18 јули, 2003 - 01:08

ти да не пробуваш да лечиш комплекси на баграва?стварно не ми е јасно што сакаш да постигнеш.па не сме мали деца да се расправаме за глупости нели?ако не си го сватил текстот или заклучокот тоа не е проблем ке ти опростиме ние прочитај едно 5 пати веројатно ке ти стане јасно.ако не здравје.ПСте молам да не ја продолжуваме веке оваа дискусија навистина не ми се допагаат он лајн караници.friends?:)мора малку дипломатија нели за доброто на сите и на баграва за да не се оддалечуваме од темата предвидена за дискусија:

сликата на ZisDead
Во македонија сидата се третира ка - од ZisDead на 18 јули, 2003 - 02:54

Да маче, текстов ти беше толку интелектуално предизвикувачки што неможев да го разберам...Но нејсе. Секој со својот памет....

Инаку, се прашувам дали написот на Пампур/Мачка е во спрега со огласот во Дневник за слободна линија за консултација за СИДА, наменета специјално само за `бројната`геј популација во Македонија? Каква ли кампања финансираат овој пат нашите ни драги странски, но важно невладини организации. Мислам малце ја утнале темата на линијата, исто како и заклучокот во горниот текст. Добро... тие си знаат што сакале да постигнат... од тука само може да се нагаѓа.
А некој што ништо не разбрал во целата ситуација, како папагал ке повторува некои милозвучни идеи со расипана основа.

Во македонија сидата се третира ка - од macka на 22 јули, 2003 - 00:13

ок доколку не го разбра мојот акт на добра волја од претходниот одговор сега ти го повторувам затоа што очигледно е дека не ги сваќаш работите од едно прочитување.ама >>>>Но нејсе. Секој со својот памет....>>>>како што самиот кажа.од понатамошни коментари се оградувам очигледно е дека определени персони на баграва многу работи погрешно ги сваќаат.(јас нудам мир како секоја цивилизирана особа а тој сака војна очигледно-но нема да ја добие)што ке напишеш понатаму е твоја работа но се надевам дека ке го прифатиш понуденото од претходниот одговор.peace!
а инаку текстот не е мој јас го прочитав и го презентирав на баграва.ама како и да е не ми личи ко да е поврзан со таа толку ракламирана"слободна линијаза консултација за сида наменета само за геј популацијата.ај така....поздравче....

Во македонија сидата се третира ка - од bigblue на 16 јули, 2003 - 07:38

Користењето на кондом при сексуалниот акт е начин да се заштитиш не само од сидата, туку и од останатите СПБ. Има и други језиви ствари што може да се не дај боже задесат и прифатат/пренесат [се смее]

Во македонија сидата се третира ка - од METhAMORPH на 16 јули, 2003 - 07:58

"So drugi zborovi, mozete slobodno da se ebete imajki predvid deka posle ebenje nema kaenje.(so izvinuvanje za recnikot)
P.S. Tekstot e so totalno pogresen zaklucok, koj vsusnot pothranuva edna od glavnite pricini za problemot."

Не е текстот со погрешен заклучок туку ти не си го сватил...

Во македонија сидата се третира ка - од boman на 16 јули, 2003 - 15:30

Temata za bolesta AIDS vo Makedonija za zhal ne e dosta razrabotena. Mnogu lugje ne znaat kako se prenesuva ovaa boelst, a bolnite (na koi vsushnost im e najteshko) se objekt na socijalna izolacija, tokmu poradi tabuiziranjeto na temata, shto dopolnitelno ja vloshuva situacijata. Za razlika od Zapadna Evropa, vo Istochna Evropa drastichno se zgolemuva brojot na novite infekcii. Seksualnata edukacija i detabuiziranjeto na celoto opshtestvo se imperativ. Moram da konstatiram deka homofobijata e dosta izrazena karakteristika na makedonskoto opshtestvo, a ovde se vrojuva i problemot so sidata. Ja pozdravuvam idejata za "kvazi javna rasprava" na tema AIDS.

Во македонија сидата се третира ка - од SoNjiCka на 16 јули, 2003 - 17:11

http://www.bagra.org/modules.php?op=modload&name=News&file=article&sid=846
Само некако страв ми е да идам тест да направам [се смее]

Во македонија сидата се третира ка - од Сељачиште на 16 јули, 2003 - 22:39

>Само некако страв ми е да идам тест да направам [се смее]

Зашто?

Во македонија сидата се третира ка - од SoNjiCka на 19 јули, 2003 - 01:15

Затоа што не секогаш сум имала секс со кондом,а заклучивме дека луѓето не треба да ги делиме на (не)ризична категорија туку дека секој е потенцијален носител.
Нема врска колку некого познаваш или не или колку партнери сменил истиот...имаше еден филм со некои дечиша што испозакачија сида сите и една греотка што губеше невиност тогаш.
Од друга страна незнам што би правела ако ете ми кажат позитивна [се смее] Се плашам да правам тест,не дека сум имала нешто посебно ризични ситуации,туку ете се десило некогаш без заштита.Немој да ми кажеш дека ти секогаш и со сите си користел кондом? И дека не те фака некој страв при помислата да правиш тест и дека ни ти се јавуе некој сомнеж?
Мене ДА... [се смее]

Во македонија сидата се третира ка - од Сељачиште на 19 јули, 2003 - 03:43

Веројатно се работи за некоја разлика во психолошките профили. Имено, мене токму стравот би ми бил најголема мотивација да идам, а не да не идам да се тестирам.

Анинонимниот тест чини, мислам, околу 500 денари и неговото изведување е задоволително дискретно.

Во македонија сидата се третира ка - од Gluteus на 5 август, 2003 - 18:28

Список за праење СИДА тест кај мене:)
Џабе не работам у Државна болница [се смее]
И тоа сите ќе ве заведам како некој ехперимент![се смее] Бесплатно за целата раја:)
Ќе има и за дома да си однесете:)
Ај пријатно... [се смее]