Багра
Притворен незадоволниот информатичар кој штрајкуваше со глад?
Испратено од miopa на 26 мај, 2011 - 15:26
Дегенерирани елити политичари банкари паразити… намерно го уништуваат општеството за да земат контрола над народот и ресурсите.
Тие се организирани и координирани имаат планови стратегии бази податоци… водени се од алчност корумпираност егоцентризам
Но обичните луѓе се повеќе и вистината и правдата се на нивна страна, треба исто така да се организираат и борат, за себе за другите за општеството…
Ова е цитат од ѕидот https://www.facebook.com/pages/Hunger-Strike-as-Resistance-Штрајк-со-глад/228157193864723?sk=wall на facebook страната на Ивица Георгиевски и неговиот штрајк со глад кој трае веќе 10 дена.
Во обид да му се чуе гласот против неправдата, опресијата и невработеноста, тој вели и дека го хакирал и срушил сајтот на Минестерството на Правда. Од видеото https://www.youtube.com/watch?v=W3VH1PiG7jA објавено на неговиот youtube канал не може да се заклучи дали ова е вистина, но добивме информации дека полицијата веќе побрзала да го уапси.
По се изгледа дека обидот беше успешен, бидејќи веста беше објавена на страниците на Нетпрес http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=86917&kategorija=1 и допре до пошироката јавност.
Погледнете го и блогот на Ивица https://igprogram.wordpress.com/
колку ја сакате македонската музика
Испратено од radio-vmro на 13 јули, 2010 - 10:23колку ја сакат младите македонската музика
да си ја сакаме македонија исто така и македонската музика
кој сака да слауша македонска музика
линк од радио вмро
http://www.vmro-makedonija.wb3.de
доколку сакате да слушате македонска музика
треба првен да исталирате ова
- 1 коментар
- 93 читања
радио вмро македонија
секогас со вас радио вмро макеоднија
кој за вас емитува македонска музика
радио вмро и радио шат
- 4 коментари
- 850 читања
Одличен клип за корените на глобалната економска криза (преземено од www.on.net.mk)
Испратено од DJRadovan на 7 јули, 2010 - 11:42Кој не го видел, еве ви прилика: http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=E7129F275992C54B84EE18EC310CA184
Капитализам или не?
- 11 коментари
- 213 читања
Сон
Испратено од PLAYLIFE на 15 февруари, 2010 - 22:16 Иритирачкиот звук на алармот ме разбуди. Со едно отворено око проверувам каде сум. Истиот ѕид, истиот прозор. Истото парче небо оградено со згради и гранки кои го сечат. Мрзеливо станав.
Го пробав кафето, немаше вкус, го пробав тостот, ниту шунката ниту кашкавалот не ме мотивираа да продолжам да јадам, па тука заврши мојот појадок. Станав се облеков набрзина и трчајќи влегов во автобусот.
Обичен пролетен ден. Свеж воздух ми ги полнеше градите а сонцето срамежливо се појави на хоризонтот. Следната автобуска станица беше пред паркот. Без некаква причина се симнав од автобусот и тргнав накај паркот. Се јавив на работа дека денес нема да одам. Ја раскопчав кошулата и зедов длабок здив, ми годеше. Шетав како да знам каде одам, ама само се преправав. Видов ливада која сонцето само што почна да ја открива, па ми изгледаше важно да го гледам тој чин. Легнав и зјапав во небото, обидувајќи се да најдам поврзаност помеѓу облаците, зошто и како се движат. Уживав во безредието на облаците и топлината на сонцето.
- 12 коментари
- Повеќе
- 686 читања
Среќна Нова 2010 Година!
Испратено од Муцко на 31 декември, 2009 - 22:17






- 2 коментари
- 1214 читања
Перспективи 2
Испратено од Tapa user на 26 декември, 2009 - 19:17Се случи пред неколку дена. Вторникот вечерта. Како оттогаш да поминал еден месец. Немам дупки во памтењето, скоро и да не пиев, повеќе се временски криви – моменти траеја со часови, цели денови, потоа бордо темнина со мирис на омекнувач и секс. Уште ја осеќам, до толку ми беше досадно.
Забавата заврши доцна, околу 3. Вечна седенка со вечните лица, досадни. Останавме со Анка и Станка, тројцата, почнаа повторно да го тупат по којзнае кај пат слабостите и глупостите на „другите“. Кончено осетив малку тишина, и двете ги подмешнуваа чашите, небаре вежбаат ватерполо со мушички. Анка пак закука како никој не ја сака. Стана да си оди, а мене ме мрзеше со прст да мрднам дека надвор ладно, а знаев дека оваа ќе ме тера да и помагам да раскрева, па палев цигара една за друга, чекав да и се приспие да не се малтретирам и да си одам. Стално праам така. Стандард финта.
- 18 коментари
- Повеќе
- 1461 читања
Владата на РМ страјкс аген! Дрогите на тапет!
Испратено од цепе на 9 декември, 2009 - 12:06Се надевам сте ги виделе најновите пропагандни клипови на владата на РМ. Во нив се прикажани опасностите од користење на дрога и последиците кои ги носат истите. Филмовите се базирани 150% на факти и повеќегодишни истражувања. Трошоците за нивна изработка отприлика заедно чинеле колку Аватар на Џејмс Камерон. За што се работи? Погледнете:
http://www.youtube.com/watch?v=fD6WSk_lhQ8
http://www.youtube.com/watch?v=4eD9D9XtGLo&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=j-QKRa5h32s&feature=related
- 20 коментари
- Повеќе
- 1906 читања
Роза за откинатата Роза
Испратено од Муцко на 3 декември, 2009 - 20:54Сите ние луѓево сме различни, но меѓу нас има и некои што се многу поразлични од другите. Мнозинството „нормални“ луѓе најчесто забораваат на оние кои што не се такви, на оние што се хендикепирани. Да се потсетиме на нив барем денеска, на Светскиот ден на хендикепираните.
- 2 коментари
- Повеќе
- 1085 читања
ВОЈНА...
Испратено од Mentor на 30 ноември, 2009 - 16:45Читам во денешно Време , во рубриката Хроника (ми вика сервис анавејлабл, неможам да ставам линк) за маките што си ги имале возачите од велосипедистите. Текстот напишан од новинар/ка, лаик за велосипедизам во секој случај, но барем е пробано да се даде опис на проблемот од сите засегнати страни. Проблемот е всушност многу едноставен. Тотално немање врска од страна на градските власти за конкретнава проблематика, натамошно поставување и одбележување на „велосипедски патеки“ без да се направи конкретна анализа и консултација со одредени експерти за вистинско решавање на проблемов.
- 8 коментари
- Повеќе
- 1172 читања

Последни коментари
пред 22 часа 25 мин
пред 1 ден 55 мин
пред 1 ден 9 часа
пред 2 дена 14 часа
пред 2 дена 14 часа
пред 4 дена 8 часа
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 2 недели 4 дена