Блогот на PetarK
Индија 04: 1800 денари за кино???
Испратено од PetarK на 28 август, 2005 - 22:05Никако да седнам да напишам некои од подолгите работи, ама само за илустрација колку филмовите се голема работа во Индија: за некој филм, картите за првиот ден на прикажување се шиткале на црно за 1800 денари, што ќе му дојде некои 10 пати повеќе од цена на билет во пристојно кино. ДЕСЕТ пати за да видиш филм ден два порано!!!
Филмската индустрија е толку развиена, што ми имаат кажано дека ако на телевизија видиш песна со вистински спот (значи не е од некој филм) тогаш песната веројатно е од Пакистан. :)
- Додај нов коментар
- Повеќе
- 1954 читања
Индија 03: Индира и демократијата
Испратено од PetarK на 8 август, 2005 - 20:44Не знам колку Баграши знаат дека Индија е прилично демократска земја со прилична слобода на печатот. Мене тоа најочигледно ми стана од односот кон „животот и делото“ на Индира Ганди.
Јес дека нам ни сервираа од политички причини (неврзаните, кои патем тука никој не ги споменува) розова слика за Индира Ганди, но таа и има постигнато работи кои се ценат во Индија. Ако ништо друго, пар години по настаните за кои ќе пишувам, таа била повторно избрана за премиер, па син и и беше премиер (во Индија секогаш во весниците пишуваат за чиј син/ќерка е текстот :) ), а сега снаа и е лидер на владеачката партија во Индија. Индира Ганди има направено многу реформи во земјата, ги има одјебувано Американците, и конечно има загинато во атентат.
- 7 коментари
- Повеќе
- 1970 читања
Индија 02: Чомбе прашува, јас одговарам
Испратено од PetarK на 4 август, 2005 - 21:12Од коментарите на првиот пост. Цените ќе ги кажувам во рупии, бидејќи 1 рупија е 1,2 денари, значи слично. Инаку за плата, жена што ја сече тревата со ножици на кампусот зема 100 рупии дневно, градежен инженер може и само 7-8000 месечно, комјутерџии мислам дека тука почнуваат со 13000 (со тоа што ти гарантираат кога тогаш одење во странство со други дневници) и одат и над наши плати. Значи мнозинството земаат помалку до многу помалку од кај нас, ама имаш и струки како ИТ каде што е подобро. Постојано сретнувам Индијци кои се вратиле од С. Америка и Европа и сега работат за големиве индиски фирми.
- 2 коментари
- Повеќе
- 2060 читања
Индија 01 - вовед и пиење вода
Испратено од PetarK на 2 август, 2005 - 11:35Ова е како вовед со правни забелешки за цртичките за Индија што ќе ги пуштам од сега па додека да ми здосади.
Јас летово го минувам во Бангалор, во Силициумската долина на Индија. Тука сум на МБА пракса во една од најголемите и најценети индиски ИТ фирми. На Багра ќе пишувам за интересни работи што ги забележувам тука. Нема многу (или воопшто) да се обидувам да давам подлабоко толкување на работите, а исто нема многу многу и за фирмата да коментирам. Сепак ќе се трудам да не пуштам ист тип на блуткави информации што ги имаше во туристичките емисии што А1 ги купуваше на времето, а можеби уште го прави тоа. :)
- 10 коментари
- Повеќе
- 2563 читања

Последни коментари
пред 22 часа 25 мин
пред 1 ден 55 мин
пред 1 ден 9 часа
пред 2 дена 14 часа
пред 2 дена 14 часа
пред 4 дена 8 часа
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 2 недели 4 дена