Избор
Нема поплави во Охрид, тонат планините!
Планини околу Охрид, почнувајќи од планината Петрино, Галичица, па сè до планинскиот венец кој го сочинува Јабланица на струшкиот дел, тонат, но некои и се издигнуваат. Колкави се поместувањата на планините наскоро ќе се знае, бидејќи странските стручњаци што ги вршеа истражувањата сè уште не ги имаат доставено резултатите во Охрид. Генерално, има тонење на охридскиот басен, велат во Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Истражувањата се вршени во рамките на утврдувањето на староста на Охридското Езеро. Во тимот биле вклучени американски, италијански и научници од уште неколку други земји. По професија биле геолози, вулканолози. Забележителна улога во овие истражувања имал Универзитетот во Келн, одделот за геологија. Тие вршеле и процена на ризикот од лизгање на земјиштата. Истражувањата се вршат континуирано од 2003 година. Покрај ова, се снимаше дното на Езерото и површинскиот дел на басенот на Охридското Езеро.
- 15 коментари
- Повеќе
- 991 читања
Ќе сурфаме на интернет додека се возиме во стари автобуси
Скопјани ќе сурфаат на интернет и додека се возат во автобус.Од идниот месец на интернет ќе може да се закачите и во автобусите во Скопје.
Проектот на почетокот ќе биде спроведен само во автобусот со број 5, доколку успее менаџментот на компанијата најавува дека ќе го спроведе и безжичен интернет ќе инсталира во сите автобуси.
„Гледајте како седам, стари автобуси, катастрофа, врата не се затвора нема ни гумички ни ништо. Дува од сите страни“, вели граѓанин.
- 27 коментари
- Повеќе
- 1885 читања
Латас - српски шпиун
„Кажи Латасу да је ово тренутак да максимално помогне својој отаџбини“ - пишува во извештајот на информаторот на ДБК за средбата која Павловиќ, Раде Ѓорѓевиќ од Амбасадата на СРЈ и уште едно лице ја имале во еден познат скопскиот ресторан во Градскиот парк. Понатаму, според оваа службена белешка, Ѓорѓевиќ му дал задача на Павловиќ да се види со видни личности од српската заедница во Македонија за да организираат демонстрации пред српската амбасада, но така што тоа да изгледа како спонтано собирање, на што Латас му одговорил дека ќе му се јави на некое лице со кое заедно успешно ќе се организираат и дека „американската амбасада ќе стане пепел“.
- 23 коментари
- Повеќе
- 1738 читања
ЏО ЏЕКСОН: ПУШЕЊЕ, ЛАГИ И ДРЖАВАТА- ДАДИЛКА
Илјадници години во Америка, и околу 500 години речиси насекаде низ светот, тутунот бил пријател на човештвото. Се употребувал за релаксација, стимулација и исцелување. Бил витален дел од социјалните и духовните обреди. Бил користен како валута. Врз него биле основани цели заедници - вклучувајќи ги, веројатно, и САД.
Чекај малку! Избриши го ова! Пушењето е лоша, гнасна навика, која речиси сигурно ќе те убие. Никој не пуши по своја волја, тоа се само патетични зависници, навлечени од зли тутунски компании. Тутунот е чума која мора да се искорени.
- 20 коментари
- Повеќе
- 1702 читања
Перспективи
Испратено од Тесни и широки на 23 декември, 2009 - 16:03Вчера се случи. Вчера вечерта. Како оттогаш да поминале десет дена. Немам дупки во памтењето, скоро и да не пиев, повеќе се временски криви – моменти траеја со часови, цели денови, потоа бордо темнина со мирис на омекнувач и секс. Уште го чувствувам, на косата ми се налепил веројатно.
Забавата заврши доцна, околу 3. Вечна седенка со вечните лица. Останавме со Анка и Владо, тројцата, си ги повторивме по којзнае кај пат слабостите и глупостите на „другите “. Си поседовме така во тишина, секој ги подмешнуваше своите мисли во чашата - кој вино, кој коњак. Анка беше нервозна, повторно, и повторно поради љубов. Владо, не знам за него, но не стана да си оди со неа, остана да ми помогне со станот, остана зашто надвор зимата убиваше животинчиња и бездомници и зашто сакаше да испуши уште една. И уште една. Секогаш останувал од глупави причини, секогаш заспиваме по фотељи...
- 16 коментари
- Повеќе
- 1485 читања
Порака од чуварите до предавниците
Најавената жешка политичка есен, се претвори во две работи?!
Првата е комплетната разгологазеност на Брисел, која се покажа во своето вистинско фашизоидно, нетолерантно, хомосексуално, елитистичко лице. Брисел им се испосра на Повелбата за човекови права, законите на меѓународното право, принципите на Обединетите нации, насоките и резолуциите на Советот за безбедност на ООН, и купишта меѓународно верификувани обврски, правила, закони...
- 5 коментари
- Повеќе
- 1383 читања
Исус на пегла
Една жена во САД го видела ликот на Исус на нејзината пегла. Мери Џо Коуди прв пат го видела ликот вчера кога влегла во собата на ќерка и. Кафеавата флека на дното на пеглата личи на маж со долга коса. Коуди за весникот "Игл трибјун" изјави дека се надева дека нејзината приказна ќе ги инспирира и другите луѓе за време на празниците. Таа додава дека планира да ја чува пеглата во плакар и да си купи нова
- 16 коментари
- Повеќе
- 1640 читања
Груевски размислува за оставка
Оставка од премиерската функција е една од варијантите која ја разгледува македонскиот премиер Никола Груевски со неговата екипа, како форма на бегање од одговорноста за промената на името на Македонија.
Вака информираат за веб порталот журнал западни дипломати во Скопје кои инсистираат да останат анонимни.
Според нив, соочен со голем притисок за да се согласи со промена на името, Груевски ја разгледува можноста за оставка од премиерската функција, меѓутоа да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
- 4 коментари
- Повеќе
- 1256 читања
Маскирани џандари снимаат прекршоци
Камери на „ловците“ побрзи од возачите
Екипа на „Дневник“ беше во патрола со полициски тим од автомобилите-пресретнувачи опремени со радар-камери, па се увери дека сообраќајците во главниот град имаат преполни раце работа
Не сум крив, жими мајка не возев брзо, само со 60 километри на час. Видов дека има автомобил зад мене, ама не знаев дека е полиција!
Вака возач од Куманово ја убедуваше сообраќајната патрола, која со камера монтирана во необележен автомобил го улови како вози со 78 километри на час наместо со дозволената брзина помала од 60 километри на час, завчера во скопската населбата Автокоманда.
- 18 коментари
- Повеќе
- 1791 читања
Општина Бутел
Dear co-citizens and others why viewed this pages,
I’m honor do you presents Web pages of Municipality of Butel. This is one of ten municipality of City Skopje, capital of Republic of Macedonia. Municipality have 36 514 habitants, majority of peoples is Macedonian and have most ethnics minority (Albanian, Turks, Serbs, Montenegrins, Boshnjaks, Rom, Valhi and others).
This Web pages I presents first time and their bee my satisfaction of first mayor of Municipality. March 16, 2005.
My primary principal is excellent Municipality and good satisfaction of people.
Information below and next of pages presents my Municipality and peoples, history, industry, tourisms, projects, infrastructure, urbanism and communal services, statistics, financial report of municipality and many more…
- 2 коментари
- Повеќе
- 1177 читања

Последни коментари
пред 1 ден 25 мин
пред 1 ден 2 часа
пред 1 ден 11 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 4 дена 10 часа
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 2 недели 4 дена